За Маќедонија Поќе слобода имаат кучињата отколку едно бебе со своите родители. Мислам дека добро ќе напраат и за родителите на сите деца, без разлика која возраст сте, да им дадат слобода да можат да прошетаат со своите најсакани
Ајде нека им дадат на сите слобода и ќе се влечеме со месеци. Како и да е и да им дадст не е убаво затоа што и тие можат да бидат заболени и да си пренесуваат, нели?
Реално, во мат позиција сме. Надвор не. Дома да. Но и од дома седење можат да излезат проблеми, психички.
Па поитно е за кучињата можда пошто тие мора да се изнесат надвор за да вршат физиолошка потреба, на пример. Вклучете малце и логика понекогаш, не мора одма генерички споредби и жалопојки...
Сакам да кажам дека пак станав баба. На барем четири мачиња. Не сум сигурна ептен темно беше и неќев да ја вознемирвам и мислам дека опипав четири различни мачиња. Едно бело со црни дамки. Едно црно со бели дамки и две шарени. Бујрумте на мекици, шодаречамдруго (иако во мој крај не е традиција да се прават мекици за бебе, барем кај луѓето кои ги познавам, ама то е една традиција шо ми се допаѓа и ја „украдив“ откако пробав мекица и ми се бендиса).
Кучињата имаат физиолошки потреби. Да не се стегаат дома. Мојот в двор не врши потреба, а ете ќе речиш надвор живеј. Знајш дека ако се успијам квичи да го изнесам надвор? Пак ќе речам, живеј во дворот. Нема да го карам ако изврши нужда в двор ако јас се успијам и ако целосно вината е на мене. Не дека го учев в двор да не врши нужда или дека го карав. Скроз на него е дека неќи шо е единствена позитивна работа шо ја прај оти чист зијан е за се останато. Ама тој посекако ќе се стега и зато аларми си местам да не се успијам. А заспивам со апчиња за спиење, за споредба. Сега замисли како е на тие кои се во стан и кои целосно се потпираат на тие две излегувања од дома, буквално околу зграда шо се вели само смеат колку физиолошки потреби да обават, не е то некаква си прошетка. Аман не претервајте за вакви работи. И дете надвор да врешеше физиолошки потреби, ќе имаше два пати по пол сат за та намена. Жалопојќи, арно рече @Someonespecial и апсолутно непотреби споредби. Али знам дека секогаш се прат непотребни споредби, се имам „олеснато“ на та тема.
Живеам во стан, терасата ми е мала и едвај сонце излегува. Празник е, не мислам да дебатирам. Поздрав
Не спомна ти анксиозност или депресија во првиот пост, туку изнесување бебиња/деца наспроти кучиња за кои е посебно дозволено. На тоа мислев, бесмислен ми е муабетов, особено кога му се дава длабочина дека вредностите се изместени бла бла, а само практична е разликата. Не ни ги извртувај зборовите...
Христос воскресе! За многу години да нѝ е овој најголем и најрадосен празник христијани! Ви посакувам сѐ најубаво на вас и вашите најмили, здравје пред сѐ и среќа. Да нѐ чува Господ од зло.Сите! И во ова време, а и секогаш! Како Господ никој не е Исус се избори со смртта, ќе се избориме и ние со се!Нѐ чува и нѐ пази.