Изгледа дека ретко кој ја цени среќата додека е тука. Секогаш сме во потрага по нешто повеќе. Секогаш нешто не е доволно. А кога тоа ќе го снема, човек сфаќа дека го изгубил целиот свој свет.
Баш ме интересира што прат младиве сили на СДСМ и ВМРО? Ај тоа што се собирате по кафичи на ' состанок' - ај. Ќе однесете донации, секоја чест. Друго? Се сликате до политичариве.
Мислам дека еднаш иам кажано у темава, али here we go again... Поише од луѓе, мразам само глупи луѓе.
Јухууу , ве пуштија од затвор и одма слики на фејсбуци , која нокти правела, која на фризер , еххх Македонијо , нем да не ви пишат минус ако не се чекирате на фејсбук во кој салон сте. Ако бе, средите си се Го знаете она чувство ко ќе ви се собере се во едно и се осеќате напнати ? Епа баш такво чувство ме дрма од сабајле ( крварење, топло ми е и внатрешно и надворешно, кивам, алергија почнува на полен маме и јебем , притисокот ми е паднат , се осеќам уморно, без сила) Ништо, ај да игледам еден филм , па се надевам до после ќе ми се подобри расположението.
Колку е поизвесно пропаѓањето, толку е попараноично однесувањето. Не можам да верувам на колку ниско ниво се спуштаат одредени луѓе. Обидите да се наштети на моето семејство, мотивирани од политичка позадина, во најмала рака се гадни. За жал, луѓето одамна изгубија достоинство. Навистина не разбирам која е користа да се наштети некому, и кое е тоа задоволство. Дно пробиле
После онлајн часовите одам на кафе на бензинска. Значи не можам веќе дома Едно молба... Ако има некој/а од општина Козле, нека ми пиша ДМ, сакам да прашам нешто
По долго натегање решив да читам книга на македонски. Ја отворив првата страница и сфатив дека keyboard место тастатура е преведено синтисајзер. И тогаш ми текна зошто одбегнувам македонски преводи.
Денес бев прв пат после недела и нешто на работа. И вчера вечерта легнав со време да заспијам, ама баш тогаш ме нападнаа разни мисли и глупи прашања. И си викам ајде ќе се сконцентрирам да мислам само на еден облак и само на него да мислам и да го замислувам и ќе ги тргнам сите тие други мисли што не ме оставаа да спијам. И додека го замислував облакот, пак ме нападнаа глупи прашања. Значи се занимавав со облакот, се борев да ги исшутирам другите мисли и во исто време се прашував колку гласови имаме така во себе? И почнав да ги замислувам како смешни човечиња како скокаат да го фатат облакот... Се вртев наваму натаму и никако не можев да заспијам. Облакот веќе го баталив. Почна да ме нервира чукањето на саатот. Станав и ја извадив батеријата. Ама демек со подзамижани очи да не се расонам ептен. Кога треба да станам сабајле за на раб секогаш вечерта ми се дешава циркуз. И вечно сум ненаспана, а да ме праша некој зошто не знам да кажам.
@irrelevant Probably стрес... За кој не си свесна и негираш дека постои бидејќи си навикната. Прашај експерт по тоа прашање - јас. Младиве..вечно болна тема. Во одредени ситуации брилијантни, во други ортома. Одлични во смисол - современи, во чекор со технолошкиот напредок, барањата на пазарот на трудот. Негативни - миЉон. Крајно снобовска генерација, егоцентрична до срж. Со ногата на педала, без етика за туѓ труд, пари, љубов, другарство. Како градска шмизла што те турнува по скали и дур ти вели извини со левата нога ти го прескокнува лешот. Е, до толку. Јас, јас, јас. Моето лице, мојата гардероба, моето тело, мојот дечко!!! Преплавување со ,,своини". Кога себичноста би била поетска хипербола би колабрира на лист хартија, буквално. Компетитивни, гладни за бизмис, отров за околина, токсични за партнер. Никаква љубов, само соголена страст. До гола кожа, со шток и змиска кожа во ас. Е, тоа се генерацииве од 92 до 2002. За пред нас не знам какви сте дечки, ама за оваа временска рамка сум сигурна, и не генерализирам. Кај се родив у времево, универзуму, нема да ти простам до вечност. Успеа бунтовник и хипик во душа како мене да претвориш во поданик на системот. Те лажам, сеуште не си. Self - talk дечки, не се лутете...
Мислиш? Тоа ми се дешава секогаш кога ќе треба да станам следниот ден. Ко на јајца да спијам. Спијам ама не спијам, се замарам. Би требало секогаш кога ќе легнам да го доживувам ова ако се работи за стрес, ама кога сум фри си заспивам како бебенце. А не е и дека одам на место што не сакам да одам, не би требало стрес да ми претставува, 5 год работам таму, не си ја мразам работата, а и за на плажа да треба да станам пак така ќе се замарам. Ако знам дека треба да ме разбуди аларм... Неописливо.
Потсвесна амбиција Рели. Работното место е само по себе предизвик, од тоа ти зависи цела егзистенција.. Сети се како ти беше пред да почнеш на работа, пет години уназад? Што беа тогаш твоите најголеми стравови? Сама ќе си го дадеш одговорот. Телото помни и после неколку години се одмаздува... Често пати знам да кажам, не е до она што треба да го направите и се бара од вас, туку до стравот од failure. Често ирационален, беспричински.
Чоек со лекари и со лекарства да си нема работа. Тој од едно се лечи, тие од друго ќе го разболат и така во круг. Размислете да не сте болежливи зашто редовно одите на лекар.
Последно време како што активно и сериозно фатив да вежбам и се навикнав на друга исхрана, почнав и да гледам колку луѓе навистина грешат и во основни работи околу слабеење и исхрана. Никој не се родил учен за ништо. И искусни фитнес тренери некогаш не знаеле па поминале години во учење. Не секој знае да опише како се одвива метаболизмот на сите соединенија или хормоните кој како делува или зошто некои намирници не се комбинираат едни со други. И јас учам, барем онолку колку треба да знам за себе,па и јас и грешам. Ама не треба да си којзнае колку учен за ова за да знаеш дека 10 кила не се симнуваат за 10 дена., особено кај луѓе со помал број на вишок. Па и со поголем. И да се случи ова, нешто не е во ред со таа личност. Или за да знаеш дека ако не јадеш здраво, некои магични таблети и чаеви купени од незнамтикаде нема магично да те ослабат ако притоа не си активен воопшто. Или за да знаеш дека не треба секој ден да јадеш по малкуцка само колку да не припаднеш за да ослабеш. Или дека не се слабее со земање на лаксативи. Или дека некоја си диета со јаворов сируп е здрава исхрана. А за жал и од медицински лица имам слушано слични глупости. Не е лесно, да бидеме реални. Ама не е ни невозможно. A aко стварно има некој желба, може. Ќе се изморува, ќе го боли, ама на крај ќе вреди. Спорите резултати се подобри од брзите кои не се ни резултати.
Како си замислував дека ќе му се појавам после карантинов VS Како actually ќе се појавам Наздравје нека ми е вечерата .