Се убаво, ама јас сум сепак за брзо возење.....убаво чувство ми е од внатре кога се осеќа брзината. Затоа не можам да поднесам да се возам на брод, па има да ми се присере од што е бавно. Авиону сломичу ти крилја фиуууууу Додека пијам несквик, дигам расположение со К 15 утрово У оваа земја ништо не паѓа, нити власта паѓа Легенди се ЕДИТ Чек да пробам пак зошто не можам да ја тагирам @Nigredo Odor - поздрав интелигенцијо
Некогаш ви се случило да сонувате дека сте заљубени во некој познаник, колега, пријател било што, а реално ни ве привлекува ни на крај памет па не сте се замислиле со него и сонот да биде романтичен, убаво да се осеќаш, да си заљубена, а тој да се грижи за тебе и после кога вистина ќе го сретнете да се срамите и да ве фати некоја чудна трема да не речам пеперутки? Какви глупи и бизарни работи.... И не не е никаде длабоко во мојата потсвест и никогаш не сум размислувала за него на тој начин, воопшто не е ни привлечен, многу е висок, подгрбавен малце, 20 кила има и нос 40 сантими, нема ни шарм ни смисла за хумор ни ѕвезда некоја, намќор е, лутач и многу оговара...
Некогаш кога сонуваме позната личност тоа нема ни да се оствари. Тоа може е знак дека на таа личност и се допаѓаш а можеби и не @irrelevant Не придавај значење Денов убаво почна,со кафенце на работа. Збор два со работниците. Сакам така и да заврши. П.С. Сакам плажи и сонце ама се напраив буре барут.
Мн пати и кога ќе станеш си благо потресена ама јас сонувам некои луѓе што одамна не сум ги видела или не ги знам лично па среќа не сум се сретнала со нив после.
Една од работите кои ми сметаат на форумов е пишувањето со латинична поддршка. Очите ми истекуваат додека да прочитам нешто и само ги скролам таквите мислења.
Драги гледачи , добар ден Еве по 678 пат се наваџаме овде на струшките ручеци на поезијата Завршив со јадење и пак продолжувам до клипчињата од К 15 за да задржам откачено расположение Пред тоа бев до Müller , @TutiFuti имаше пишано на форумот дека имало некоја акција на благо, ама се беше потрошено, па друго купив , а навистина има акција на многу производи, па тоа парфемите , се е на попуст , милина Направив еден круг низ град, надвор сонце пука, гужви по улиците, излезено и младо и старо и најинтересен феномен сите фризерски салони се затнати со гужви внатре, како да нема друг ден за шишање, па денес се напикале. Се чув со мојот и го оставив да отспие оти по цели денови е на работа. Пред малку се чув и со мајка ми и ме изнервира со таа нејзината реченица : опушти се, што е твое ќе си дојде , ц ц ц Еј , значи колку мразам ко ќе ми рече некој така.... Епа ајде ќе седиме со скрстени раце, од небо ќе ми паднат 1 милион евра , со скрстени раце ќе ме стават во владата, па нема потреба од напори, колку е лесен животот. Последен пат ја читав @Dust со некоја форумџика се објаснуваше и го делам истото мислење. Ако сам не се потрудиш , нема ништо да ти се среди во животот така . Ајде бе ќе седиме со скрстени раце и сите коцки ќе ти се наместат. Пак ќе речам, страшно ме иритира она .... што е твое ќе си дојде Еве , чекам од небо да ми падне тоа што треба да дојде Ај да видам до кај стигнав со К 15 .....
Обично, по некаков лош период, доаѓа подобар. Од кој аспект и да погледнете. Верувам дека изминативе месеци не беа сјајни за повеќето од нас. Тоа ме тера да размислувам оптимистички, дека за сите нас следува нешто убаво. Следува сонце по дождот, како што и обично се случува во природата. Дали е само неоправдан оптимизам ова, времето ќе покаже. Јас мислам, верувам и претчувствувам дека доаѓаат подобри денови.
Тик ток Се снимав и јас со видеото, закон е На запад ништо ново, освен што една година подоцна, работите се сменија. Една година бејби. Јас си знам, сфатив, али околностите, времето, е погрешно. Некогаш работите се случуваат во погрешно време или ние немаме храброст да ги искористиме во тој момент. Си направив приоритети, како и со кого ќе го користам времето. Вреди ли да се троши на работи и луѓе кои ти ја цицат енергијата? Вреди ли да те омаловажуваат, да те развлекуваат заради нечии хирови? Најбитно е да знаеш кога да се подвлече линија. Мислам дека време беше. Денов, меланхолија. Лоши вести и убав настан. Јбг живот. Ќе биде подобро.
Вчера не можев да заспијам па си гледав уметник во живо како црта. Од Њујорк е човекот и го следам на јутуб некое време. Гледам како црта, читам што пишуваат луѓето, па и ја му коментирав за едни видеа што ги прави во природа. Стварно уживам да го гледам, баш ме опушта. И типов баш тогаш погледна кон екран, се насмевна и ми рече: - Тенкју (ми го кажа името)...Ми се извини ако не го изговорил убаво и почна да ми прави муабет дур си црта. Јас цела бев whaaat? Мене ми се обраќа во живо? Кажа дека и тој уживал да снима во природа, ама сега не може заради корона. Едвај чека да излезе, да вози точак, да шета... Па ми објаснуваше нешто, му пишав пак, се насмеа пак, зборуваше... И на други луѓе одговараше, ама многу останати коментари му бегаа, и баш мојот го виде и долго ми се обраќаше Па така си се израдував и се расонив уште толку. Додека дечко ми мирно си спиеше, јас си зборував со уметник од Њујорк Сега ќе чекам пак во живо да се пушти, да му коментирам и Америка чекај ме
Прати тикток Јуле и го знае уште пред мене. А го знае и оригиналниот клип. Да си импресиониран од животот ко србин од Грчка. И тоа од Паралија и Неа Пори, а тек некој остров па. Е тоа ни треба на сите. Толку едноставно. Ама реално, многу ми се смешни. Иам роднини од Србија што дур се на одмор у Грчка, више знаат до година у кое друго местенце ќе одат до година. И го проучуваат...мислам шо ќе проучиш од Вурвуру?!
Станувам сабајле, врне и сивило. А бев договорена за цел ден.Откажав сѐ и фатив да легачам.Од 12ко што станав, до 5 Или лежев во дневна или во соба.Само местоположба менував. Се наканив, ја почнав The laws of human nature сум заспала Ме станаа пред пола саат од спиење и си викам ај палента ќе си правам, ја немам јадено повеќе од година дена.Ептен ми се присака Ја ставам почињам да мешам, и мајка ми ми вика ,,па си стаила пченкарно брашно” и глеам лево на паковањето стварно брашно А не биваше порано да каже. И еве сеа дур си јадам брашно ко кокошка дојдов да се исповедам. П.С Не е лошо иначе, само грутки има колку сакаш
Ама ова нема да му е фетиш после. Ќе го боли три дена Се осеќа дека е некој исушен момак што пишува еротски постови/коментари на женски форум да би могао кучи да страшно