Кога конечно ќе си се вратиш самиот на себе. Кога ќе се пронајдеш повторно. Кога ќе се засакаш со сите твои мани и несовршености. Кога конечно ќе почнеш да дишеш со полни гради. Долго го чекав тој ден, а тој не дојде лесно, туку со збир порази. Да, тоа е животот, особено за нас што не не мазел. И постојат само два начина да го живееме: или поразени и згазени или со вистинска среќа која извира длабоко од душата ослободени од сите стеги во општеството.И среќна сум што по сите порази јас сум победник.Наздравувам за тоа.
Имаат многу проблеми со дишење и можно е да си го поминуваш слободното време на ветеринар Кога сме кај кучиња јас сакам вакво
Некултурно е да оставиш некој сред муабет, недовршен, без поздрав или чао, зафатен/а сум ама што знаат некои за култура?
Блазеси ти , тука вчера и денес дожд врне по цел ден. Ауууу фаца тажна , слабост ми се, ко ќе видам некое животинче со тажна фаца Ко сме кај животните, за жал моите не сакаат никакви животни, мајка ми и сестра ми не можат да смислат , татко ми сака од далеку да ги гледа, ама да не ги фаќа. Не знам на кој сум се метнала јас штом толку си сакам животинки, посебно кучиња Ко мала кога си игравме надвор во маало и ќе изнесеше некоја комшивка домашно милениче, па не можев да му се изнарадувам, знаев да си дојдам дома со гребаници и ќе ме прашаше мајка ми ....пак си играше со маче а? оди да се бањаш , види се каква си Туку сакав уствари да кажам , не знам за вас, ама се угушив од топло па згора на се со маска во ДМ , не знам како дишете вие ? Ептен топло беше во ДМ, се немаше воздух За да не пишувам еден по друг пост, овде ќе ја споделам женската која последниве 2 недели ја заследив на Youtube. Девојката е германка, живее 8 години во Токио и од таму дава репортажи. Не знаев дека јапонците користеле германски зборчиња . Браво бе
Април, најубавиот месец го преседав дома. Ми се чини ко 10 години од животов да ми се скратени. Да ми се изнаплукам на живот без пролет. Си закажав на фризер за наредна недела, ептен машки кратка фризура сакам. Еднаш се живее, и да ме утне скроз, ми се ризикува. Уште некоја недела и се враќам на работа, повозбудена за работа не сум била.
Си го сакам животот од порано назад. Денес цел ден го преседав така, тапа, празен... Ми фалат луѓе, места, ми фали работата, ми фали да се нервирам дека нема да стигнам да завршам нешто, ми фали кафе во кафич, ми фали да излезам навечер, ми фали да знам кај одам, а не ко глуво куче да вртам по една иста маршута колку воздух да ме фати. Ми фали физички контакт, сакам да си ги видам другарките, сакам да видам лице, а не маски, сакам да направам муабет во живо без да се мислам дали сум на доволно растојание. Вирусов роботи направи од нас. Ама бар и чувствата да ни ги исклучеше некако. Вака тешко е...
Мислам дека најголемото проклетство што го имаме ние луѓето е тоа што не го цениме доволно нештото додека не го изгубиме.. без разлика дали е тоа живо суштество, предмет или некое место. И после ќе спука носталгија во некоја мутава вечер и ќе си правиш филмови на празно што се можеше да направиш, а пропушти само затоа што мислеше дека "утре" ќе имаш време за тоа. А што е всушност утре? Утре не постои, нареден пат запамти дека ништо не е вечно. Се што имаш е сегашниот миг и извади го максимумот од тоа за да немаш и други вечери каде ќе те распарчуваат спомени и мисли од типот на "требаше ова или она". Живеј со полни гради и не оставај ништо за утрешниот ден. Некогаш не доаѓа, а и кога ќе дојде не знаеш што може да ти донесе.
Нетфликсу брате...и вие што споделувате книги по нет... ќе ви палам свеќа и ќе се молам за вашето здравје. Каков лек примате за задржување на здравиот разум? Нетфликсчилин и книгомизин од 16ч до 00ч, наизменично секој саат. И курсеризин (Курсера дечки курсера) 3 пати неделно по еднаш ама по 2 часа, тоа ќе му дојде ко физикална за ум. Карантину...доста је! Но не е...
Има разлика помеѓу "сакам да прајме муабет и да се преслушаме" и "ме мрзи да прочитам ама сакам да мислиш дека знам повеќе од она што кажувам, па ќе пишам општо ама на начин што изгледа ептен смарт." Веќе нема поента. Мразам вакви неконкретни муабети ко овој што сега го правам. Ама тие пасив-агресив посочувања на форумов заслужуваат само ваков пасив-агресив одговор. Порано беа класика, а мислев дека ги надраснавме. Очигледно не. Еве го и смајлито:
Сакам да кажам дека ми се врати вербата во системот после денешната пресуда за двајцата без мадиња што ја претепаа девојката. Денот ми се разубави.
https://fokus.mk/po-dve-godini-i-sh...ni-shto-pretepaa-devojka-i-snimaa-so-mobilen/ @СуперДевојка Знам дека е малку дури не знам и со колку би се задоволиле. Плус најмногу ме боли дека девојчето било трудно во тој момент и баш затоа и јас сакав да биде поголема казната. Да не збориме колку било понижено, омаловажено и исплашено. Ме боли само што пишувам. Сепак, не им се суди за убиство и не е сеедно дел од најубавите години да ги поминеш во затвор. Shit happens ако не подмитиш командир или ако немаш заштита. А и очекував помалку да ги осудат познавајќи го правниот систем и после изјавата дека се каат.
Екстремно мала казна. Се надевам дека после случката нема жена да видат. Да се само паметни девојките и ниедна никогаш да не се вплетка со некој од нив. Официјално е дека била бремена? Што е со идиотот што држи тест за бременост во рака?
Па јас така сфатив, дека му однела на дечкото позитивен тест и овој со другаров ја претепа. Не беше тоа причината? А што како се десило после, повреди какви имала мислам остана во тајност ради нејзината приватност.