Не знам колку пати ја имам отворено темата Тим А vs. Тим Б и исто толку пати имам отидено на првата страна за да сфатам што се дешава.
Лето на нашиве простори не е лето ако нема барем еден комшија од зградата што излегува надвор или стои на тераса по бела маица на прерамки (или во најлош случај со љубАвниот тепих на изволте) со црево в рака и го прска асфалтот пред зграда. Да освежи од горештините де. Или па некој постар човек со рацете позади или држејќи сенка над очи внимателно ги одмерува оздола па нагоре новите згради што никнаа преку ноќ,чиниш којзнае какво чудо гледа пред себе. Комшивките на клупа пред зграда со кафиња, некои се довикуваа и преку тераса. Вртење со хулахоп, скокање на јаже, вртење кругови со велосипедот околу зграда и довикување по мама да ни фрли шише вода и пари за сладолед. Ако живееш на прв спрат- готов си, вади го целиот сервис со чаши за сите деца да се напијат. Или ќе тркнеш кај првиов комшија и ќе земеш директ од цревото вода ќе пиеш. Детство.
СДК 1: Го знаете чувството кога насекаде го ставате истиот е-mail и после ви се трупа сандачето со непотребни мејлови/работи што никогаш нема да ги прочитате? Јас еден ист меил го имам секаде, дека на телефон ми е истиот и, а ми стигне нешто гледам. И буквално ми се трупа сандачето, а ако ми треба нешто во инбокс да побарам ќе се скапам од барање. СДК 2: Добив идеа да ставам маст од невен на трепките и веѓите.Имаме дома цела кутија од Балеа и да не стои си викам ај ќе пробам може ќе успее. What do you think?Ептен е мрсна ми тежи на трепките моментално. СДК 3: Лека ноќ
02 : 23 АМ Веќе накај 3 по полноќ. Се трудам да заспијам веќе одамна. Гасете светло и тишина. Добра ноќ.
Она кога спиеш и хистерично те будат во 6 и пол (пред да одат на работа) за да го испиеш магичниот чај од магдонос, лимон и цимет од кој ќе ослабиш (фаќајте белешки, да знаете која е древната тајна), бидејќи си качила неколку килограми и се немаш видено во огледало, а треба да бидеш манекенка, ко што се/се стремат сите девојки. Ќе се заблагодарам еден ден за оваа борба и пожртвуваност што се прави за да се изведам на „вистинскиот пат".
Ги читам постовите погоре и се чудам што ни се случува на сите. Воопшто не сум спиена, никако не можев да заспијам. Ова прв пат ми се случува. What’s going on?
А јас па заспивам ама ме мачат соништата. Не дека сонувам кошмари, всушност и ретко сонувам, ама секогаш се наоѓам во ситуација да барам тоалет во сонот. За среќа никогаш не наоѓам. Или се зафатени, или им фали врата, или им фали ѕид и така се брзам насекаде да најдам. Искрено стресно ми е да помислам дека еднаш може ќе најдам и ќе се разбудам во вирче.
Ќе те извреѓа едно убаво, ќе те искрши на парчиња, ќе ти рече дека ова ви е последен разговор, ќе ти спушти... и после пак ќе се појави и ќе ти се прае лизна мазна. Епа другарче, на други тие филмови да ги праеш. А сега, крши глава.
Најјако ми е кога некој рандом лик ќе ме заследи и во инбокс ќе ми пушти слика. И нормално за да ја отвориш сликата треба да го прифатиш разговорот. И океј. Отварам,ми пратил слика од салонот во домот пишал #stayhome. Од мене реакција нема. После 10 мин ми праќа слика од мотор пишал #cuttiebaby Најјак. Само што јас не сум заинтересирана ни за едното,ни за другото и можам да замислам што му беше целта. Од такви самоуверени мажи да се плашиш треба.
Дали некој ја има видено бабичката пред Тинекс кај city mall? Лани летото постојано ја гледав и и купував цвеќиња ама сега одамна ја немам начекано .
Деновиве врескаат на цел глас - море, мореее, мореееее!!! И тоа со висок, драматичен и хистеричен тон. И на другата страна на нештата. Седам у кола, го чекам, заборавивме омекнувач. Го нема 15 мин. и ми се јавува и ми вика - а да дојдеш да го мириснеш...И тоа е...