Сакам да кажам дека не знаев дека срцката знаел колку е популарен на Балканов и дека имал лани 2 концерти во Србија . Па уште и дека Victor Elias (Gille) бил со него и дека е пијанист . Срцки . Па имало и српска верзија на „Серанови“ - „Синђелићи“ : Којзнае во кој свет живеам што сега го дознавам ова .
со срце го чекам тој ден кога ке заврши оваа епидемија и кога ке биде се по старо ако сум жива до тогаш
Аман со овој карантинот веќе. Едвај чекам да помине веќе и се да се врати во нормала. Да си пијам кафе со другарките низ Скопје, да се журкам, да одам на шопинг Ова ме убива Ко преживи, прича че.
Два или три пати досега, налетав на различни постови во Фејсбук групи каде што вредни домаќинки (ај така да ги наречам) ставиле вакви слики и прашуваат дали на некој друг му се случило истото и што може да значи ова шаренило на јајцето. Бива ли бе до толку?
Денот беше убав се додека не се исеков. Едвај ја сопрев крвта. Вие арни, убави? Бтв, колку убаво ми испаднаа јајцата и бурекот, спремна сум за мажачка, понуди во лп.
На некои карантинов ептен лошо им влијае а се одразува дури и тука. Тешко на оние кои се затворени дома со нив. На.форумџиите лесно им е, ќе прерипаат пост и мир.Ама оние дома за жалење се.
Од сабајле, само еден видов со куче. Толку е тивко во населба, една кола не помина на илинденска и искрено се чуствувам како да сум во природа. Кај нас ретко е толку тивко да слушаш како пеат птици