Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. GirlLove

    GirlLove Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    2.681
    Допаѓања:
    8.725
    Пол:
    Женски
    Кога жена ќе ти рече :
    " Како сакаш прави "
    " Убаво да си поминеш"
    " Седи си со другарите, со мене ќе се видиме"
    Превод :
    НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИШ КАКО САКАШ, ТУКУ КАКО ТАА САКА
    ИЧ ДА НЕ СИ ПОМИНЕШ УБАВО ДОКОЛУ ТОА НЕ ЈА ВКЛУЧУВА НЕА.
    САКАМ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ, А ТИ ТАМУ СИ СЕДНАЛ СО НИВ. НЕ МЕ ФЕРМАШ. ДА СИ СЕДИШ

    ОД ИНАЕТ СЕГА НЕМА ДА ТИ СЕ ЈАВАМ, НИТУ ПА ДА ТИ КРЕНАМ НАРЕДНИВЕ 1000 ГОДИНИ.

    Ма, иди у 300 лепе.
     
    На hermosa и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    1.840
    Допаѓања:
    8.223
    Пол:
    Женски
    Јас не знам стварно зошто жените ги сфаќаат како програмски јазик C++.
    Ако кажам нешто тоа и го мислам.
    Или па чекај, жена сум, па затоа се спротивно ќе кажувам и ќе се правам многу сложена. :nod:
     
    На Avery, RoseRain, Purplelilac и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    2.549
    Пол:
    Женски
    Другарка на која што при рандом муабет ѝ спомнуваш за сопствена позитивна промена и пламнува во убедување дека се лажеш и дека не постои такво нешто, додека истата е прва да бара и најде игла во сено кај било кого и во било што...што да помислам м?
     
    На pdb123, DojaCat, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Alisa22

    Alisa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    8.944
    Пол:
    Женски
    Зошто и го правела тоа ? Да ми извиниш понашање ко малоумна , па не сме мали деца ебате директно ќе си кажам што сакам што ми смета никој не е должен мене мисли да ми чита . Се додека се понашате така ќе си имате проблеми.
     
    На Avery, CameliaMiller, Peperutce1115 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Она кога си ја ставаш раката во чевлите за да провериш да нема некоја бубачка или нешто. Затоа што нели ако ја ставиш ногата ќе ти направи нешто ама на раката ништо не и може.:^)(facepalm)
     
    На T.e.d.d.y, CameliaMiller, Peperutce1115 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    4.875
    Допаѓања:
    111.295
    Глава не можам да кренам денес, се чуствувам прегазено.
    Тиха језа ради короната, ама автоимуната ме убива на вакво време.
    Вчера си јадев и колбаси, онака лабаво, па и салата и се тоа несигурно, контаминација, траги, а може и глутен...
    Денес дијареа и гадење.
    Како сама си закомплицирувам значи.
    Ме боли телото.
    Со сите симптоми сум за короната(facepalm).
    Може и ја имам, а може и мојата недисциплина ме ремети денес.

    И овие од Стопанска се лудило. Тројца луѓе пред мене, чекав половина час.
    Не знам како се уште имаат толку многу клиенти. Никаква услуга. Никаква.
     
    На CameliaMiller, gjoker4e, Nightwish11 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    15.583
    Допаѓања:
    94.927
    Пол:
    Женски
    Каде е @Herrera ?
    Алооо,има ли пилот у авионов???
    Да се јави на рецепција @Herrera
     
    На Purplelilac, LejlaD, Herrera и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    7.329
    Фала на помисла :hug:

    Ве читам само, посебно оваа тема , па си реков да одморете малку од мене, доста ве гушев , уз пат да зачувам позитивна енергија.

    Добро сум, се е под контрола кај мене.

    Фала уште еднаш што се сети , биди ми поздравена :hug:
     
    На Cutiepie1, gjoker4e, Nightwish11 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    42.344
    Една прекрана вест ми ја разубаве вечерва.
    Не е се' така црно, јас надеж не губам :f::mm:
     
    На LejlaD, gjoker4e, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Незнам каде да прашам знаете ли каде уште развиваат филмови од старите апарати?
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.437
    Допаѓања:
    98.104
    Порано не можев ни да замислам што би бил најубав подарок.
    Како старееш стануваш филозоф, а можда и самарот ти е потоварен, па дур си викаш, ајде ле, можеш ле, измеѓу грижата за сите драги луѓе, грижата за себе и се останато што ќе ти се накалеми, и да не си верник, стануваш нешто од тоа.
    И така... се фаќаш како почнуваш да се молиш за друг. За родителите и своите деца веројатно е природно да се молиш, но и за некој друг, подалечен.
    И така филозофски ко што ме дал горниот, навистина сфаќам дека најубав подарок е некој да се помоли за тебе, а да не ти е ништо. На кој Господ и да му верува, како и да се моли... Ама ете... да се помоли со тебе.
     
    На Anie93, LejlaD, faye и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Принцезичка1

    Принцезичка1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.246
    Пол:
    Женски
    Фала ти Господе што ме создаде таква каква што сум.:l:
     
  13. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    32.719
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ептен знам да се измачувам со мислите. Толку многу анализирам што на крај сама ќе се доведам до грижи, иако реално можеби нема никаква основа за тоа.

    Се договараме да шетаме со еден драг пријател, јас не можам а да не се јадам да не му досадувам, дека се согласува на моите предлози само од учтивост.
    Човекот има кажано неколку пати дека не можи да се дружи со луѓе што не ги поднесува (што треба да значи дека скроз океј му е дружењето со мене), а мене пак некој црв ме јади одвнатре.

    И морам едноставно да ја отворам оваа тема на разговор, нема да бидам мирна дури не се осигурам дека не сум напорна личност и дружењето со мене е бидејќи сака, а не колку да ми ги поштеди чувствата. Морам да сум сосема сигурна дека сум добар пријател.

    Знам и од каде ми доаѓа овој страв. Еднаш на времето си имав "пријатели" кои секогаш кога можеа ми плескаа в лице дека им досадувам и сум напорна. Секогаш кога со возбуда ќе зборував за нешто тие ролаа очи.
    И сега со секој нареден што комуницирам се плашам дека исто ме гледа..

    Толку ли бе ми ја разнишаа и онака малата самодоверба? До толку да се прашувам дали сум доволно вредна за некој за да ме дружи..?
     
    На Queen of Hearts, Cherry blossom89, lovestoneddd и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Kolku e teshko da mu udovolish na site ...neznam se izgubiv samata sebe!
     
    На hermosa, SnowWhite8, Sejfullai и 3 други им се допаѓа ова.
  15. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    6.756
    Пол:
    Женски
    Been there done that...

    И не само тоа што го пиша, дури некогаш кога ке дојде ред јас да кажам нешто чудно ми е што сите ме слушаат што сум сакала да кажам, и јас имав од таков тип "другарки" у средно коа ке имав нешто да кажам си ги вртеа главитe и си почнуваа муабет меѓу нив дур јас не сум ни завршила со реченицата, а иста беше и мајка ми таква ...

    Ама сега како што минаа годините сфаќам дека луѓето што се со мене се со мене зошто сакаат а да не сакале не би биле.

    А уште ми стои тој некој сомнеж да не се "наметнувам" но гледам да го елиминирам и да поминам покрај тоа.

    :l:
     
    На Cutiepie1, Cherry blossom89, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    24.936
    Пол:
    Женски
    Ти си последна на листата на личности кои би рекла дека го гушат форумов.
    Најсериозно, има доста конкуренција. :D

    А за другиот дел за зголемување на оптимизмот кога си подалеку од форум во потполност се сложувам.
    И самата гледам што повеќе да го применувам периодов, затоа што отров е станат.
    Ама кога ќе пишеш прва ќе те читам, така да си знаеш. :P :hug:
     
    На Herrera, Nightwish11 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.437
    Допаѓања:
    98.104
    20200522_145041.jpg
     
    На MeowMeow, piglet1, Purplelilac и 14 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    9.367
    Пол:
    Женски
    Од сега ќе бирам на кого да враќам пораки, пола сандаче е блокнато, да се правдам за мои одлуки нема.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    4.393
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓето толку немат свои работи да си ги бркаат, па ги гледаат туѓите? Пред некој ден комшиите буквално во ќесето ми се ѕвереа да видат шо сум испазарувала, денес други го зјапаат дечко ми да видат дали можда го познаваат. Страшно.
     
    На Cherry blossom89, buba4e89 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    1.602
    Нема понапнато возење од она со татко ти.
     
    На Purplelilac, Cherry blossom89, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.