Вежбање од дома или : чергата ми бега постојано, на плејлиста за вежбање ми почнува It's my life, малиот прст на десната нога страда секогаш, во лежечка позиција го наоѓам лабелото под кревет - останувам во иста позиција додека размислувам за последниот пат кога го имав нанесено каде бев, со тоа навираат и спомени.. Или во превод - престанав да вежбам дома.
Карантинов прави да се чувствувам осамено, би направила и дупли профил само за да ме поздрави @turist во темата Да се запознаеме...
Благодарение на карантинов сфатив без кои луѓе можам, а без кои не.. Сфатив дека некои воопшто и не ми се потребни, исто се осеќам и со нив и без нив
2:30, а јас гледам видео од момче кое ги проверува и чисти од крлежи своите огромни желки што ги чува в двор . Време е да си легнам.
Се наспав со 4 саати сон само и сеа ќе чмаам уште 2 саати и ќе стрепам за цигара.Не можам ни кафе да испијам, ни да јадам, неам ни што да праам. Добро јутро никоме Бај д веј од пред саат време сум будна
Јас не сум јас ако не се расплачам од сабалје.... Толку ме фати лутина...што цела фамилија ја отерав на добро познатото место. Сите комшии ме слушнаа. И да ме боли уво. Се издрав низ цел двор. Толку лошотилак излезе од мене. Сега си плачам оти го напрајв то. Ама се грижам за здравјето на мајка ми. Иначе, да. Чекам да ми пробие и нз нервозата кај ќе прсни. Подуена сум цела. Нека добијам еднаш веќе! Иначе убав ден. Би седела со друштво во парк, би играла карти. Ее друштво убави луѓе, старо радио што свири. Пролет, парк, парови, зеленило, љубов
Ах бе Драгане, колку и да те хејтаа и правеа досетки за тебе ти беше човек кој си го живееше животот и не се замараше кој што зборуваше за тебе. Вечна слава легендо.
Baby shower.... Премногу гледате американски филмој. Плус за време на корона се собирате за да славите за уште нероденото бебе. Ако за некоја година и јас вака прам, да ми ги памтите зборовиве и да ми ги акните од гла.
Зборовите знаат да повредат. Знаат и да те израдуваат. И да те насмеат. И да те исечат како нож. Знаат да заболат. Но уште повеќе болат неискажаните зборови. Дали молчењето е злато или обично страдање?
baby shower ili gender reveal со балони плави или розеви. Мене баш ми е слатко и јас би правела За време на пандемија не. Лол