Да, надежта може да изгледа апсурдна, нелогична, залудна. Но понекогаш таа е единствената сламка за спас што ни помага да ги пребродиме тешките денови. Зашто, еден убав ден, сонцето изгрева пак. Нема како инаку да биде
Баш тие за кои мислите дека не можете без нив, ќе ве научат дека уствари не ви треба никој. Ќе видите.
Знам што сакам да бидам кога ќе пораснам - сертифициран тренер за спиење. А мислев лајф кoуч е врвот, ама не. Тоа веќе накај outdated оди изгледа, ова е тоа што ветува во моментот. Ем луѓето наспани, ем џебот на 'тренерот' полн. Ах свете, успори малку, многу забрзано одиш кон неповратот. Сертифициран тренер за спиење... кажете ми дека не е вистина, кажете ми.
Изгубена во простор и време се чувствувам. Сите на мои години или работат или се верени, чекаат дете, а јас се расправам дома со мајка ми секој ден и не знам кај терам.
Баш сум среќна дека ќе се отворат теретаните во скоро време. Многу го сакам осетот кога ќе се разбудам следниот ден и пуна сум со енергија. Овие два месеца стварно ме погодија ментално.
Се вакцинираш ли редовно?Ти треба ли за работа или доброволно? Мм се вакцинираше со полио ,тетанус и уште нешто и рече дека откако го вакцинираа не му се гади насабајле инаку често му се гадеше. Ова оти матичниот му рекол вакцините не ти важат изминато им е дејството.А овој пак ми вика па јас не доаѓам од Тунгузија нека ме боцка ќе издржам.Дал го валцинирле и има сега пасош на вакцини.Ама каков беше тие три дена мислиш бебе се утепа жалејќи колку раката го боли и има некое глупо чувство.Маж појак пол
Семејство со аутистично дете се иселиле од станот и отишле да живеат во село заради постојните закани и вознемирувања од соседите. Ситуацијава траела со месеци. Им доаѓале на врата постојано, ги пцуеле, ги пресретнувале сосе децата и им викале да си одат... А зошто? Им пречело детето. Замисли да бидеш вознемируван до таму да мораш да се отселиш заради некој што не прифаќа различен од него. Истиве гнаси гарант се сметат себеси за нај нај родители на свет на нивните нормални деца кои не ги ни заслужуваат ако се однесуваат ко дивјаци кон невино душиче Може се ситат сега хехе ги избркавме оти тоа е за таквите среќа. Да нема околу нив ненормални. Се надевам детенцето и родителите нашле мир таму кај што се сега.
И јас имав аутистичен брат, а до мене постари живеат лепенка и пошто прозорецот наш е до нивната бавча и ко че фрлеше брат ми топка или нешто играчка, се жалеа да не фрлал многу накај нив и поставија ја бодликава жица. xD
Јас на вести слушнав прееска.и пишаното горе ми е како што слушнав Побарав вака и https://plusinfo.mk/seme-stvo-so-au...a-od-sosedite-niv-im-prechi-i-smeata-na-luka/ Пишува се вратиле ама пак истата песна. Нема на многу портали објавено. Како и да е, треба да земеш да ги подбереш тоа комшиите сите до еден.
Потпишувам со две раце. Еве и јас незнам како се погодија сите со лесна рака, може некој предмет за лесна рака имале што во мк го нема
Насолзен го пишувам ова, затоа што имам страшна тврда карпа на душава која што сакам да ја искажам... Живеев уште од 8 годинки со мојата мајка, татко ми почина и ние бевме останати сами, целиот живот таа сама се мачеше да ме израсне и изведе на прав пат, додека јас како едно најголемо гомно како што растев бев се полош и полош кон неа, неблагодарно копиле, секогаш ми беа побитни другарите, девојките, ја оставав сама навечер, и привикував за се и сешто, секогаш се бунев, фрлав тањир со јадење кој што болната едвај го направила за да не останам јас гладен, поминуваа годините а таа беше тешко срцево болна, кога не беше добра ќе ми кажеше сине остани вечерва не ме оставај сама а јас ја лупав вратата како некој мајмун и излегував, како да бев слеп и глув, продолжував да урлам, дигав повисок тон, се спротиставував и дозволував со тоа да и правам само се повеќе и повеќе нервози, кога ќе ми кажеше немој сине не прави така само ја вртев главата ладно и излегував од соба. Се смирив пред одреден период но некогаш велат касно е да кочиш ако си летнал во провалија, времето си го направи своето, падна на постела и секое утро со стравови се будам и проверувам дали сеуште диши. Женичка, родила детенце кое што се трудела да биде еден ден човек а јас и вратив со пекол. Не беше секогаш вака, имавме и еден куп убави моменти, но сепак јас бев најлошиот син кој што може да постои, куче, нечовек, многу жалам, премногу ја сакам но никогаш тоа вистински не го покажував, сега ќе ја изгубам, каков човек можеше да бидам не ми е јасно само...
Биди покрај неа. Минатото не и' било лесно, но не е доцна да пружиш љубов на некој, се' додека тој некој е покрај тебе. Нека се чувствува сега сакано и колку толку спокојно.
Од работа ни бараа да им донесеме здравствени книшки од тие нивните жолти со доказ дека ги имаме примано вакцините. Да ти кажам искрено , отрпнав веќе на боцкње , оние вакцини од Мк не ми ги признаа уште далечната 2007 , а земајќи во предвид колку контроли за обичен грип ни правеа во Катар, не дај боже некоја да остане бремена, ОДМА ОТКАЗ !!! , така да овде од почеток пак ги примав сите неопходни вакцини па да ми е мирна главата. Ко некој дрогираш сум, на игли Фено-мено -менално осечам се Едит : Не знам зошто во Берлин не ми ја бараа оваа вакцина, ама од ко се преселив Штутгарт, леле ко ми се развика докторката, инсистираше.. Јас почнав да и објаснувам, она ми вика: не ме интересира како работат во Берлин, за тука, овој регион мораш да ја имаш
Спојлер @ivo96 Првин добредојде на форумов Било што било, тешко е, но уште поболно е што не можеш да го вратиш времето назад. Посвети и се сега максимално и дај и до знаење колку ти значи. За жал понекогаш највредните лекции ги учиме на најлош начин, но, многу е лошо да се обвинуваш себе си сега, напротив почни да работиш на себе и на времето сега што ти преостанува со нејзе