Христос Воскресе, навистина воскресе. Среќни празници. Ви посакувам здравје, среќа, љубов, пари. Чувајте се. Добра ноќ.
Американската воена единица има изготвено квалитетен милитарен план за менаџирање во случај на можна зомби апокалипса, ама затоа нема за ставање зараза под контрола на било каков начин. Во прилог оставам интереснен графички приказ, кој вреди да се погледне до крај, апропо горе споменатата паралела. Ќе ве замисли, иако е само sci-fi идеја. Објавено пред неколку месеци.
Христос Воскресна Ви посакувам среќни празници на сите, љубов, среќа и здравје и да го пребродиме овој тежок период сите заедно.
Христос воскресе, навистине воскресе! За многу години денешниов ден, најсеветиот од сите христијански празници. И честити имендени на сите кои носат имиња кои произлегуваат од зборот воскресение. Во црква свеќа не запалив ама затоа на балкон светеше.
Христос воскресе , навистина воскресе ! За многу години да е празников , да се слави името Божјо . Иако годинава на малку невообичаен начин , сепак важни се мислите , нели ? Јас кај мајка на гости , Христовото воскресение го дочекавме во двор со свеќи и јајце црвено во рака . Си честитавме , се искршкавме , ќерка го преспа ама простено и е . Се измори и таа , станата од 7 и 30 наутро , роденден и беше денес ( т . е . вчера , во согласност со часовникот ) , па се измори малото човече и заспа некаде околу 22 часот . Јас на сите по дома им ги искршив јајцата , па се пошегував со мајка ми дека ми дала дрвено јајце по грешка ( моето секако нечепнато остана , а мајка ми го избра место мене , и ми го подаде , дека мене далеку ми беа малку ) .. Како и да е , Христовото воскресение нека ви донесе мир и слога во домовите и на сите на помош да ни е !
Со баба кога зборувам на тел во рок од неколку минути илјада теми менува. Не знам како успева ама ете има некој природен талент да наметнува теми за разговор. Пример, кажуваше дека многу сакала Филипче да го слуша, ама сега се изнервирала зошто бил во притвор. Прво се зачудив каков притвор, ама ми текна дека за изолација зборува, па и објаснувам дека е во самоизлоација, на што таа враќа: -Самоизолација? Ете гледаш дека тој има моќ сам да се изолира за да се заштити од короЛа а обичниот народ во карантини по болници го носат. И ајде од тој разговор преминува на: - Кога ќе излезам да прошетам прво ќе ви се јавам да знаете каде сум, за ако умрам некаде одма да ме најдете. Стара сум и не е чудно да умрам, туку неќам сега со вирусов да ве плашам, нема луѓе да дојдат. Ич не се плашам за мене, немој да плачете. Ќе ви кажам и парите кај ги кријам... И викам да прекине со такви муабети, а таа одма менува тема: - Инаку пред некое време ти купив тенџериња за свадба. Не му кажувај на татко ти пошто ќе се налути, ама 200 евра дадов. Јас и викам каква свадба, какви бакрачи, па и уште 200 евра, а таа ми вика за секој слчај си подготвила поклон. Па додава: -Што чекате уште? Ете се знаете какви сте, сигурно се имате пробано и знаеш дали ти одговара калапот, а не ние порано после свадба легнувавме и по темница покриени, ни тој да ме види, ни ја него. Прости сме биле. Јас поцрвенета: -Бабо маа... Таа: -Е што бабо? Милиш татко ти штркот го донесе? Мислиш порано не правевме срамни работи откако ќе заспијат децата? Бевме млади и крвта ни вриеше ко сега вас...Едвај чекавме прилика да сме сами за да...знаеш... Јас: -Ок бабо ок, фала за тенџерињата. Таа: -Е така. Убаво си напраивме муабет, еве серијата ми почна чао. (ми иск. не чека да и речам чао). Порано ме нервираше со некои муабети, а сега воопшто не. Како поминува времево свесна сум дека стареат двете баби, па сакам што е можно повеќе време да им посветам дали на телефон дали во живо. Души се п.с. Среќен празник. Здравје и љубов кај сите
На Бога камења не сме фрлале, од други повеќе не сме грешеле. Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа живееме. Среќен празник на сите. И на тие што го славите; и на тие што не го славите; и на тие што сте тука со нас на овој свет; и на тие што прерано не напуштивте
Христос Воскресна!! Ви посакувам многу здравје, среќа, љубов и се најубаво во животот❤️ За многу години Велигден❤️
Само кај нас во Берово изгледа Христос воскреснува 2 саати после Скопје ах бе Берово златно, знаев дека сте марсовци ама до толку..
Па и да спомнала анксиозност и депресија, голем ташак. Ако некој има дијагноза не значи дела е у право, дека е добар човек и дека треба да му ќутиме. Може е само очајник за внимание и тапшање рамо, пропаднат у самосожалување и себичност, кој не му е јасно дека луѓето си имаат свој живот, и не е он истиот центар и у нив, и има уште некоја дијагноза али не си ја кажува тука. Сеедно, шо и да кажам ќе скокате тука. Од сеа ќе пишам на крај дека иам депресија и анкс, па може поише ќе ме тапшате.
Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Од вакви мамини синчиња не можеме да одеме напред. Сакам јас да им се погодам да им бидам сопруга на ваквите, за паметот да им го дотерам. Се уште живеат во 18-19 век, за жал.
Убав ден денес да се разбуди носталгијата во мене. Случајно налетав на видеово и чудно е тоа како една песна може да те потсети на моментот како си се чувстувал тогаш кога си се ''убивал'' од слушање на истата. Уживајте во time travel машинава
Комшијата излегол на тераса и пее, не забавува со жива музика нас од улицата, колку ни е забавно. Млад и добар дечко и пријател. Браво за идејата. Кога ќе помине сето ова има да го изгушкам.