Морам да бидам трпелива. Тоа што повеќе се чека, повеќе се сака. Го знам тоа од искуство. И овојпат ќе биде така.
Пеијатели честит светиот месец Рамазан и ви посакувам лесен пост, благосостојба и мир во семејствата.
Цела ноќ сонувам како водам крави. Што ми е?! Најтрагично е што беше се многу писфул... и бев среќна со моите кравички. Ова отвара теми за размишљање.
СДК - купив квасец. Незгодно ми беше пак да и пишувам на една од форумџиките тука да ми донесе , осеќам дека ја замарам со моите потреби , па фино лепо отидов во една од продавниците кај што се продаваат банички, кифлички и разни работи од тесто и ја прашувам жената да не им се наоѓа квасец ( оти ми кликна во глава, сигурно имаат во кујна ) и жената испадна фер, ми даде 2 дупли пакетчиња, секако и платив и си заминав. Зш стварно никаде нема во никаков маркет, никаква турска продавница квасец, нема шанси да најдеш, и во вакви времиња мора да се правам чукната па што биде нека биде. За саат време ќе имаме онлајн конференција, ни пишале од работа, па да облечам нешто, нема смисла во пиџами да седам. Да заличам на човек
Леле ќути мене срам ме фати некни кога го гледав До Балчак фамилијарно. И тоа прочитав на статус кај Сашко Коцев кога и на која тв ќе го даваат филмот и решив така сите заедно да го гледаме дома филмот Камо пред да почне филмот да прочитав за содржината на филмот, дека има сцени кои не се за фамилијарно гледање И така на тие неколку сцени стварно мислев дека ќе пропаднам од срам, го вртев погледот, не гледав Ми идеше и да станам, ама сакав да го догледам до крај Абе највеќе ме изнервираа тие што прават категоризација на програмата. Пред да почне филмот дадоа дека е 12+ и цело време си стоеше знакче доле дека е 12+ Апла голотија имаше, оној филм не е за деца, не дека децата не гледаат скришно такви работи, ама ич не е вкусно така сите дома да си го гледаме филмот ко најнормално да е. Не сум дете, не сум малолетна, ама не ми е пријатно со моите да гледам такви сцени. И тоа јас реков да го гледаме филмот Да речеа на почеток 18+ одма ќе се откажев од гледање, немаше ни да го почнам. Вака вртев поглед и се тешев дека е 12+
Не знам од каде произлегува потребата за постојано користење на истата/истиот/истото. На пример: Преземавме мерки и истите се почитуваат. Неправилно, и многу иритира. И акцентирањето, со кое мислат дека звучат поинтелектуално. Не Акцентирајте си нормално.
Слушајќи и читајќи луѓе периодов ми изгледа дека дел ко да сакаат да е лоша ситуацијата со вирусот за да се жалат и да шират негативна енергија. Како да се хранат со глобалната несреќа. “Никогаш нема да биде исто.” “Полошо е од што мислиме.” “Има повеќе мртви ама ги кријат.” “Се ќе се уништи и ќе умреме од глад.” Разбирам дека е тешко, и мене ми е, на сите ни е. Не мора ни фејк оптимизам, само малку осет за луѓето околу.
Денес свечено со кошула и нови патики се чекаше ред пред маркет. Драгане, многу бев* возбудена. *или уште сум? Амбиција на денот.
Некогаш си мислам дека исто како што некои нешта почнале бурно и неочекувано, баш така и ќе завршат. Некогаш и ми е страв од оваа помисла...
Сакам да кажам дека сум во фаза на животот каде многу работи кои не јадев сега ги сакам. Пример овес и сув кокос. После појадок викам на мајка ми дека не можам да дочекам до утре сабајле. Се збуна жената, зошто? Па да појадувам пак. До таму сум стигната каде би јадела овес за појадок, ручек и вечера. И со млеково од ф'стак до сега убедливо најдобро ми испадна. Така да, не можам да дочекам до утре сабајле, за да појадувам.
Колку убав ден Пролет, сонце, време исполнето со омилените активности и работата што за мене значи задоволство
Не сум знаела дека '79то годиште се баби. Ама така да ти било. Зборете после за простотилук. Баби бе, баби!!!
Сдк оти денеска праам генералка дома, испијах кафето со мм саа малко така пауза да испружам нози и продолжувам дек шо сам застанала додек се мирни гирилците.