Барем имаш свој живот. За разлика од некој што немаат свој живот,го трошат своето време со туѓи животи.
Немам спиено воопшто. Одам да спијам, мака ми е од човештвото, разбудете ме кога ќе биде подобро. *спие вечно Добра ноќ.
На овој ден, пред 3 години (15.05.2017) изгубиме едно драго Чадорче. Тежината сеуште ми е тука. Но, освен сликата што ја видов на кардио ми стои и слика на едно битие кое се бореше лавовски. Јас не те заборавив Чадорче, а претпоставувам и други од тука не те заборавиле. Ко вчера да ми е кога ти дојдов да те видам во болница. Таква беше како срничка, мала и нежна со еден длабок поглед. Тивка и исплашена. Сликите од лузните што ти ги видов ми останаа и ден денес а нема да поминат никогаш тие слики. Искрено премило ми е што успеав да те запознам макар и во оние последни твои денови. Секогаш ке си ми име и ник кој ќе ми е синоним за борбеност и милина. Верувам дека си во мир сега, никогаш не си заборавена мило Чадорче
Ми се смачи од тоа како сум поубава од него, како не е вреден за мене, како не треба ни една секунда да поминам мислејќи на него. Оставете ме сама во тагата, ве молам. И не олеснувајте со зборови драги најблиски. Не наоѓајте начин да ми е полесно бидејќи не успева. Nek' boli dok boli. Ова си е само моја битка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ИЗМАМА Од тел. бр 071 575 026 Се претставува дела се јавува од продавница за накит Кристал и ви кажува дека по случаен избор сте избрани да добиете промотивно поклон обетки но треба да си го платите само каргото. Денес ми стигнаа обетки, обична бижутерија од 10 ден, без никаков рекламен материјал од фирмата... нели ги промовира, а платив 150 денари за карго. Највероватно има и откуп во цената хахат оти нормално карго би било 70 ден за толку мала пратка. Можеби заработката ви изгледа мала, но удтете математика во 34 градови на пример х10 измамени
Јас: "Дванајсипол, таман да си легнам, да одморам, утре рано треба да станам." Мозоков: "Еј знаеш што, оди во другата наука и читај во темана Необјасниви случки."
Сношти после толку долго време (не знам ни самата колку) го осетив она чувство кога си толку возбудена за наредниот ден што не можиш да заспиеш до доцна во ноќта, а кога ќе успееш конечно сонуваш ствари поврзани со следниот ден. Си посакувам уште многу вакви денови.
Само треска, никакви други симптоми. Омалаксаност и глава болење. Нит грло нит кашлица. Ќе идам на преглед секако, не знам ум кај ми отиде дека е од лоратидин.
Ја читам @Dream-Girl така често во ќошето. Па нешто ми падна у очи. Пробувам да се сетам дали некогаш во животот ми било важно маусот за компјутерот дал ќе ми е бел или црвен Не!! Мислам дека никогаш не сум се 'замарала' со тие работи. Сега станав да видам мојот каков е. Црн е некој, со сребрено прошаран Од никогаш не сум обраќала пажња на такви ситници. Поздрав Дримке
Ја сум ептен ситничарка... Плус црвена ми е омилена боја и сакам се можно да ми е црвено, затоа и барав маус таков.
Ебати крадците шо се ЕВН. Во грејна сезона кога скоро цело време сме дома и врти климата, се готви секој ден и ручек и доручек и вечера и десерти, сметка 1 700. Во време кога половина месец немаше никој во станот, а другата половина климата дали вкупно е била уклучена 2-3 саати, сметка пак 1 700. Многу логично.
Не ги читаат бројачите. Кога ќе прочитаат ќе пребијат па ќе ви дојде помалку тогаш. И кај нас не дошол мислам два месеци, а сметка си доаѓа слична со тие од претходно.
Зошто ти се многу пари? Најглупава забелешка. За да можам да живеам како човек, да не се плашам дали ќе останам без денар и да бирам дали ќе платам сметките или јадење. Денес без 500 евра не смееш ни да помислиш да живееш, а платите се 200. Збогум Македонија, чекам уште две три години и јас си одам.
Внимавајте сите што имате миленици, ова денес ми излезе на фб Колку треба да си ненормален, колку треба да ти фалат даски во тоа тиквата што ја носиш за да земеш у карантин да купуваш месо, да купуваш игли и со нив да го боцкаш за некое невино животинче да го осудиш на измачување и на ненормална болка? Абе гроб да немате сите вакви работи што правите. Дно, мизерија. Немам доволно погрдни зборови за да опишам што мислам за ваквите lowlifes. Што им згрешиле кучињата, ШТО?
А кога ќе пребијат и кога ќе почнат да ги читаат? Мислам дека има разлика од сметката во февруари и мај, така што не е сеедно..
Не знам, искрено. Само знам дека во наше маало не е поминат читачот , па претпоставувам дека кога-тогаш ќе регулираат.