Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    162.691
  2. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    Не можам да имам респект за луѓе што изневеруваат. Што сака нека се, успешни, паметни, генијалци, јас едноставно никад нема да имам респект и да ценам како човек некој што ја фрлил у ѓубре довербата на партнерот само пошто одлучил да е гнасна животиња дур партнерот го мислел за животен сопатник, сродна душа или не знам ти што.

    Овој принцип ми служи како еден вид на филтер за луѓе што ги имам у животот.
    Ако некој тоа го направи на сопствениот партнер / е преголема пизда да му признае на партнерот дека нешто не штима у врската/бракот, што можам јас, како помалку значајна индивидуа во нивниот живот да очекувам? Ништо.
     
    На sweet-cherry, Lianna Anna, Annahhh и 31 други им се допаѓа ова.
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Се мислам каде да влезам да изигрувам експерт и да си исфрлам негативна енергија врз некого.
     
    На S.W.A.G, Dentina, Keiner и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.897
    Допаѓања:
    81.467
    У темата за Корона :D
     
    На Feminka192, JuLleE, piksooki и 4 други им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    За таму има мн експерти, дај некоја подзаборавена а интересна.
     
    На JuLleE и Ordinary им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    за и против вакцини :rofl:
     
    На theowndemon, JuLleE, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Snow_King

    Snow_King Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Машки
    Корона ситуацијава ме натера да се потсетам колку може да се ужива и во обични ситници. Преоптоварени со секојдневно брзање, планирање, обврски - со еден збор урбан хаос, ние не стигнуваме да уживаме во моментот.

    Колку ми е пријатно сега лежерното кафе на тераса, додека уживам во зеленилото на дрвјата, слушајќи ги птичките и греејќи се на сонцето. Може со мерак и без брзање да се посветам и на спремање оброк, на читање книга без да морам да се прекинам...

    Ми се свиѓа и што луѓето се вратија на природата. Не памтам никогаш да имало волкав број на луѓе кои отидоа подалеку од градскиот асфалт и бетон. Кога сме веќе тука, сакам да кажам дека треба и мора да се садат уште повеќе дрвца. Секој празен простор (а го има премногу низ Мкд) треба да се пошуми.

    За крај ве поздравувам со деликатесот од мојот двор: :hai:

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Love 83, Cherry blossom89 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Во 40 ка мирно ли е?
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    таман си е
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.397
    Допаѓања:
    42.287
    Мене па Коронава ме увери дека најбоље е никад да немаш телевизор и радио дома, со што нема никој да ти го пере мозокот и да ти ги билда имформациите и да те ебе у здрав памет.
     
    На S.W.A.G, Cherry blossom89, buba4e89 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Форумов врие со искомплексирани луѓенца што само сакаат да се направат паметни. Да ти се згади. Човек да не побара совет/помош, мрднат ќе те напраат. Бјак!
     
    На sweet-cherry, Love 83, deskarada и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    162.691
    Она кога едноставно знаеш дека се испадне заникаде.
    Се осеќам ко под вода.
    Што све не се се случи, па и ова сега... Ама ќе видиме како.
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.931
    Пол:
    Женски
    Сватам е новото незнам.








    Ве иритира? И мене :nod:
     
    На S.W.A.G, FreeMind, flawless_ и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    9.300
    Пол:
    Женски
    Сфиѓа го заборави (facepalm)
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.387
    Помирно не е било:D
    Оди во Снаи и золви, подели некое имање:rofl::rofl:
     
    На S.W.A.G, galapce и GirlLove им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Ај да видиме дали ќе ми се насмевне среќата овојпат :wasntme:
     
    На hermosa, GirlLove и piksooki им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека веќе дојде време да го пишувам овој пост.

    Како и обично не знам од каде да почнам.
    Пред околу четири години, во темата „Првиот ден од средно“ го напишав ова:

    Посакувам да се вратев во времето и да си кажев де не се припотресувај, ќе биде океј. :D Навистина, тогаш уште не ги бев запознала 90% од луѓето што ги знам денес. Тие кои ги знаев тогаш, доволно е да се каже дека во 4 години си имаме разменето вкупно 3 реченици. :lol: Групите од кои децава не се делеа сите до една се распаднаа, се создадоа нови. Па и тие се распаднаа. Се создаваа нови односи, нови динамики... Морам да кажам дека сум доста сменета од тогаш, многу повеќе сум му лута на светов, ама и многу повеќе разбирање имам генерално за случувањата околу.

    Сепак, како вчера да беше кога првпат нѐ наредија во училницата. Чудно ми е бидејќи како минуваше секоја наредна година и како што стануваа поблиски сите тие недостижности, не ми изгледаше дека се приближувам кон крајот. Веќе средината на четврта ко шлаканица ми дојде фактот дека почнуваат да се дешаваат последни работи. Да не го заборавиме чума-факторот кој нѐ сполета ненадејно. Вечен непребол ќе ми останат тие последни месеци кога требаше да биде најубавиот дел од средно, според сечии кажувања. Па спремање матура, текстови за алманах, фустани, таблоа, чуда... Ништо. Ронава сѐ однесе со неа. :rofl:

    И додека уште одев во школо имав носталгија, и си мислев, како ќе ми биде еден ден кога ќе се сетам на овие денови и ќе ми текне дека никогаш повеќе нема да ги доживеам. Само не мислев дека толку брзо ќе дојде тој ден. Не бев спремна така да се збогувам со училиштето навистина. :( Сепак, се тешам дека ваквите трогателни збогувања се цената која треба да се плати за незаборавните искуства од кои не сакам да се разделам. Барем имам за што да носталгичарам, нели? :D

    Знам дека за повеќето луѓе средното школо не е некој значаен фактор во животот, и знам дека кога ќе се сетат помислуваат еј, добри времиња, ама со никој веќе не правам муабет, останато е тоа во историјата. Можеби и јас ќе мислам така еден ден и сево ова ќе ми биде предраматично, ама нешто ми вели дека нема. Мислам дека премногу незаборавни работи поминав во овие четири години за да мислам така во иднина.

    Многу ми е нереална целава ситуација некако. Вчера бевме загубени дечиња, денес сликани со тоги и капи по социјалните мрежи. Кога летнаа годиниве, навистина не знам. Да можев сега да се вратам во прва година без размислување би се вратила и би преживеала сѐ одново.

    За крај, бидејќи задолжителното образование ми завршува тука, би кажала нешто за сите сегашни и идни просветни работници, ако има такви што го читаат ова:

    • Ве молам фокусирајте се на она што е целта на едукацијата: крајното знаење. Не е битно толку дали ученикот ќе ти донесе презентација на време колку што е битно по 10 години ако го прашаат да знае кој е автор на „Пеколот“ или мерна единица за напон. Вакви ситни работи многу се занемаруваат. Памтам во втора кога се учеа оперите музичко. Сите знаевме која опера од кој е, ама најбитниот дел (да можеш да ја препознаеш) не верувам дека некој го знае.
    • Тенденциозното намалување оценки на ученици (тука спаѓа и ниска оценка заради неконтинуираност) не ви ја докажува поентата, туку ве прави да загубите секакво достоинство и професионалност во очите на ученикот, за почит да не правиме муабет.
    • Строги професори по дифолт не се добри професори. Верувајте, децата имаат многу поголема желба да учат ако професорот е забавен, ако објаснува на интересен начин близок на децата и ако си прави муабет со нив како со другари. Професори што имаат став ко на Харвард да предаваат се low-key annoying.

    На крајот од краиштата омилените делови од училишниот живот ми беа моментите поминати со соучениците додека си објаснуваме задачи пред тест, додека решаваме заедно на час, додека си збориме за сѐ и сешто со изгасени светла втора смена, додека се спремаме за натпревари и секако, кога секој успех, од најмал до најголем е acknowledged и прославен. Нема ништо поубаво од тоа професор да ти каже дека е горд на тебе или дека верува во тебе. ^_^

    Сега кога немам идеја што наредно ме чека, сакам да се потсетам дека исто вака се чувствував и пред средно, па сѐ испадна како што треба на крај, дури и многупати подобро отколку што можев да замислам. :) Bring it on, I guess...
     
    На sweet-cherry, Lianna Anna, crimson и 23 други им се допаѓа ова.
  18. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.931
    Пол:
    Женски
    Чувството кога мозокот е буден и расположен а телото уморно и моли за сон;(:sweat:
     
    На Herrera и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.
  19. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден и се пофалив на другарка колку ми е чисто лицето и денес се разбудив со Брајова азбука на чело. Пишувало „стај маска ама наместо 15 минути, држи ја 40 за да го шокираш лицето.“
    Јадам баклава со кило шербет за дополнителен ефект. Следи рецензија на мојот блог, стеј тјунд!
     
    На Hellobeautiful, LucyLu, FreeMind и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    162.691
    Сите ние што сакаме да дознаеме што се деси со ликот на Шеќерлеме на твитер, со прекрасните описи на Истанбул, мајка на две ќерки, морските ѕвезди, бивша балерина, со ангаржман со проект со деца со посебни потреби.
    А баш убава приказна...
    Стварно ме интересира што се случи?!
    А од прв момент знаев дека е фејк, ама се осеќав за лош човек зошто не верувам у убави работи и слично.
     
    Последна измена: 26 мај 2020
    На crimson, LucyLu, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.