Ќе фатам и фејсбук ќе избришам и све жими се. Не можам колку е глуп народов, н-е м-о-ж-а-м. Јас разбирам да веруваш во теории на заговор, разбирам да мислиш дека позади секоја масивна случка во светов има некои работи кои не излегуваат на виделина, нормално е тоа. Нормално е да се посомневаш што се се крие зад оваа ситуација и дали има некои играчи во позадина. Ама како бре луѓе, како ви доаѓа онакви глупости да тропате, к-а-к-о. Седнала Славица и пишала дека Бил Гејтс сака неа да ја чипира. Да Славице, изгоре Бил Гејтс да гледа како бараш рецепти за посни кифлици и дека те копка што ќе се случи во новата епизода од некоја серија што ја гледаш. Исто и некој Спасе, што освен њњњ.порнхуб.цом и половниделовиефтино не знае ништо друго седнал да ги декодира најголемите политичари. Бил Гејтс чипови у гз ќе им ставал преку 5G да ги контролира. Не знаат што е 5G, не знаат што е чип, не знаат што е фреквенција, што е зрачење, ама експерти се за тоа како ќе не чипирале. Бил Гејтс бил најголемиот масон што постои, најголемиот злосторник што сака да ни наштети. И ова е испратено од нивен компјутер. Од Мајкрософт. Па земете утепајте се, или фрлете го компјутерот, нели не сакате да ве контролираат. Први се да ги купат најновите телефони за да го потат курот колку се имотни што имаат уреди за да може да се најдат и у Антартик ако ги загинете, ама тие не сакаат да се следени. Златни може во секој момент да се знае што правите. Постои толку усовршена техника на следење на податоци, толку добро направени алгоритми што некој да сака да ве контролира што правите и како, може одма. Ама никој, апсолутно никој не го интересира што порничи гледате, што си пишувате со швалерите и кај се движите. Се дури не сте со план да направите бомба или не знам да хакирате во некои работи кои вас не ве занимаат, немајте гајле. Ич не сте битни за некој вас да ве следи. Кај живеам оф мори мајко мила, што ли сум била во претходен живот овде што сум се родила.
Тие што ви фалеа,фалат во Карантин е,тие да си ги чувате и пазите .Се надевам дека после тешкава борба со Коронава,многу луѓе ке се променат и сватат,дека Светов е прекрасно место за живот,и дека многу повеќе ке се цениме едени со други,и прерасудите ке исчезнат.
Тие се оние кои го користат мозокот единствено за обавување на основните потреби за преживување. Или што вели еден другар, им работи само центарот за рамнотежа колку да можат да стојат простум. Немаат капацитет за повеќе, ниту сакаат да имаат. Се трудам да ги прескокнувам ко ќе налетам на такви коментари од човеколики суштества, оти ме боли глава да ги читам. Одлично напишано. Ова е за статус за споделување јавно.
Само шо отследив пола од луѓето што ги следев на Инстаграм. Се осетив ко генералка да направив. После бев као fuck it, го деактивирав мојот профил. Детоксификација.
СДК , позитив на денот #17 ON TRENDING ( Germany) Колку убаво ги израдува луѓето, посебно оние на кои им даде чек од 10 000 $ и оние кои си добија за поклон автомобил Еххх колку убаво, насмеани фаци , баш ме расположи дур го гледав.
Пред малку ми текна на периодот кога на форумов се добиваа цветчиња според бројот на мислења Иако тогаш не бев активна, само ве читав, и никако не можам да се сетам каков беше дизајнот на форумот тогаш. Имаше и многу квалитетни форумски ликови, што за жал се изгубија Нема баш некоја смисла постов, само си евоцирам спомени
Најјаки ми се оние кои водат некои пусти и сироти странички на фб, па за да имаат кликови мора да пишат нешто шокантно и ексклузивно. Така прееска ми излегува вест: -Анабела кажа дека Луна Џогани има рак. И знаев дека е некое срање пошто едноставно знаеш дека срања пишуваат такви странички, ама ај бе го кликнав насловот. Првата реченицата беше во стилот на: - Анабела влезе во Задруга и и рече на Луна дека има рак и дека не смее да има секс (екскјуз ми?), па Луна поверува и немаше секс. Но после Луна откри дека нема рак (wow), па вечерта со Трајче имаа секс пред милион гледачи и пред своите родители. Кликнете овде да видите како се тресеше креветот. Чекај...извинете...ШТО? Скрипта од шпанска серија ли читаш, есеј на дете од прво одделение читаш? Па дали е могуЌе толку да се глупи овие што пишуваат? И сигурно кога ќе кликнеш на линкот те носи на некоја страница, па ти вика кликни овде, па кликни онде, па одиш на друга страница, па кликни ваму и на крај се појавува нешто вака слично... Ете ја Луна Ете ви од мене еден клик, ама извинете што не кликав понатаму да видам како се тресел креветот и ве блокирав пошто сте глупи. п.с. Задруга уште постои и уште се емитува Кој ли психи ја гледаат со години? п.с.2. Одам очите со сапун да ги мијам
Ако денот по утрото се познава - денов ќе ми биде срање. Станата сум уште од 5 , како и секој ден истиот ритуал пиење чај , па денес за промена пуштив едно видео за медитација кое траеше 20 минути. И таман ќе си помисли човек, колку мирно утро, наеднаш ми се слоши.....да бидам искрена уште ми е лошо. Тоа е тоа чувство пред умирање ( тие кои ме читаат знаат каков проблем си имам со здравјето) Ме фати инает , си велам : абе мораш сама да се смириш , пушти некој клип со животни да ти го оттргне вниманието , стани, измиј се со ладна вода , уклучи се на фемина и за промена напиши како се осеќаш , можеби ќе ти се подобри, ќе ти олесни..... Ама не..... не сака и не сака да ми се подобри Ништо, да се облечам и ќе одам на доктор да ме боцкааат.......очигледно само тоа е спасот за да ми се нормализира дишењето Ако умрам некогаш ненадејно, тоа ќе биде од ова моја состојба која како од ведро небо знае да ме нападне Уффф да тибам глупото чувство
Првата работа што ќе ја направам после оваа пандемија е таа што ќе одам во шопинг и ќе пијам кафе покрај море. Ми недостасува тоа,афродизијак ми е. Едвај чекам
Сакам да кажам дека никогаш не сакав путер од кикири ама преѓе купив for fucks sake го сакам некогаш со банана и јаболко. И сега јадам дирек од теглето. Мислам дека грешно јадев путер од кикири цел живот. Требало дирек со лајцата инаку не е убав.
СДК дека ми фали животот од претходно. Оној кога конечно го добив тоа што ми требаше и пак го изгубив. Секој ден ми се враќаат флешови, секој ден ме мачи она, дали погрешив? Денес се потсетив дека згрешив. Денот ветуваше, ама ако не ти го зезнат, нема да е интересно. Од светли работи, шетавме со мали за раче, он лижеше сладолед, а јас буткав тротинет. Нашата слатка рутина.
Мора да е многу јако чувството да пишуваш за својот измислен живот,настани,професија дечковци или што и да е на анонимен форум и да убедиш тотални странци во вистината на истиот. Манипулатори everywhere
Изминатава декада се насадија и изникнаа еден куп нарциси по социјалниве мрежи. Да, сите сме манекенки кога ќе ја објавиме најубавата слика од 100 претходни обиди. Истите тие манекенки без пардон знаат изберат една од 100 заеднички слики каде другачките им се не лошо, туку најлошо испаднати а они си се свиѓаат, лепотици. Порано се лутев, сега жал ми паѓа поради тоа што ова личи на психолошки проблем. Очајот за внимание на погрешно место може да ги ви разруши врските со оние на кои сте им битни.