Христос воскресе,навистина воскресе! Бог да не благослови сите! Денес на најубавиот христијански празник срцето ме боли,од очите солзи капат што неможам да бидам со моето семејство ,и што таткоми не е со нас повеќе ...Бог нека ми те чува тактичко мој душо моја еден ден пак ќе се сретнеме ... Имајте убав ден со вашите сакани некој копнее за тоа.
Минатата година за Велигден кога бев во болница, со мене беше еден човек во години, некаде колку татко ми, со кој многу се поврзавме додека престојувавме таму. Типичен македонски селски човек беше, за разлика од луѓето со кои сум опкружен цел живот. Имаше топло срце и ме гледаше како син таму додека поминував низ болките. Дури на крај и се расплака кога ме гушна и се збогувавме. За прв пат во живот сведочев на таков момент. На момент со личност која ја знаеш две недели. Од тогаш останавме во контакт и се слушаме телефонски од време на време оти човекот нема интернет и живее во планинско селце, за кое секогаш ми зборувал, и за убавината која го обиколува. Денес му се јавив, да му го честитам празникот. Направивме муабет, ми се пофали дека за празникот му дошле децата со внуците. Ставиле масите надвор во тревата, пуштиле музика, распалиле скарите и си го празнуваат празникот уз храна и вино. Како што кажа, немале таму полициски час, немало полиција, немало ни луѓе. Кога го слушам колку е радосен што не е сам на овој ден и е опкружен со фамилијата сфаќам колку е малку потребно за среќа. А, баш тоа малкуто го земаме здраво за готово... Нека заврши ситуацијава, ќе го посетам еден ден, да му го видам тоа малиот рај богу иза леџа.
Се сеќавам кога пишуваше лани за човекот од болница. Уште оттогаш го замислив како прекрасно човече. Мило ми е што е среќен. И да го посетиш!
Ми значи кога ќе слушнам пофалба за добро завршена работа, кога знам дека е искрена. Уште помотивирана сум да продолжам, и покрај сите пречки и тешкотии. Ако има желба и идеја, натаму работата е полесна
Во скоро 99% од македонските филмови има многу голотија, секс, пцовки, пиење и насилство. Скоро и да нема некој нормален филм кој може на раат да го гледа цело семејство без да стане незгодно. Ретко гледам тв, ама претежно пуштени се странски канали, па така прееска татко ми вика де бе само странски филмови гледаш, пушти малку наши. И нему му кажувам дека нема нормални филмови, ама викам смени и ако најдеш наш филм остави го. Зема, менува канали и го најде До Балчак. Вика еве гледај убав филм. Во истата минута почнаа на екран да скокаат голи мажи. Почнаа пениси на сите страни да летаат....скокаа ли скокаа такви скорз голи. И татко ми почна да се смее. Епа вика таква е сцената. Па да, за жал во секој филм има тави сцени со голотија и тоа во поголем дел непотребно. Посебно филмовите на Манчевски се неразбирливи, збунувачки, измешни и ако нема гола цицка тоа не е филм. Пред некое време го гледавме Сенки. Имаше повеќе пати секс сцени, а еднаш дури и тројка. Дечко легнат, а две девојки се лапаат над него додека едната му меша на пенис. Порно ли гледам, мистерија ли гледам. Сите бевме пред тв, па да не знаеш дали да станеш и вода да пиеш, или да седиш храбро демек веќе си возрасна и да гледаш во екран додека тие се скроз голи. После Врба играше...Повеќе пати имаат секс и актерката е скроз гола, во Мајки Ана Стојановска е гола, во Трето полувреме Катарина е гола и тн... И после слушаш: -Е дека се наши одма ги критикувате, секогаш туѓото е подобро....па искрено да. Не мора БУКВАЛНО во секој филм да има секс и голи жени, ама со слаб македонски буџет каков филм да очекуваме? Освен со комити и војводи или еден куп голотии, друг жанр не постои.
Па што ако има голотии? Во Врба според мене има малку, а филмот мене ми е предобар. Исто така и Трето полувреме. Филмови се со приказна и со порака добра. Исто така и Џган. Моќна приказна. Јас обожавам многу македонски филмови и стварно ми се предобри и ги гледам по 100пати А ако повеќето се од ист режисер, негово право дали ќе бидат со иста или слична содржина
Па ти читаш што пишувам или колку да коментираш нешто? Како па што ако има голотија во секој филм? Тоа нормално е за една држава? Во ред е секој филм да биде во стил на порнич? Со цицки и пениси? Ок тогаш, ич не ми одговарај. Гледај си ги и уште по 100 пати ако сакаш.
Истото го коментиравме и дома. Ниеден македонски филм не ни задржал внимание да го гледаме. Толку се тапа и досадни, сите личат едни на други, тоа чудо нешто.
Па ти од овие што ги наброја неколку се на Милчо Манчевски, значи тоа е негов стил и сама кажа така да тоа не е одлика на држава, туку на него . Сеа ние што имаме малку филмови па и тоа што малку го имаме одма го генерализирате,тоа е друг проблем. И чил малце, само искоментирав на твоето мислење.
Никаде не пишав дека сум го запаметила само тоа, туку дека истото не е рецепт за добар филм. Ама океј, не секој може да процени.
Па каде прочита јас да имам пишано дека тоа е рецептот за добар филм? Јас кажав конкретно дека Врба нема многу и дека според мене има добра порака
Најлошо е што македонскиот народ е сунѓер кога станува збор за нешто што се емитува на телевизија. Така да, кога би било до мене, филм со елементите што ги наброја Џоли, не би дозволил да се емитува.
Џолке државата не е режисер па да биде нормално за неа или не, тоа е до оној што го смислил филмот. Имаме квалитетни филмови ама се сложувам со делот дека не се баш фемили френдли Нареден пат сама гледај Гот прва епизода го глеав со цела фамилија , после останатите епизоди не дозволив никој да има со мене
Истото го коментирав вчера за македонските филмови. Да не може човек фамилијарно да ги гледа. Иако да, претежно тие на Манчевски се филмовите со лош вулгарен речник на актерите и непотрбно прикажување секс. А реално, не се само македонските филмови такви. Од толку многу филмови што имам гледано воопшто, малку се тие со пристојно сценарио и без голотија и секс. Некаде помалку, некаде повеќе. Затоа веќе одамна не гледам филмови на тв туку сама на лаптоп. Си пушташ нешто фино ама не знаеш на што ќе наидеш.
Ко бев мала цел Велигден пуштаа филмови за Исус и за Мојсеј, денешниве деца за Велигден гледаат малолетни деликвенти и силувачи во Џган лол Се променија времињата
Денес ми е роденден. Дома сум, кучињата околу мене, маж ми до мене, блиските на камера, дишам од утрово, буквално. Почастете се од мене и напијте се . за мене.