Поминува старо купујем. Ме потсети кој страв ми беше како дете. Старо купувал... леле баба ми ќе ми ја земе.
Нема да ги заборавам сите наши дружби... Нема да заборавам кога на шала викаше дека јас ќе ти бидам жена... Ах бе, животиште... 35 години, само 35... Не е фер... Почивај во мир пријателе
Една недела сум на дебата сама со себе дали да си се почастам некое парче добра торта. Дали, нели. Нема како да се направи. па еве можеби попладне. Сама себе се зезнав зашто почнав да гледам што е со мерките и како условно кажано би можела да стигнам до МК. Знам дека нема поента, од ден на ден ги менуваат, не е само една земја во прашање ама ете. Од малку анксиозност за тоа преминав на мислење кога ќе се видиме и како патувањата ќе бидат во иднина и ајде не се потресувај кога ќе влезеш во тој spiral. За среќа некако можам да се стабилизирам самата себе. Саботново утро е одморно, после интензивна работна недела ама попладне и утре ќе се подработи пак. Што не е лошо и на што не се жалам, можам да распределам и да не си правам стрес сама на себе. Само... ми прифали пазарот со божествени маслинки и кремастото божествено капучино и делење питата со јаболка и Милфејот. Ќе помине, може ќе се најде убаво парче торта сепак.
Само да го нагласам овој дел. Не. Не е срамота да си со депресија, или анксиозност, или шизофренија, или било која друга психолошка болест. Исто како што не е срамота да си во количка, ако си неподвижен.
Легендата вели ако побараш една салфета - една ќе добиеш. Ја прашувам: може уште една да добијам (во меЏувреме солзи сами капат..), ми враќа : не, доста е плачење. терапевтот.
Сметам дека секој човек треба да се исплачи дури можи, да се олесни на некој начин, наместо да ти вика да заприш, особено па професионално лице така. На шо личи тоа?! -.-
Ако погледнеме подобро ќе видиме дека од секој лош живот има полош. Тоа не значи дека нашиот не е лош. Тоа само значи дека во споредувањето нема ништо убаво. Треба само да се обидеме да го надминеме тоа што е лошо за нас. Ако твојот живот е лош се надевам дека ќе собереш сила и ќе се издигнеш над сето тоа. Верувам дека можеш.
И не можат,а да не плукнат дур зборат.Небаре плукањето им е составен дел од комуникацијата... @annii Ме нервираат оние старине сфаќања.... Плачењето не е за мажите. Големите девојки не плачат. Плачењето е само за слабаци. Многу идиотски е да држиме сè во себе. Тагата и гневот не се чувства кои треба да се носат/држат во срцето и душата.Со тоа носење/држење човек „експлодира“ на некој начин.Си штети на себе и на блиските. Секогаш е подобро да се исплачеме.
Гушкање под расцветани јасени, букет од расцветани багреми, а костенот под балкон исто така не е поарен, симфонија од пролетни мириси,отворена балконска врата, он кодира, а јас го набљудувам ко теле. И ми вика само, ај отвори сега, отварам, ок ли е? Супер!!! И на тоа се "лути" - секогаш ми викаш дека е супер, а не е!!! И ќе се изнасмееме. Едноставно... ништо посебно, а прекрасно. Некои работи тврдам дека не ни се баш заслужени, ко он на мене, ама ме почастил универзумот. Си рекол, упс... ај бе нека тера, шоимаврска, некој мора да и ги смири брзаците и да и го тргне талогот од душа. А природава дефинитивно води љубов како луда. Мај остани ваков до крај...
Гледам тема 'Џогирање' и се мислам: Што има толку да се дебатира за чистење со џогер И после 'откривам' дека е за трчање. Ете колку сум in tune со спортот
Жените у мојот живот освен имиња, почесто се: жено, женче, маце, маче, дете, мајка, мице, боже, срце, срчка, умче, бубрег, бубо итн... Тоа се тие форми на распознавање и разбирање,секако и љубов. И јас сум се тоа, освен овие мајчинските. До душа у некоја форма, мајка сум на 6 хехе... И така си постоиме... убаво. Секој со начинот на поврзување. И сите воглавно жени. П.С. Јас сум кумата. Сем Ина и јас по темата. И таа мирната, и таа подомаќинката, и таа што ќе ги прифати сите шитови, и таа која ќе биде план б која дур е трудна, ти праќаш пораки до бившата зошто си копук неотесан кој не знае да биде среќен по ниту еден основ. Што никој не ти е крив зошто после крахот и нејзиното продолжување си завршил со минимум условот по твој критериум. Маж - полжав лигав. И згора ќе ја убедиш у свашта нешто, а најмногу дека си добар човек дур праќаш гадости на друго место од типот дека ќе уништиш среќа. Претажно.