Не знам зошто наеднаш од ич, почна да се крева бројката на заразени. Ајде да играме асоцијации: - лажичка - вино - крст Втора асоцијација: - пикник - пиво - работници Заедничко за двете: - неодговорност - неносење маски - носење маски со нос надвор Ај да не глумиме изненадени. Плс.
Ми го обележа едно лето , досадно и долго со куп бесмислени муабети за двајцата , секој со својот филм , желби , дешавки. На крајот од истото секој по својот пат , со едно културно здраво по улиците на нашето маало. Го памтам и последниот муабет , оддалеку ме виде и после толку години разврзавме муабет за минатото , сегашноста и иднината. Имаше толку планови , а прерано си замина... Сеуште не ми се верува ... Почивај во мир
Ако нешто сакам на форумов и ми е свето тоа е темана за слики од ваши миленичиња. Не сте свесни која релаксација ми е кога ќе се логирам и ги гледам, мозокот си го одморам а и баш ме радуваат. И веќе ви ги знам на сите милениците, сите се кои од кои послатки. Немојте никогаш да прекинете да ставате слики. Не сте свесни колку само го разубавувате денот некому.
Обожавам да лежам на трева, ноќе, да гледам во небо и мислам дека ѕвезда врз мене ќе падне. Обожавам таков мир, мирис, звук и како ми се менува расположението . Да прошетам низ шума, да запливам низ вода,.... Малку вода во близина, посебно ме полни со убава енергија. Тешко ми е да опишам колку ме исполнува природа, колку сакам да слушам шушкање на листови и крошна од ветре. .Среќа имам луѓе околу со исти страсти па можеме да си пловиме мирно
Деновиве живеам на кафе и книга. Буквално. Уживам во мирисот и вкусот на таа напивка, толку занесно ја вдишувам секоја капка арома која се разлева додека мешам со лажичката, уживам на тапото тропкање на лажичето по шолјата, на звукот од капките млеко кој се создава и како камче фрлено во езеро благо плискаат. Допирот на топлата шолја напивка ми ги милува дланките и уживам кога тоа мало течно задоволство ми ги допира усните. Истите усни од кои потоа благо го подавам јазикот, кој го навлажнува прстот кој потоа го насочувам кон листот хартија и завртувам нова страница од книгата. Тоа шушкање под моите прсти е најубава награда за мојот слух. Очите неуморно ми шараат по новите редови од нанижани букви, задоволувајќи ја гладта на мојата фантазија. Ред букви, ред воздишки, рој слики, нова голтка, грам арома на кафе, грам мирис на остарена хартија на безброј пати разлистувана книга. Уживање! Деновиве живеам на кафе и книга. И само 'живеам' да речам, доволно е. И малку е ❤️
Значи периодов, неколку дена пред да добијам, јас не сум јас. Ама буквално. СДК дека се менувам 360. Нервозна сум за најмали ситници, се истурам на кого стасам, едноставно не личи на мене воопшто. Од најпозитивна станувам најнегативна, намуртена особа... Не знам што да направам некогаш претерано е. Не се поднесувам ни самата себе. Како во климакс, а не како менструација Што правите во вакви случаи
И јас една недела пред да имам менструација сум многу нервозна. Едноставно одбегнувам луѓе кој ми идат на нерви и правам нешто што го сакам. Буквално доколку почне некој да ми зборува нешто јас му викам ќути друг пат ќе зборуваме не можам да те слушам сега. Одам да читам книга, учам, одам да планинарам. Исто и јадење благо ме смирува многу. Буквално во тој период може да ме изнервира и тоа што телевизорот е уклучен и збори.
Истата сум и јас,во буквална смисла. Премногу сум нервозна,избувнувам и таму каде што не треба.Од толку што сум нервозна дури не ни размислувам што и како.. Ужас.
СДК, темата ми е ко оче наш, кога и да се вклучам на форум, задолжително ми е да ја отворам оваа тема, за мене има приоритет пред сите останати теми Времето надвор истура дожд , па ме понесе носталгија..... не можам со зборови да ја опишам таа љубов што ја имам кон авијацијата, како што некој си наоѓа заедничи теми за муабет на одредена тема, е така и јас најлесно се здружувам со луѓе кои имаат големи интереси кон се поврзано со авијација, од аспект на вработен , од аспект на обичен патник, типови авиони, аеродроми, безбедност, баланс на авионот итн. па се до патувања, далечни дестинации , странски култури, знаменитости , традиционални јадења од разни земји Како наркоман сум навлечена , па да си признаам ко идам на гости се дешава да нема што да си правам муабет , последен пат со мојот седнавме на кафе со друг пар и јас си ќутев , ги оставив тие да си муабетат, едноставно теми што не ме интересираат , не покажувам никаква заинтересираност да муабетам , па најчесто за пријатели бирам луѓе кои имаат заеднички интереси како мене. Во МК имам една братучетка, работи во една од амбасадите, па со неа највеќе ми оди муабетот, од сите роднини што ги имам. Жената си е фамилијарна, но начинот на кој живее, стилот на живеење нема никаква поврзаност со Македонија. Мислам дека е една од ретките со кои можам со денови да си муабетиме, да се занесеме во "друг свет " И така , додека си паѓа дожд , ме држи расположение да споделам една случка. Додека други беа во еуфорија за фудбалерите на Реал Мадрид, јас мртва ладна, па во текот на летот ме праша Раул фудбалерот да му донесам нешто за пиење, е сега не ги знаев како изгледаат во живо фудбалерите, па го прашувам на човекот, а Вие од кој фудбалски клуб сте ? И он ми вика : Од Реал Мадрид ... И јас мртва ладна му викам , добро, ама мене фаворит ми се Арсенал Ништо не ми рече човекот, се насмеа и толку. После му го дадов пијалокот и си продолжи летот. Некогаш сум толку ладна, тоа е чудо, сама не можам да се препознаам, ама некогаш емоциите знаат да ме надвладеат и да пуштам солза. Ко сме кај фудбалот, ехеее со маж ми најчесто ги гледаме утакмиците кога играат Арсенал и Рома (неговите) Ај да видам до кај стигна ручекот, па да се симнам до пошта, до сега потпишував формулари, па да ги пратам треба. Убав ден на сите
Закажав шатирање, да се почастам со претпоследна плата. Да се средам и заличам на човек, а плус што ми фалеше фарбањето и фризерот. Уживам да се фарбам, шишам. Како "терапија" ми е. Секоја промена ми влијае. А периодот ми требаат оти доаѓа тежок период. Али навикната сум јас. Дете средено, рашишано. Да заличеме на луѓе. Сега на ред е пак депилирање, ДЕПИЛИРАЊЕ . Колку е топло надвор, јас клима во кола си пуштам веќе. Да залади па да шетаме куче. Љубов ни е. На диета сум, оти прасе се направив во карантинов . Тоа торти ли беа. Сега трева. Али добро ми оди. Лето иде, јас уште се надевам дека ќе одам на плажа.
СДК дека Иранките поседуваат некоја посебна егзотика. Mesmerising beauty. Еден таков примерок на преубава жена со персиски корени е и актерката Golshifteh Farahani која ја забележав прво во филмот Paterson, а вчера со неа го гледав и Body of Lies, кој всушност бил филм кој ја ставил на мапата уште далечната 2008. Вчера го спуштив и новиот Extraction каде глуми, а во план сум да го гледам и иранскиот About Elly. И баш онака се задлабочив да видам што е тоа што толку ме привлекува кај неа, посебно затоа што ги нема оние карактеристики кои јас сметав за мене дека се привлечни (овално лице, светли очи, кјутнес). Направив една споредба со женски лица кои ме привлекуваат. И сфатив дека всушност сум бил во delusion кога сум мислел дека ме привлекува овално лице, напротив, ме привлекувало лице со по остри црти, полни усни, мал нос и остар поглед. Исто така прочитав на еден коментар комплимент за веѓите нејзини и тогаш забележав дека баш они и даваат таков calm yet mesmerising поглед и егзотика. Од друга страна пак, кога ќе се "опседнам" овака со некоја позната личност сакам да гледам некое нејзино интервју и да прочитам за нејзините погледи, размислувања и за каква личност всушност се работи во приватниот живот, надвор од филмското платно. Многу пати ми се има скроз сменето сликата за некоја позната актерка после оваквото детално пребарување, но за нејзе не. Напротив, уште повеќе ми се допадна. Има некој внатрешен мир, нешто што кога ја гледам како зборува ме смирува и ми дава пријатно чувство. И увидов дека и тоа е многу битно за мене. Самиот говор на тело, гласот, и начинот на кој некоја личност ги интерпретира нештата. Изгледа не функционирам со личности кои манифестираат нервоза и надменост. Расчепкав и за нејзините ставови и видов дека се наоѓа во прогон поради косењето со муслиманските догми во нејзината земја. И тука ми дојде едно лошо чувство дека една оваква храбра талентирана жена не може својот квалитет да го покаже отворено и да се еманципира во едно такво затворено, затуцано општество каде се врши страшна репресија над жените. За жал, иако си ја сака својата земја и е една од малкуте репрезенти, сепак мора да живее во егзил поради тоа што нејзиниот народ и го свртел грбот. Кога ќе видам слики од 60те и ќе прочитам приказни за начинот на живот во тој крај, гледам колку всушност, наместо да напредува со годините, се враќа назад поради самата религија. Поради истата луѓето се затвораат и патат на сите полиња во животот, руинирајќи ги своите и туѓите животи. За едно општество да успее да просперира и неговите граѓани да уживаат во благодетите на правата и слободата мора истото да е крајно секуларно и религијата да биде само уште една споредна работа која ќе нема моќ директно да одлучува за начинот на живот на луѓето. Не сме ниту ние далеку од ова... И кај нас во последно време религиските институции завземаат се поголема моќ и им пркосат на државните органи. Доказ за тоа е и сведочењето на подледните нсстани кои се случија ксј нас за време на празниците. Да не ја заборавиме литијата во Струга која изложи на ризик екстремен број на луѓе, а од друга страна и ИВЗ со став дека не слушаат некој нив да им наредува и ќе отворат џамии они кога сакаат. Лошо. Многу лошо. Знам дека она што се случува на далечниот исток не е резултат на самите луѓе таму, туку на "чукнувањето на демократијата на врата" која со декади превзема секакви мерки на маргинализирање, отупувување и уништување на сите научни и образовни вредности кај еден народ, враќајќи ги со векови во минатото. Помалку ме плаши дека оваква силна кампања се води и кај нас, позади затворени врати. Донекаде и градењето на верски објекти од секоја религија масовно последниве години и статистиките дека сме меѓу најрелигиозните земји во Европа, а од друга страна едни од најмалце едуцираните со најнизок IQ го потврдуваат сето ова. Се повеќе зема кај нас замав истата и се повеќе е присутна во јавноста. Се плашам дека со ваквиот развој на настаните може за некои 50 години од сега да дојдеме и ние на рамниште на блискиот исток, или пореалистично на кавкаскиот реон каде буквално луѓе се колат меѓу себе во име на религијата. Како и да е, сакав да кажам дека актерката е преубава, талентирана, личност која се надевам дека ќе ја гледам се повеќе во иднина во нови филмски проекти сега кога добива популарност. Единствено нешто кое никако не можам да го запаметам е нејзиното тешко име за изговор, па затоа си го "модифицирав" и си ја нарекувам Goldfish. Препорака за нејзините филмови, ако сакате да отепате 2 саати ова попладне.
Убаво поминат ден во природа. Само прошетка во природа така знае да ме смири, да ги стиши сите бури во душава, да заборавам на се' и да знам дека сега е време за уживање, време за мене и природата околу мене
Пола маж, пола можеќемипротреба. Дали само мојот собира се?! Му најдов фиока полна со свашта меѓу што ... дум тс - картончиња од опаковки од хулахопки (она картонот на кои се намотани) и од чорапчиња за во балетанки (навлечени на нив се купуваат). Не знаел, може ќе му притребале за нешто. За што побогу?! Кај да го оставам да си го земе некоја?! Многу е домаќин значи.
Еден од најголемите умови на сите времиња рекол дека е лудост да правиш едно исто, и да очекуваш различен резултат. Ова треба да си го врежам во умот. Зошто сме толку зависни од нашите навики, дури и кога гледаме дека не' уништуваат? И што е тоа што ни ја дава надежта дека овојпат, сепак, и покрај се', нешто ќе се промени? Би сакала да имав способност за полесно да се приспособувам на условите што ми ги налага животов, да бев како камелеон. Наместо тоа, јас сум толку ригидна и нефлексибилна во секој аспект, и не знам како против себе...
Целиот свет се преврте, како понатаму ? Дали е пострашен вирусот или неизвесноста? Колку ќе трае? Како ќе биде? Што е вистина? Дали светот засекогаш ќе се смени? Дали грешам и ги изложувам блиските на ризик? Зошто ова ни се случува? Еден куп прашања како рингишпил ми го мелат здравиот разум. Секој ден различно расположение од депресија до надеж дека ќе има лек. Дали е ова социјален експеримент или сурова реалност за човечкиот род. Не ме интересираат ни генералки по дома, ни јога ни книги, серии маратони или медитирање. Сакам се да биде по “старо”, да заврши лошиот сон, проклето сакам безгрижно да летнам низ врата и да го испијам ладното нес на некоја тераса со маси начичкани без ред.