Ќе одиш кај никот. Кликаш на Приватност. Ќе го најдеш полето Започнат разговор со мене и ќе ја одбереш опцијата Само членови кои ги следам. Имаш и опции за да си го затвориш профилот. На мене никој не ми го гледа профилот. Сите други опции ми се отштиклирани.
Здраво, можеби тука е најсоодветно да го споделам проблемот. Денес сабајлево со мајка ми се упативме со итен упат од синоќа во државна болница во нефрологија итно да снима некои канали од бубрезите, најдовме каде треба да се обратиме беше заклучено после некое време чекање дојде една сестра пред да влеземе со апарат ни измери температура се беше во ред ни даде да пополниме лист со неколку прашања, како се чуствуваме, дали сме патувале, дали сме имале температура и ред други прашања со потпис и име и презиме, после тоа не упати кај докторот, влеговме внатре добар ден и првото на докторот што беше со покачен тон што барате вие сега овде ?? покажавме итниот упат објаснивме каква е ситуацијата по што докторот ни се обраќа а не знам јас тоа немаме ние таков апарат за снимање овде се реновира не можам да ви помогнам вратете се и тоа е тоа, зачудени од докторот како ич да не му е гајле и тука продолжи разговорот како е итна ситуацијата и треба да се направи таа снимка но сепак не сакаше ни да слушне и ни велеше ајде излезете дојдете за 2 месеца кога ке помине коронава, во мегу време влегува сестрата и му вели докторе го припремив апаратот за госпоѓата да започнете да ја снимате (значи има и работи тој апарат али нас не лаже !), во тој момент почна докторот да се дере ајде излегувајте нема да има никакво снимање ви реков дојдете си за 2 месеца а не сега ми доаѓате во коронава со итниов упат, не избрка од канцеларијата и си отиде некаде. Докторот се вика Никола млад дечко, јас ова недолично и не професионално понашање не го разбирам, таму немаше апсолутно никој никој зошто не би направил снимка немаме ни температура ни корона ни ништо, што е со здравството некој им забранува од горе или што се дешава?? Дали некој знае каде може случајов да се пријави, како да се реагира во вакви моменти и дали може некој да помогне? Ова ги надминува сите граници.
Пријавувај ги пораките кои се сексуално вознемирување. Кога се зачленив, не знаев дека може и пораки да се пријават. Научив после врвот на сите вознемирувања: Еден ми испрати дик пик. Кога ја видов, револтот 'го преточив' во тема, која подоцна заврши во канта, а и воедно научив дека пораките можеш да ги пријавиш. Имав една идеја, дооолго време. Да ги собереме сите дик-пикс што ни ги праќаат манијачињата и јавно да ги објавиме онлајн, а можеме и уметничка поставка да направиме во галерија. Под име: Фрустрации Не го затворив јас. Пошто има и луѓе кои ми пишуваат проблеми и ми бараат совет. Нема шанса да си скратам слобода, заради нечие безобразие. Секој го пријавувам, а и воедно му објаснувам зошто ќе го пријавам. Сега се скроз изретчени.. Дали еднаш на 2-3 месеци некој се дрзнува да ме тревожи. Секогаш нови членови, кои сеуште не знаат со кого си имаат работа.
ОЈО: 27-годишник осомничен за убиство, до смрт претепал жена Скопското обвинителство вечерва соопшти дека отворило истрага за убиство против 27-годишно момче кое вчера во Скопје до смрт ја претепал жена со која бил во блиски лични односи.
Ќе помислат сега лажеш. Џабе ќе пријавуваш, ќе се жалиш. Ќе ти речат, вонредна е, што сакаш? Или што сте барале во болница? Знаеш, ко да во болница на снимања, инфузии, операции и све идеш оти онака ти прднало. Или ќе ти речат ај уште малку ќе се среди, чекај. И само уште толку ќе се нервираш. А што е со мајка ти всушност?
Сонував сме бирале овошни дрвја за дворот наш суден, али сеуште недостапен. Мислев до канцеларија да поминам и се успав до 10. И не ми дојде лошо. Месецот е 5ти откако се немаме видено. Од една страна ми иде на шала да речам ете, нешто за славење, од друга страна знам дека тоа е само начин да се поттисне колку е сурова реалноста. Да, може и далеку полошо да биде, ама тоа не значи дека ова е лесно. Знам дека на крај секако ќе вреди, само ако може тој крај да дојде побрзо. Не дека корунче полесно прави, да не кажам дури оправдување ни дава. Замислувам дека ми стигнува тој фамозен мејл едно три пати на ден. Само уште да стигне.
Луѓе што ти прават работи од типот "те/ја/го тестирам" "да видам реакција". Кој/а си па ти бе бате да тестираш/гледаш реакции?! Себе се погледна прво? Мене ми личи дека ти треба да одиш прво да се тестираш на едно место, ако имаш 18+ години и правиш вакви работи во име на било што. Соочи се. Прашај. Конфронтирај. Некогаш реакцијата од другата страна е реакција на довербата која ја имаат во тебе која ти во истиот момент ја изневеруваш. Уморна сум од глупости. Уморна.
Сакам да кажам дека еднаш си реков да напрам паметната работа и кажав на мајка да ме закажи на забар оти досега не можев да одам. И та ми закажа прво оти нејзина докторка, второ оти плачам на телефон кога се работи за на забар. Мислев дека пододраснав стравот, ојдов два пати само благо расплачена ама ете си плачам пак многу пошто ме закажа дирек за утре, а не барем преку еден ден. Не можеше од нешто друго да се плашам, мораше од забар?
Пробајте друго време да отидете кога тој нема да е таму . Прашајте некоја сестра кога има друг доктор штом му го знаете името, за да не се погоди пак. Со среќа Некој суштества треба да си останат во пештерите, а не да глумат докториКај нас прво треба предмет култура да се воведи па после се друго
Ко спомна забар, морам да се надоврзам на тебе. Јас мојата докторка (стоматолог) не ја менувам за ништо. Толку професионално работи жената и од што ја сакам , а навистина немам ништо за поправање, освен обична контрола на 6 месеци, на секои 2-3 години одам кај неа и ја терам да ми менува пломба, од белите пломби секогаш ми става и ги лепи со посебна машина што во превод значи , ко излезам од ординацијата одма можам да јадам, да гризам, не чекам ништо оти автоматки ми е средено. Една од ретките каде со песна идам и со песна се враќам дома.
@theowndemon Сестро,пробај да го минимизираш стравот фокусирајќи се на мислата дека ќе ти биде подобро по посетата кај стоматологот. Пред да појдеш,помини неколку минути со твоите мачки.Мачешкото предење е најдобар лек.
И јас како тебе имав страв ама од медицински сестри оти кога и да одев да ми проверуваат крв во МК абе една да се најдеше да знае да ме боцка добро, одма ми помодрее местото, буквало ја осеќав иглата ко ќе ми ја зарине. За разлика од Мк, тука е друга прича......целиот страв кој го имав како дете, ми се изгуби. Овие тука изгледа имаат лесна рака, не се осеќа ко ме боцкаат , што се вели камен од срце ми падна што повеќе не осеќам никаков страв ко идам на боцкање, вакцинирање. Годинава во Јануари и Февруари примав вакцина, таа се става на 3 пати, па во Ноември пак треба да одам за третиот дел. И погоди што ? Без страв ќе одам оти знам дека не боли, оти имаат лесна рака сестрите. Пред да идеш кажи си у себе : мечка страв - мене не ми е страв . ( знам, не е за смеење )
Колку е тешко кога некој е глуп и мисли дека и ти си глуп па ти објаснува како глуп да си. Полесно е да си глуп односно нискоинтелигентен.