СДК многу работи ќе ми останат во животов нејасни. На пример ова https://www.france24.com/en/2020052...ed-to-live-without-food-or-water-dies-aged-90 Не ми процесира мозокот вакви информации, мемориска помош @WildMk ? (пошто се пофали дека стално процесираш) И други видувања се добредојдени.
Уфф луѓе. Денов ми почна со една прича од страна на мајка ми. Наводно другарица на другарица, женичкава има до 50 години, се допишувала со некој си Србин роден во Америка. Се запознале на некоја од овие апликацииве за дејтање. Тој бил во војска и не смеел да разговара со никого, едвај со неа му давале да разговара. Никогаш не се гледале на камера зошто не смеел. Ептен бил заљубен во неа, дури и другар негов на женичкава и пишал мејл да ја праша што му направила на човеков за тој толку да се заљуби. И праќал демек слика од лична карта а тоа темплејтс од гугл имиџис со фотошопирана слика од некој згоден дечак. Абе сите слики фејк. Наводно и пратил и пакет со злато, негови документи и 450,000 долари па дури и го кажал бројот од сефот. А где је сеф? Нико не зна. Пакетов никогаш не стигнал до неа, од амбасада и барале да му прати на него 1500 долари и женичкава си ги пратила, све за љубав! Исто така, во пакетот имало и папирче кое таа требала да го потпише за да се венчаат бидејќи он само така можел да дојде во Србија. Женава тугува, заљубена е во него страшно. Самичка е, децата којзнае кај и се и нема кој да и посочи дека ова не е у ред и дека е дел од една голема измама. Ептен жал ми падна. Мозокот ми се измори пишувајќи го ова. Нажалост не е ни прва ни последна што наседнува на вакво нешто. Мајка ми пак се изнасмеа.. А мене душава ме боли, женава нит ја знам нит ја познавам. Некој ќе рече толку ли смотани луѓе има. Би ги нарекла наивни. И стварно некад човек се ќе направи само да не биде сам, на се ќе наседне.
Не вервам. Баш вчера гледав два-три документарци за култови. Не го знам чоеков, ама на култски лидер ми личи. Тие имаат такви нереални тврдења. Ќе умри ако не јади - На секое тело за да се движи му треба енергија- Физика. Толку од мојот лајн оф тхот
Абе наводно го имат мониторирано 2 недели, по 24 саати. За документарни цели. Нит јадел, нит пиел, нит процесирал аутпут од јадење и пиење Кому би било интерес да лажира и популаризира вакви феномени? Со акцент на интересот.
Ако сака да ја задржи илузијата на моќ, и ако има 'потреба' од следбеници, воопшто не е чудно да си придава нереални способности. За 2 недели, не се сомневам. Пошто може да се издржи... а и ако медитира, и подолго... Пошто во длабока медитација се успорува работата на цел метаболизам. Ама 90 години, или ај.. 50 години да не јади, нема шанси.
Како ги третирате своите подредени, така во суштина се однесувате со своите деца. Како ви е односот со надредениот, таков ви е односот со вашите родители. Бонус е што почесто од тој однос излегува делот кој често не сакаме да си го признаеме и не е толку убав колку што би сакале, а обично го маскираме под љубов и слични изговори. Може да се различни луѓе, со различни карактеристики, но доволно е една суптилно слична и ...тоа е тоа. Со еден надреден да е се одлично и да се базира на почит и разбирање зошто е одличен слушател како мајка ти, но со другиот да оди затегнато зошто е ист како кога мајка ти сака да ти наметне да јадеш манџа. Карикирам, но тоа е тоа. Или со едниот подреден да ти оди супер, зошто тоа е послушниот дел од твоето дете, но со другиот да се расправаш зошто се инаети како кога на твоето дете му нудиш брокула. Кој тригер ќе ни го дирне. Жива вистина...
Може ли да помислиме на минутка на сите вработени во маркети и да научиме нешто добро од целата оваа ситуација? Немале слободен ден со месеци, а на одмор не помислуваат со години. Зборувам за малите маркети во Охрид, а во другите градови не знам како е. Им пишуваат лажни слободни денови и одмори, а цело време се на работа. Ми се зборува понекогаш за инспекторката што пазари во тој маркет, гледа дека се секој ден истите таму ама си тера пошто излегува со полни ќеси подароци нон-стоп. Мрсул од човек. Жените се менуваат, по две смени оди една во есен за да ја замени другата да направи ајвар, па после и таа да може да биде сменета. Ние носиме голем дел од вината. Кога има побарувачка, "газдата" сака да ја пресретне. А вработените се во безизлезна ситуација затоа што ако се побунат тој веднаш ги брка, а тие каде ќе одат кога секаде е исто? Што научивме: пазарењето може и треба да се планира. Ќе преживееш со затворени маркети во недела. Како што ти сакаш неделата да ти е за слободни активности, така сака и вработениот во маркет. Ако не одиме, ќе сфатат ваљда дека нема проблем да затворат еден ден кога и онака нема промет. Шо знам, можеби и можеме да повлијаеме.
Ми фали Скопје. Ми фалат милиони ситници, како турското за 30че во Олд Скул, излижаните црвени старки, цутот на Максим Горки, пролет во воздухот и летни дождови што мирисаат најубаво на свет. Ми фалат претставите на ФДУ, читалните и библиотеките, и чичкото на кеј што ми даваше бесплатни книги кога немав скршен денар во џебот. Уште ги чувам ко очиве, а Хесе ми го смени животот. Мајку му, ми фалат и сите љубови што во принцип никогаш не беа тоа, а искрено верував дека беа. И можда и беа. Ми фалат и луѓето, а секогаш ме убива чувство дека веќе никој не познавам. Глупа носталгија. Кога ти се чини заокружуваш круг, ни почетокот ни крајот не се тоа што си мислел...
Не ми е јасно зошто е толку тешко да се даде препорака... И додека некаде во странство е чест за просветниот работник да даде препорака, кај нас треба да се моли за препорака. Истото е во склоп на работни обврски, ако некој побара, освен во некои исклучителни случаи, треба да се даде. За жал остава слика какво ни образованието. Многу комплекси, наместо поттик за создавање на експерти. И после не ни е добро образованието, нема да ни биде додека е вака. Ако еден ден бидам на позиција да давам препораки или на било кој начин да помагам на студентите, и други млади луѓе, и од нив да направам експерти кои ќе бидат нов потенцијал, ќе го правам тоа со особено чувство на гордост и драга волја. Неправедно е, разочарана сум. Еден ден ќе работам сето ова коренито да го сменам. Жалам што студентите не се водечка сила, ова е некоја погрешна епоха.
После долго време почнав да трчам, се чувствувам преродено. Сакам пак иако на подолга релација трчав сепак толку убаво ми дојде што сега сакам и светот да го освојам. Два пати неделно можам да одвојам по пола час во денот да се истрчам.
Вчера на некој канал на вести слушнав дека само во првиот ден од карантинот имало околу 50 пријави за семејно насилство од страна на жени. Не знам дали беше само во областа на еден град или цела држава, не се сеќавам. Се згрозив. И ми се плачеше, и сакав да врескам на глас кога го слушнав ова. И си велам, се' досега, уште колку пријави имало? А уште колку многу случаи останале заташкани и никој никогаш за нив нема да дознае? До кога жената ќе биде само еден обичен објект, боксерска вреќа, сунѓер што ќе упива туѓи фрустрации и неизлечени трауми што испливуваат на површина кај најневината личност во ситуацијата? До кога од мали нозе ќе го учат девојчето дека мора да се научи убаво да ги здипли чаршафите, да ги измие чиниите и гравот да го свари како што треба за да не ја кара/тепа мажот или свекрвата? Зарем уште неродени женските деца се осудени на посебен начин на одгледување за да се прилагодат на некоја шема, додека машките по дифолт имаат предност? Особено ми се превртува желудник кога велат „машко е ама, така чини“. Супер изговор за да добива се' што сака, кога и да сака. „Женско си, така мора.Така треба.“ Ќе издржи поради децата, ќе издржи за да избегне осуди и плукања од околината оти „којзнае, можеби сама си го барала/маж е, го личи/кога не слуша маж или свекрва, така ѝ треба“. И сама не знам колку пати сум пишала за ова на форумов. И не дека нешто многу ќе смени самото тоа што пишувам. Ама верувам оти токму тој дел од вестите не беше оној што на многумина им остана в глава некое време откако го виделе и дека ги потресло нешто особено. Верувам оти други работи секогаш ќе бидат пред ова, бидејќи далеку сме од нормален, рамноправен народ. Гнилежот балкански нема да се искорени се' додека не се крене поголема свест за овие работи и не се престане со дофрлања за улогата на жената и мажот во општеството. И не, не сум тип на човек што генерализира и става секакви луѓе во ист кош. Ве молам, престанете со овој аргумент што толку го обожавате при дискусија на оваа тема, крајно излишно е.
Не ми смета кога некој цели да воодушеви или импресионира некој друг, ама кога во остварувањето на таа негова цел, потценува, понижува или деградира некој трет, тоа веќе сериозно ми смета и ме револтира. И ми е многу подло, ниско и безобразно.
Колку и да не одите тие секогаш ќе имаат надеж дека некој ќе дојде. А ако видат дека никој нема оправдување ќе им биде дека треба се да се исчисти. Сепак добра идеа