@Ladyy* баш ми е драго што се откривме благодарение на @Dream-Girl A баш на прв поглед ни се исти скоро
Која е таа сила и издржливост да родиш дете. Жените послаб пол? Секој кој би го кажал тоа треба два пати да размисли. Никој никогаш не би издржал таква болка. Само една мајка ќе исдржи затоа жените за мене се најсилни.
Некои луѓе... треба само да си останат прости, глупи и неписмени, односно да го прифатат фактот дека се такви ко шо се, и да не пробуваат многу да ги копираат паметните, вистинските љубители на литературата и креативните другарчиња. Пошо стварно не им стои и изглеаат патетично кога пробуваат да бидат повеќе од тоа што се.
Беше само сон, но толку жив, толку реален. Еден од тие соништа што те тераат да се разбудиш среде ноќ и да лежиш долго со вкочанет поглед во ѕидот, прашувајќи се каде згрешив? Зошто не е поинаку? Најстрашно е кога единствениот избор што му останува на човек е да се помири со ситуацијата. Кога веќе ништо, ама баш ништо не зависи од него...
Зошто откако случајно се разбудиш (максимум) 1 саат пред да ѕвони алармот, па презаспиеш (бидејќи нели послатко треба да е кога гледаш дека имаш уште време за спиење), се чувствуваш како 1 секунда да поминала кога ти ѕвони алармот???? Немиепослаткопрелегнувањетопреддаѕвониалармот .
19ти мај 2002 година, еден од моите најубави детски спомени. Европската титула на Кометал посведочена у живо од крцатото Кале Кога ги видов на спотов колку остареле ме фати страв колку време поминало 18 години ејј, дете да се родеше сеа полнолетство ќе славеше
Вино во 17:40 на тераса, разбашкарена, со поглед на природа и црцор од птици, и Фемина на телефон, е убаво... Комшите готват нешто фино, мож' треба да им побарам рецепт на месинџер
Малку се запрепастив и јас кога видов денеска дека 18 години поминале. Е јас не бев на Кале, во дневна со моите гледав, ама тоа беше невидена радост, еуфорија, викање на цел глас.
Скршено срце може да се опорави и да научи повторно да сака, ама скршена душа може ли да заздрави и повторно да верува?
Обично, порано или подоцна во животот доаѓа личност што ни ги лечи раните. И тоа толку добро ги лечи, што дури ни белег не останува.
Не очекував дека вака скоро пак ќе бидам на тест ставена колку ми се силите,духот издржлив,умот стабилен...Ти ми беше рака да се потфатам кога тонам,а сега обратни улоги.Едвај за себе издржувам ,а сега морам и за тебе и за нас...Те сакам се она што сме биле:џезот&виното навечер, кафето преку викенд, кавгите за растуреното низ дома...Сакам уште многу вакви 'небитни' ствари д а ги направам спомен наш.
Уморна сум од луѓе кои ја палат ситуацијата, па после се јавуваат како спасувачи, а другите ги прават магариња.