Nobody: Absolutely no one: Not a single soul on this Earth: Јас во 00.30 на полноќ: Дали мајка што има родено дете и има 32 години е всушност маме32? Заминав со паметот дефинитивно
Инаку сдк за мене правење свадба е тотален булшит. Ќе видиш фаци што еднаш ќе ги видиш и никад више. Со тие пари би патувале или би го средиле домот и ручек со најблиските, кич не ми е потребен.
Па јас не мислам така...кога имаш вистински човек до тебе, некако го чекаш тој ваш ден..еве на пример јас..долги години со него, вистинска љубов и едвај чекав да си се видам во бело а него нај убав покрај мене во смокинг не беше ништо претерано, одбрани гости во нормален број а не 5 "колено" не сакавме и ние некој да дојде на наша свадба со кој немаме комуникација а демек ќе се радува со нас..некако лицемерно.. со мерак се спремавме, со љубов тој наш прв танц(одевме на часови за танц) блиските кои се радуваат со тебе на тој ден убавии емоции и дента, и ден денес а и за цел живот! Не викам дека мора свадба со 300 гости, па и да се и 20, 50 и 100 ама луѓе кои ти значат и се да правиш со мерак..ние сакавме нашата среќа да ја споделиме со други треба се да почувствуваш "од внатре" од душата но секој има право на избор па макар тоа да го направи само со родит.и 2 сведоци Од парите искористивме и меден месец Сликите, букингот и цд - то ми се нај убав спомен од тој ден, а секако и го памтам секој детал Да можам уште 10000 пати би го повторила тој ден, вреди!! Ај може некого ќе разубедам да направи свадба
Види, за тоа се согласувам до некаде со бројот на гостите, но родители канат и роднини до 5то колено што мислам дека е тотално непотребно. На последната свадба кај што бев имаше 500 гости, на таа што требаше сега скоро да бидам исто така толку гости беа предвидени. Би поканила само блиски луѓе на скромен ручек во ресторан и тоа е тоа, нема потреба од дополнителен кичерај. Некои ептен претеруваат. И да, ви посакувам вечно да ви е медено.
^Абе кој колку сака нека кани. Али од она што ме нервира мене е што прво ќе потрошат илјадници евра на свадбата, а после ќе кукаат зашто некој им донел илјадарка во плико. И сфаќаш зашто правеле свадба де. А не дека порцијата во ресторан е многу поскапа Не дека служат луксузно белгиско чоколадо, кавијар и октопод.
Знам дека многу од родителите се мешаат на младите и си канат кој треба и не треба, ама изгледа ние имаме среќа па нашиве оставија на нас ние сами да си бираме, сепак е наш ден а не нивни Сум била и јас на мн свадби каде имало по 300 500 гости..и што сфатив од сето тоа? Нема никаква "топлина" таа свадба..не се знае кој седи кој игра...младите не може сите да ги испочитуваат да играат со сите итн итн туку само со одреден мал број блиски...тие свадби ми се мене "пренемагање" кој стигнале викнале и битни и по малкку битни...ама пак ќе кажам, нивно право, ние само одиме и почитуваме, тоа е.. Фала, да ти се врати, да си дочекаш и ти ваква среќа
Точно, некои прават свадба само за подароци, да бидат видени итн итн..кој знае што им се мота по главата...работата е свадбата се прави од мерак како што веќе кажав твојот ден да го споделиш со нај блиските..и нас ни даваа 1500 ден а двајца...ама баш ич не ни беше битно!! Нивно е тоа, мене од тој ден, нема да ми остане во спомен нивните 1500 ден, има нешто по вредно што ќе се памти..самата веселба, насмевки, радост тоа е нај битно..никакви пари ама ете секакви случаеви има..и јас што се немам видено..поентата е се да е скромно, нормално организирано а ниту младоженците да даваат за вечера кавијар ниту да очекуваат гостите по 1000 евра да им дадат подарок...ако дојде до тоа, подобро ич да не се прави свадба.
Ние имаме добиено покана со натпис Поклон во плик. Кога маж ми ги праша младите (блиски ни се) зошто се решиле на таков чекор, одговорот беше - Да го вратиме кредитот што го имаме. Ете...и тоа го има.
Среќата ги следи храбрите, ги следи оние што не се откажуваат. И овојпат ќе останам верна на своите принципи, срцето и интуицијата пред се' друго. Ќе се обидам, макар после тоа да ми следува најголемото разочарување. Ќе се обидам... ќе успеам
Све е тоа ок и да немаш риџекшн сензитивити, наоколу има еден куп такви шо имаат, па врз основа на тоа прават џаџинг на останатите, што ги мрднуваат нормалните. Не можам да се носам со незрели луѓе кои не поминале низ сите детски болести, или не ги надминале или не ги ни доживеале, па сега у "зрели" години се трудат да ги изживеат во погрешно време и начин, па уништуваат атмосфера, тимски дух и ентузијазам кај останатите. Те вршат пасивно психичко насилство врз останатите. Уморна сум од шитовиве. Цел ден слушам глупости како во средно, оговарања, буцкања... уморна сууум... не сакам вакви срања. Зошто не може сите да сме нормални?
Денес завршив средно образование. Уште едно поглавје затворив. Да не беше fucking covid-19 денес ќе слвевме матура, и последните денови искрено сакав да ги поминам во школо.Бар мај месец да одевме.Не дека не ми чини од кога почнав почесто да искачам што сум дома, ама подруго ќе беше генерациски да завршиме во школо.. Од денес официјално (ова уште од лани го зборам иначе) се ставам на максимален распуст.Цело прво полугодие исто ко да бев на распуст ама од денес званично. Сите што сте матуранти, и што треба да славите, денес утре или било кога деновиве, ќе ви кажам едно нешто само (и себеси се тешам вака) кога ќе пројде ова, а може и летово, мислам дека цела генерација заслужено после сѐ ќе си прославиме.Не очајувајте, денес не см(т)е можеле да се соберете, ама дај Боже да има прилика и да се собереме сите со класовите и да прославиме. Честито на сите и ви посакувам се најубаво понатаму во животот. П.с знам дека може е чудно некој волку да се ,,радува” што завршил средно (демек сите може да завршат) да, можат ама завршувањето средно за мене е пат кон ново поглавје односно факултет. Ќе ми фалат средношколските денови прееемногу, ми се кине срце понекогаш ама пробувам да не мислам толку пошто ќе се избедирам и ќе плачам Се тешам искрено со летово дека убаво ќе си поминам, па во септември може и нема толку многу да ми е криво. Убави 4 години беа, со убави, со лоши со интересни моменти.Толку нови другарства створив за тие 4 години, и во школо и општо во животот, но и многу непријатели видов. Од смеења и глупости до караници и солзи, многу дешавки памтам.И добри и лоши ама тие ми се спомен од тие 4 години. Најубавите 4 години од животот искрено.Најбезгрижните години. Знам дека од кога ќе почнам на факултет нема да можам да се заебавам и да се понашам сеа како што правам. Ако продолжам уште да пишувам ќе почнам да цвилам дома Памтам основно кога завршив ( и тоа тешко основно имав, па ова ме чуди)се скапав од плачење цел јули месец по основното. Сеа за средно што ми беше предобро и преинтересно ќе ми се скине душата.Може да ме ,,пукаат” емоции деновиве ама ако. Летово ќе частам до частење. Било је лепо и било је добро Ќе ми фалат мноогу работи, искрено и карањата и нервозите ќе ми фалат, ќе ми фалат и луѓето, и професорите, и двете најдобри класни што постојат , Пак би се вратила од септември во прва година искрено, би поминала низ 4 години буквално исто само за некои работи ќе си го применам искуството и нема пак да удрам во ѕид. Ама истите глупости би ги правела Време е за безгрижно лето бичез лани не успеа до крај, годинава мора Да не оддолговлекувам.. се надевам денов ви е убав како и мојов, имајте си убав остаток од денот, ај лав ју
ОМГ ја би умрела од срам така да пишам а нај малку изговорам...ако веќе имам кредити нема ни свадба да правам, или ќе правам со родители и сведоци или што знам уште двајца тројца блиски..затоа и кажав, секој со своите "бубачки" зошто прави свадба...