Ме потсети Шери со постот за менталното здравје во периодов. Забележувам дека на другарка ми доста тешко ѝ паѓа ситуацијава. И скроз сакам да ѝ се најдам со некои смешки и зафрканции, ама мислам дека потполно спротивен ефект имаат. А и секогаш кога ме прашува како сум, одговарам со „Супер, еве си уживам во двор на сонце“ или „Се релаксирам со какао и книга до мене“. И човек стварно да помисли како да ми прија два месеци не мрднување од дома. Ама па некако не гледам ептен поента да се жалам и не сакам да направам и нејзе потешко да ѝ биде. Не знам стварно. Може на некој му е поубаво кога ќе слушне дека и другиот исто се чувствува, може за друг е подобро да го игнорира хаосов, за трет може помага покажување на револт преку социјални мрежи, за четврт нешто друго. Не сум ни сигурна како стоиме со менталното здравје, ама веројатно ќе биде подобро.
Наминав на темата само да кажам во какво расположение сум денеска. Мноооооогу сакам брзо возење со кола, ама не сама, туку си сакам до мене да си има личност и заедно да се возиме. Па уз пат музика , уживам во брзината .....давај гассссс мајсторееее ....... Dj пушти музика
Леле толку многу имам да кажам но ми текна дека ќе дојде дм да ми донесе нешто па ќе треба да го завршам постов со еден збор. Двосмислено. Па ми текна дека е подобро да не почнувам ништо. И така знам дека за 1 ви Мај обично врне,овде сонце печеше,некое ветре дуваше и јас нормално на работа бев. Цел ден. И да ви кажам,гледав сториња кој на кров скара,кој на плажа пиво важно се обележил денот
Размислував за дел од мојот живот и ми текна на една позната мисла. Господ најтешките и најсложените битки им ги дава на најсилните борци.Издржете и излезете како победници од вашите битки!
Многу би сакала овде на форумот сами да си направиме онлине учење на јазик. Знам дека е тешко малку граматика ама може па ќе успееме. Многу би сакала да знам јазик плус( без разлика кој). Мозе да се договори време пример осум навечер кога е полициски час...
Уште ми е како низ магла и не можам да сфатам колку ни се смени на сите животот заради вирусот. Не можам да сфатам дека училишта не работат, работници се испуштени, фабрики затворени и многу планови уништени. Да, и моите планови се уништени а јас си мислам дека ќе се разбудам и се ќе биде завршено. Ама нема да биде. Барем не сега одма. Ќе треба време да помине за да почнеме да одиме без маски, без држење дистанца, без дезинфицирање, без ракавици. Ќе треба време за психички да се опуштиме и да не си го планираме погребот кога некој ќе се накашла до нас. Ќе почнат полека да се отвораат кафани/игротеки/молови, ама ништо нема да биде исто. Маси и луѓе на дистанца. Сите од шубе ќе одбегнуваат гужви барем на почеток. Масовни концерти и спортски натпревари кој знае кога ќе има. Кој знае кога ќе има фудбалкси натпревар каде цел стадиум е полн и сите 100.000 души седат еден до друг. Кој знае кога и како ќе се одржат Олимписки игри. Толку луѓе се заглавени во туѓи земји, толку семејства за леб немаат, толку луѓе починаа...Овој гад баш не раздрма и ни го сјеба животот, а некои ко мене уште не можат да сфатат што по ѓаволите се случува во светов. Ама на крај краева за се има лек, па кога тогаш и за него ќе се најде.
Коа со дм си имаме предобар муабет и одеднаш ќе фати кривина со некоја непожелна тема и пробувам да не го изгубам добриот муд.
Цел живот се учи на грешките, нели? А кога свесно влегуваш во грешка тоа како се вика? Можеби казнување на самиот себе или желба за покажување доминантност??? Сама ќе си одговорам на прашањава, кога ќе го најдам одговорот!
Цело време се чувствував како да ми фали нешто, некое делче од сложувалката. Ама сега конечно мислам дека знам. Само што сѐ уште си немаат дојдено коцките на свое место, ама полека и тие ќе почнат да се местат, се надевам.
@SugarBaby(red) Знам дека колку и да се противам, на крај пак ќе биде по негово, и ќе го послушам... срцето