Во вакви моменти кога ми се смачува, сакам да избегам во некоја куќарка в планина. Да имам доволно ресурси за живеење некое време и да немам контакт со никој жив, исто ко да не постојам. Само куќарката фали...
Маци, шоимаврска Корона више не се седи дома бе. Полудев. А и мислам дека малце се пумпа ќ, народ да се плаши. Ама да ти кажам, ние кај Цуци у дворче си направивме кафана, со све. Не скара, туку си спремивме бифтече, салати, мезе, исто као у Скопски мерак. Топ сме си поминале. А вчера у Три се собравме онака, неофицијално, и Никифор беше, ужи круг бе, тие шо си се знаеме, кремот. Предобро си поминавме. Немаше луѓе од надвор, само ние 30 души шо се знаеме. Топ бе топ. *Истата таа за 15 дена - маааациии не знам кај ме фати коронава, два пати шо искочив, со 50 луѓе ср видов, изгорев од температура еве. Шо па ја? Секој ден искачаа по паркови до фамилија, ја од два пути.*
Ги гледам темите снаи, свекрви, золви, балдзи, јатрви... па ми дојде лингвистичко прашање- ако е исто полова заедницат кој на кого уствари што ќе му биде? Мислам дека уствари тоа е главен проблем што не се признати со закон, мислам не можеш да се објасниш кој на кого што
Со ќерка ни разговаравме за потребата од школување, за предностите и мааните на истото итн. И во еден момент, цела изреволтирана свика: “Па најмалку 100 години ништо не е сменато во образовниот систем во светот. А колку други работи во тие 100 години се сменија? Пред 100 години некои немаа струја во Македонија, а денес носиме компјутери во џеб.“ Останавме без аргумент и јас, и татко и... и останавме подзинати... Па лајна да јадат сите академици во светов! Зарем дете од 14 години треба на ова да мисли место вие?!?
Го сакам мирисот на свежо искосена трева. И на кафето од термосот, додека го впивам и последниот сончев зрак пред зајдисонце. И мирисот и вкусот на јагодите, кои оваа година ми се некако особено вкусни. Убав ден беше денеска
Ве фатила неспремни Како ништо не е сменето, пред 100 години во мк ни училишта немало. Ги имате видено децата во Сечуан како одат на училиште, со јаже да слезат од карпа висока 800 метри? И одат на училиште, ваљда тоа нешто значи. Нека не јаде тулумби и нека ги искористи привилегиите во кои ужива- нека учи. Кај сака, што сака, ама нека учи. Нешто ако не е јасно, прати ја кај мене. Знам да бидам убедлива, секогаш ќе најдам аргумент.
Курикулумот и начинот на кои се одвива наставата се исти. Не зборуваше за условите во кои се одвива наставата. Иначе имаше школи пред 100 години. Бабите и дедовците ми беа со школи.
Начинот на кој се одвива настава е ист уште од времето на Аристотел. Еден предава знаења, другите учат. За курикулумот, не би се согласила дека е ист. Ама основата е иста, не може да прескокнеме читање, одма да се пуштиме во пишување романи. Интересното иде покасно, ко ќе знаеш што сакаш
Има работи кои не треба да се прескокнуваат. Природните науки се непроменливи. Ама рестото? Ами интерактивноста? Ами дебатата? Ами праксата? Ами земање во предвид на тоа во какво време е растена секоја наредна генерација? Посебно тоа колку е напредната технологијата. Мислам... стварно...
Ти пишала и @Sejfullai . Сум имала и дебата и интеракција, во зависност од професор, и пракса во соодветно време. Сега, времето оди во рикверц во мк, маж тврди дека подобра практична настава имал во средно отколку на факултет. Ама па, никој не ви брани да одите во Финска
Игзекли! Ништо не е сменато. Ретки се тие кои разбираат. И инциденти, не прават правило. Затоа треба унифицирана промена, а не рендом наставници да работат, за другите да се шлепаат во трулиот систем.
Сдк.. ја свесна сум дека сум малер и дека не знам да мотам, ама не може у ист момент и двете. Стварно не иде мачењево Помош
Исповед: на прв поглед толку слични ми се видоа аватарите на @Ladyy* и @*Amethyst* шо си помислив зашто за иста членка читам различни никнејмови, толку ли почна да ми се спие. А и * ме збуни. Форумски близначки
Сабајлево се мислам - силен пресек доживеав после 30тата и фала богу што е така ...a замисли сиот тој светоглед што го градиш околу сопствената појава да е чиста измама низ време и простор? И си се насмеав сама на себе. Опуштено.
Еве ви коментар напишан кон жена која бара совети за помош затоа што дома трпеле насилство и ќотек. Што веќе да напишам што не сум на форумов, што да кажам на ова? 6 жени (5 лајкови) го мислат ова, воспитуваат деца вака и креираат еден магичен лупхол од кој многу, многу тешко се излегува. У.ж.а.с Не бидете вакви ве молам.