Како сум уморна ко воз да ме згазнал. Пијам едно кафе,ѕевам,глава ми паѓа не ме освестува никако. Пијам сега второ,се нормализирав малку. Да ми тргне денот бар. Утре покрај море ќе се издишам,може и ќе се посончам.
СДК , преживеав ...па здравје следно испуштање душа ќе биде после 2 , 3 месеци ( не знам како ќе му текне) Вчера со такси и последни сили се довлечкав до најблиската болница и последно што памтам и реков на сестрата : не сум добро ....и паднав на подот. После не знам колку време, се будам, гледам си лежам на болникиот кревет, до мене медицинска сестра , (една мила насмеана фаца) , ми донесе за јадење оти немав ориентација за време , ја прашувам што се овие игли, ми вели моравме да ти дадеме инфузија да не дехидрираш , јас се сум преспала и не знам каков друг лек ме имаат боцкано. Си го враќам филмот, кога работев стјуардеса и многу ретко ќе се случеше да ми се слоши, може 2 пати во годината , но таму ко идеш на доктор , те боцкаат и за 15 минути се полнеш со енергија , буквално цело тело ти се враќа во форма, како да се полнеш со бензин и имаш сила уште истиот ден да функционираш. Е тука во Германија се некако "понежни" докторите кога даваат лекови, оти сама приметувам дека ме оставаат цел ден да се вратам во нормала , па дури приквечер ме пуштија дома. А оние во Катар, мајко мила, те боцкаат, се чека за 15 минути и за пола саат те пуштаат дома. Ај доста ве замарав , надвор дожз истура, ама морам да се симнам до маркет , ми се јаде благо. Убав ден на сите
Како може да ви биде виновен наставникот ако сте го заборавиле часот?? И после биле одговорни хахахха. Уште па дрски понашања. Учиме по германски нови зборови и слушам во позадина ' не го пишувај тој збор, го знаеш' Драги напатени родители, детето ваше знае да го изговори, но не и да го напише истиот. Ако сметате дека знаете поќе од тој што го плаќате, слободно опишете го и учете го сами. Ако мислите дека зависиме од поединци, се лажете. Поздрав.
Ми се лежи на плажа со коктел во рака. Добро, не мора да е коктел, може и обично кафе да е. Само да гледам во морето и да го чувствувам тој мирис. Да трчам по жешкиот песок, боса и со бушава коса. Сонцето да ми ја пече кожата, и да заборавам на сите грижи и проблеми барем за една недела. Ете, само тоа барам во моментов. Знам, многу барам
Една од целите у животов ми е еден ден да прочепкам низ старите мислења на форумов и да видам колку сум се сменила на подобро.
Ја убедуваш другарката дека дечко и од 3месеци си игра со неа, а таа марамата на очи и лета по него Колку паметно правам што нема машки во мојот живот
Ќе се трудиш за пријатели, да им биде добро, да не им шириш негатива, да не ги замараш со проблеми за да на крај ти изнакажат илјадници епитети како си бил злобна личност, манипулатор, ѓубре, да бе. Од сега тоа ќе бидам.
@bicycle baby, не ти требаат такви луѓе, батали. Јас така ај да бидам позитивна и со сила праев некогаш, јас кога зборував со една другарка како монолог и само ми кима, ако кажем проблем пак кима, и нагло те прекинува и си почнува за неа. Другарките што ја зафркна за Нова година излегоа подобри од мене... Кога ми се роди внуката, објавив нс фб и реков кој ќе види ќе честита, некој може ќе се јави. Оваа истава, па уште и ми пишува па не кажуваш....? Удф? Требс да се јавувам по моб ало вака и вака, не сум тој тип. Ајде да се одмориме. Доста е.
Ми се седи некаде в темница, под ведро небо, на топло време. Ми се гледаат ѕвездите. Ми се филозофира за нив, општо за космосот. Deep муабети. И за животот. Со некој со кој сме на иста фреквенција. Со некој пријател. Ми се смее и ми се кажуваат шеги, па не мора да биде цело време само сериозен разговор. Ми фалат луѓе во животов. Во секоја смисла. И оние кои се блиску и оние кои се далеку. Посакувам да се изнавикам колку ми значите и ве сакам до мене.
Сакам да кажам,да заврши лудилово од карантин и да почне да се враќа све во нормала ке биде одлично. Луѓее брееј па да изодиме по одморишта,така релаксирано на море со саканиот,туф туф милина.
Се обидувам да делувам смирено, да не избувнувам наеднаш, ама тешко. Сакам во некои ситуации да се направам како да не сум слушнала и да игнорирам, ама пуста имплусивност. Барем ми текнува одпосле дека сум можела поинаку. И тоа е нешто
Луѓе што романтизираат психички болести... И луѓе што се гласноговорници за булинг, самоубиства и слично, а беа самите були до пред некоја година... еве тука под реброво ме пробБАДА шо би рекол татко ми. Што ве повредило?! Ај џст кент...
Сакам да кажам дека ако на некој заборам да му пишам два дена и не го спомнам ако некој не ми спомни - сум заборавила. Заклучок, немам симпатија (од Литванија). Ова дур ми пиши. Кога ќе ми пиши малку знам да испаничам и ќе читате пак дека имам симпатија. Ве молам не вервајте во то. Ова е јас од минатото шо знај шо ќе напрај јас од иднината.
Канцеларијава, кафево, погледов.... Сакам да кажам дека прекрасно ми почна денов. Иако е тмурно и малку врне надвор, си дојдов до работа, стопати дезинфицирав раце од главен влез до канцеларија, на секој ќош средства ставиле и заклучив дека голема е веројатноста тука да е почисто од дома..... Интернетот работи, тоа беше стравот, сега со кафе мали задоволства прво и се вздаваме на работа. До 11 синојка со spss се занимавав, излегоа работи подобро од тоа што очекував и имам мнооогу мотивација сега. Случајно ми излегоа слики од другари/соученици од средно, годинава требаше да биде 10 години од матура. Секако ќе ја пропуштев ама некако ми дојде интересно кога видов кој каде стигнал. Кој со дете-две, кој шета низ светот. Дел од луѓето се во сосема поинакви околности од тоа што ги имав замислено, според карактер и амбиции. Се надевам дека каде и да се, се задоволни. Има и онакви од типот "средно беше најубав период". Не го разбирам ова, колку само средно не е најубав период. И се да било супер, не, не е најубав период. Заминато и завршено е, толку уште има пред нас. Отидовме во филозофии, ајде на работа.
СДК, последно што му ја вадам душата на маж ми е, го терам да ми купи куче мопс од кај вас ( во Мк се 300 - 400 евра) а тука над 1000 евра , имаше еден оглас , еден од Гостивар продава и му реков да го исконтактира и ако треба лично до Гостивар да отиде по кучето. Арно ама запнал он за Џек расел, такво куче сакал А шо му фали на фацичката на мопс бе ? Види го какво е мило, толку многу ја сакам оваа раса на кучиња , љубов ми се И кога сме кај кученцава, пак ќе споделам клипче кое ми ја топли душата Да си го гушнеш и да си спиеш со него