Уште за корона ти фали вакцина и можеш да леташ Јас СДК, мноогу ми се спие. Кој рано рани, мора покасно да преспие Не ги разбирам овие работлививе сонародници што ти закажуваат термин во 8 сабајле. Па уште и некој пред тебе бил, во 7.30 Така се функционирало од 7 до 3 деца, во тоа златното време на наши баби и мајки- за да бидеш во 3 попладне дома, минимум во 6 треба да станеш. Јас сум за 6 часа работно време, 4 дена во неделата.Ај, може новото време ќе донесе нови работни практики.
Сабајлево ставив стори од моето маче и добив порака од некој дечко, гласеше вака: Џабе си убава и згодна кога по цел ден си сама и го сликаш мачето, џабе се што имаш кога си осамена. Убавината е минлива. Искрено, иако денот има 24 саати и не се сликам цело време, ама во право е. Почнале и луѓето што не ни ги познавам да забележуваат. Немам никој.
Ехх летање , сигурно знаеш дека сум на земја сега и повеќе стрес имаВ, патниците се demanding , најтешко е со наши македонци , тоа беше причината што напуштив во Берлин, па се префрлив на аеродромот во Штутгарт. Проблемот беше што ме напнуваа психички , а од работа ме ставаа да ги чекирам нашиве и сега од една страна јас сум човек кој како слеп за стап почитува правила и што ни е речено тоа го правам, но кога со денови се повторува да ме напнуваат македонците кои патуваа Берлин - Скопје , да ме молат, да ми даваат чоколади, пари , мито корупција , а јас упорно се обидувам да останам смирена и по 100 пати да им повторам дека не можам да им попуштам, дека тоа што е забрането, не смеам да им го дозволам, па толку навреди се изнаслушав од нашиве дека сум немала душа, дека сум била ладна ко камен, како тоа да не им помагам на нашиве, психички не се издржуваше па побарав од менаџерите да ме сменат на друг аеродром. И сега во Штутгарт ми е супер, ретко налетувам на македонци, си има балканци, ама подруго е, секој си почитува правила. Повеќе не ги слушам зборовите : "ама на нас во Скопје ни дозволија, а ти тука не сакаш да помогнеш на наши" ( не е за сакање, туку за дозвола дали смееме или не и така психички ќе те скршат нашиве) Касно ти одговарам на пораката, до сега се депилирав, заврши пералната, готов е ручекот, ќе појдам сега до ДМ, имам цела листа за купување ствари, витамини.
Господе ме прости, каков Д-Е-Б-И-Л тој де4кото. Колку треба да си суртук за да земеш тоа да му го пишеш на некое девојче бре Ич не треба да му е гајле ни него а ни на било што сликаш и што споделуваш на социјални мрежи. Од кога тие што чуваат мачки не треба да ги сликаат и да ги ставаат на инстаграм? Прво е апсолутно недоветно така да се избациш, второ и тој штом дреме на инста и фаќа кусур кој што прави значи дека не е ништо подобар, трето ти можеш да си најдеш во секое време некој за ти врви времето ама тој пак ќе си остане сељачиште. Гледам дека те повредил коментарот, а не треба. Сите сме биле осамени некогаш, сите сме имале некои неубави периоди во животот. Ќе ни се врати ситуацијата пак во нормала, можеш комотно да си прошириш круг на пријатели и да најдеш луѓе со кои ќе ти врви времето. И кога најмалку ќе очекуваш ќе ти се случат убави работи. Не дозволувај дебили да ти го уништат денот. Ела мене некој вака нека ми пише, има да го отерам у курац уште еднаш да не му текне да дава такви препаметни коментари.
Некои машки се додворуваат на девојки така што им даваат ,, комплимент" со скриена навреда, за да ја разнишаат самодовербата на девојката и да ги прифати полесно. За жал, кај некои ова успева. Несоциопат не анализира рандом девојки според сторињата на инстаграм(апликација за забава) и не им пишува за тоа. Block his ass и гушни го мачето од мене.
А што би сликала во карантин? Него сигурно му е прекрасен и исполнет животот штом замара девојчиња на социјални мрежи. И ти љубомори зашто нема ни мачка за социјализација. Попаметна си од тоа да рандом исфрустрирани мажјаци ти реметат мир. Гушни го мачето и од мене.
Убавината е минлива, глупоста е трајна. Е тоа да му кажеш И ич не е во право. Уште не ми се јасни социјалните интеракции преку мрежа, ја чекам @KateKane да ме просветли или упати во соодветна тема. Ама преку мрежа или не, исто е, истите финти и профили, само некои нови ликови. Овој пациентот е од оние што дофрлаа(т) на улица и викаа(т) Шц
Деновиве се отепав од сонување, мислам дека се изнасонував за два животи, дури језиво ми беше константно да сонувам сенешто И нормално го прашав сезнајниот Гугл што ми е, ми рече дека честото сонување настанувало поради хормонски промени, поради удар на главата, масовното сонување исто било и показател за Паркинсонова болест Океј Си легнав, се молев да не сонувам пак, и не сонував ништо, и кога станав утрово имав добиено циклус. #ФалаТиГуглЗаХормонскатаУтеха Кратка приказна
Имам многу грешни мисли во последен период... Сакам со овие 70 милиони евра да бегам за Парагвај ама ме мачи фактот што таму нема православна црква за исповед. И јахтата ми е крива, требаше да купам поголема прошлата година кога бев во Крит. А и внатре ентериерот сакам да го сменам, не ми се свиѓа нешто. Зошто е животот олку тежок?
Денес ми надојде некоја сила, дури и себеси успеав да се изненадам. Само вака да продолжам барем додека да завршам со смотаните семинарски и колоквиуми, па после ќе можам да поштено да здивнам.
Можеби мачето не ти е се на свет, ама ти си му целиот свет него. Мачето не мисли така за тебе ко што си мислиш ти за себе. Камо сите да можевме да се гледаме и сакаме ко што не гледаат и сакаат нашите животинчиња. А на тој тиквар...што и да му кажеш излишно е. 300 години ќе му требаат да мрдне од мртва точка со паметот
Да, сељак со диплома, ама ме погоди оти стварно сум таква, anti social. Само животинчињата си ги ставам на стори.
Не си единствена. И јас секаде ставам само фотографии од мачорешките лепотани. И боље ти е дружба со тоа маче отколку со таков идиот. Батали го.Тури му пепел врз зборовите.
Ти си многу паметна жена. Си го научила ова на 20 и некоја, а многумина и на 60 нема да го научат. За жал...