Ете така, се прибрав дома. Доста беше шопинг во New Yorker , туку од понеделник ќе биде јако, задолжително носење маска. Па затоа фино лепо бев до аптека и тоа не во било која, си имам јас омилена аптека со мотивирачко име и си зедов 2 маски и сега може да си свиркам. Ај да ве читам сега , уствари не....ај ќе одам во делот форумски игри, ми се муабети
Многу ми е мило што Здрава Телевизија повторно се емитува на кабловска - повеќе од потребен канал во вакви времиња!
Овие денови ништо не ми се прави. Така по дома се вртев и не можам да се одлучам што всушност сакам. Едвај се наканив и денес да излезам инаку ќе си спиев. Такс тмурно се осеќам. Си одам накај дома и гледам во една палма. Така убаво градена,секој дел има своја приказна. Палмите покрај море есенва ги исекоа Можеби оваа дека не е покрај море се спаси од острите запци. Добро,не ми оди денес инспирација. Убава е палмава нели
Толку лоши не има на светов. Се уништуваме. Тамо каде што ќе го посееме нашето постоење не трева да израсне туку дури ни едно мало цвеќенце не би пораснало. Каква слика видов денес што ми се згади од секој човек на овој свет. Ми се згади и од добри и од лоши од сите нас.Абе толку лоши сме бе толку лоши не има јас не знамм....Навистина ќе полудам што го делам воздухот со вакви имбецили. Гнаси изгнасани
Они на плажа кога пука сонце мачкаат маргарин или спрејче со едвај 10 фактор, ваму кукаат 5G ќе ни ги спржел мозоците и дека местеле антени во мудата на Букефал и гулабите што им доаѓаат на тераса по трошки. И ваквите имаат право на глас...
Мнооооогу ама баш многу ми е досадно. Сакам да одам на работа, на кафе, на пијачка, на пилатес... го сакам животот пред корона, па дури ми фали и алармот во 6.30 сабајле
Сдк убаво ми е во карантинов оти имаме онлајн настава и предавања за тие што се на факс,значи екстра ми е учењево од дома(вака и да си остане засекогаш) А не ми е убаво оти неможам да си се видам со дечко ми,другарките,па испаѓање навечер по кафичи и мн други работи....
Најинтересен феномен се луѓе кои упорно пред други луѓе тврдат како тие никогаш во ништо не се мешаат, како ништо за друг не зборуваат, како не ги интересирало ништо , цело време се оправдуваат пред други , со самото тоа што сам се браниш уствари се издаваш дека го правиш тоа. Е баш тие таквите се уствари оние кои знаат инфо за тебе, кои потајно зад грб мешаат прсти, кои ти се прават пријателки, а со други пријателки те озборуваат тебе и после таа ќе ти вели , ама знаеш јас за други не зборам, е како не збориш ко ете со мене го прајш муабетот Со такви на дистанца. За жал полно е и на форумот(секоја чест на исклучоци) , ама тоа е реалноста. Глумци на сите страни Туку топло ќе биде денес, а мене прв ден крвава револуција Сакав да споделам едно видео полно со љубов , баш ми ја стопли душата
Имам неколку такви птијателки кои велат јас не сакам оговарање ама на крајот од денот сепак знаат се за секој.
Дебилско и одвратно однесувње е да не сакаш на помалиот/брат сестра да помогнеш околу нешто во кое се разбираш, и тоа само од инат.
@x.Daisy.x , во контекст на муабетот со мотивирачки имиња, да се надоврзам на постот од вчера. Значи , спомнав бев до мојата омилена аптека со мотивирачко име бидејќи озбилно од следна недела мораме со маски како нинџи да шетаме низ град. Денес и наредните 2 дена паузирам од паркови оти премногу крварам , па ќе треба да трчам да барам нужници ( така си ги викам ) А баш сакав да направам мала промена и да прошетам до Кур паркот со мотивирачко име , баш оти ми се изнасмеа @x.Daisy.x фино лепо ќе го посетам паркот штом се стабилизирам. Фала што ме потсети И после ќе се чуди @John Snow оти сум била безобразна на четот, епа на кој што му фали, за тоа збори.