СДК дека револтот повторно се разбуди во мене Зошто се' уште се користи 'посилен пол' кога станува збор за мажи? Израз што се користел за време на камено доба кога жената само собирала овошки, а мажов ловел дивеч, израз што се користел за време на тотално непочитување на жената и нејзините права. Постојат толку жени што се посилни психо-физички од маживе моментално и постојат толку мажи понежни од жените ( пошто нели, ние сме понежниот пол).
Манчевски е сексист. Ама увиен во модерна уметничка форма. На неговите филмски сценира доминира голо женско тело. Зошто? - Бидејќи маркетинг, логично. Што продава добри сексуални услуги, парфеми и гаќички истовремено? Женско тело, афкорс. Во филм што да имплементираш а да фати око на гледач? Жени и секс. Многумина го гледаат само и ради тоа, зошто купува на македонска голотија, не квалитет.. Содржински последниве филмови и не му се којзнае што. Особено Врба и Мајки. Скроз чудни случувања, кои порано можеа да поминат со оправдување како абстрактно уметнички, но како минува времето се гледа дека губи сенс за било каква абстракција. Мистериозен филм може да носи во себе сексуален набој, и физички и психолошки. Дава еротски тон - ако е тоа целта на режисерисерот. Ама мистериозен! Не комедија, не акција. Секаде ебавање не е потребно. Ако си строго одреден за жанр еротика ондак бави се со тоа (немам ништо против), ќе гледам. Ама биди директен и дециден при опис. Милчо е изгубен вештачки уметник во своето време, тоа е заклучокот. Тој шарм и строгост се само тоа..cover за нестручност.
Вчера гледав емисија... Тема: Насилство Водителката: Кога последен пат ве тепал мажот? Жената: Пред некој ден затоа што не направив ручек. Водителката: Мислите дека е во ред да ве тепа за тоа? Жената: Па не ама жената треба да го слуша мажот. Во истата емисија, друг маж, друго семејство: -Жената треба да ја тепаш за да те слуша. Како тепаш куче или маче и потоа тоа те слуша така треба и жената да биде тепана. Кога гледав останав без коментар. Жално е што постојат вакви луѓе. Сите да бидат казнети!
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3666053540076440&id=100000154913140 Десетина полицајци и марица за дечко со мало кутренце, кој очигледно за безмозочнава багра од основци во униформа, е многу поголема опасност за јавното здравје и околина, отколку 200те Албанци од Ченто од пред недела дена, на кои што уште фалеше да им го издудлаат. Да ви се плукнам и у значката и у заклетвата и у животите.
Еден сат го слушав ова и неверојатно колку ми ги промени мислите и расположението на подобро, од сабајле бедно и депресивно се осеќав ко крај на светот да е.
@MarigoldA, мене па ми носи некако меланхолично расположение Изгледа е субјективно... Јас кога не сум расположена, само ептен весела музика ме оправа, нешто со ритам
И мене. Првите 15 минути не допреа до мене, ама трпеливо слушав си реков ќе му дадам шанса. Носталгија и тага ми буди некоја, ама подолго ако слушам пријатна ми станува. Не можам да доловам со зборови, некако како да ме враќа во детството и ме потсеќа на што останало во мене од него. Како да трагам со мисли во некои бесконечни места за да најдам мир. Барав нешто и прва ми излезе пошто e live видео сега баш за карантинска намена. Еве уште две, порано учев со ваква музика, а од Yiruma имам цел албум в компјутер, повесели се неговите. Иако, некако повеќе ми се допаѓаат композиции со елементи на тага, што потсеќаат на минато, некако "повистински" ми се, поблиски.
Многу е важно со нога да се затвори вратата,да се направи да изгледа дека се работи нешто. Додека тој другиот невиниот со живо битие во рака држи дистанца од 3 метри чека да се отворат вратите за да влезе. Сам влезе,ниту се противи нешто. Другиве во врат му дишеа. Секаква раја ни ја претставува полицијата.
@MarigoldA, во право си, ваква музика е идеална за учење, пишување, работа Кога оди во позадина, тивко, на слушалки, навистина ми помага со концентрацијата. Блокира секакви звуци од околината. Ми помага да го задржам фокусот со часови. Еве нешто и од мене
Прво нешто што ќе направам кога ќе отворат кафиќи ќе биде тоа што ќе му отидам на диџејот ќе му ја барам песнава и има да се тријам од маси да надокнадам за сето време што испоцркав дома
Цигариве ми ги поскапеле. 5 денари не се многу де.Бар нема по 5ки да собирам.Ама сеа ли се поскапуваат цигари. Нормални ли се 85 беа сеа до 100ка рипнаа.
Толку сум станала рамнодушна што веќе ништо не ме радува У живот ако се фатам за нешто ќе се исуши, со некој ако се зближам ќе го снема и се така во круг
Смрдливата бубачка не треба да се брка од дома/куќа, бидејќи таа носи пари. Ако ја исфрлите, фрлате и пари. Па што да им правам? Да ги ранам ли?