Не верувам во случајности. Како е можно, првиот ден ко стапнав на оваа битолска земја, излегувајќи од маркет да налетам на бившата љубов со неговата жена? Тие излегуваат од кола, а јас излегувам на врата од маркет. Лице в лице. Таа претпоставувам не ме познава. Втор случај : Требаше да одам до маркет кај 8:30, ај реков да каснам нешто ќе ојдам покасно, кај 8:45. Ок... Одам. Истиот бивши ми, излегува од кола и се начекуваме на врата, гледаше дали работи маркетот. Го оставам да влезе. Земдм корпа и идам право, имам чувство дека е блиску.. Баам! ОД моја десна страна. Се вртам и му велам здраво. Го погледнав во очите... Беше уплашен, нз зошто се стаписа. Не се сеќавам дали ме отпоздрави. Низ маркет, уште два пати се видовме.... Инаку бевме само ние двајца и вработените. Битола иначе се враќам по пола година. И случајно се сретнувам.? Баш кај мене во маало. Од толку маркети шо му се блиску? Прилично подалеку живее од мене. Едно знаам. Ме копка за тебе уште нешто.
Денов ми беше преубав. Само што се прибрав заврна, среќник сум пошто смрзавав цела вечер. Ептен јак ден со многу рандом дешавки. #freedom едно од моите мота Сеа ќе легнам мирно, дур да искочам прееска цел ден ми се тресеше душата некако (најсериозно), од коа искочив накај 20:30 ми се смири пополека хахахај Имајте убава вечер и слатки сништа (не приметувате дека два дена веќе сум на ,,добрите” само изјавувам љубов )
Сакам да кажам дека сум пресреќна дека овој човек ќе стани татко, зошто сега ќе имам нов тип на видеа од него. Инаку сите видеа кои ги прави се предобри и за некој кој има потреба од помош, пародии. И таман видов пред недела дена известувањето дека очекуваат бебе, искрено не можев да дочекам дур не почнат со видеата. П р е с р е ќ н а ме прај ова. Уживајте заедно со мене. Притиснете play.
Времево е хаос значи, град и реки дожд се истурија еј, град бе Се моли Мај да престане да се однесува како да е Ноември( океј, стара е форава знам, ама морав да спомнам хехехехе). @GirlLove Не си ја поболвај душичката со симпатии кон забранетото овошје Било па поминало, и да, верувај дека постојат случајности
Кога ќе застанеш пред група луѓе да збориш за тоа што го сакаш и живееш и во моментот се почувствуваш толку жива...и сакаш да трае и трае и трае... Па ти текне дека со години си умирала поради тоа што тој до тебе те туркал во пропаст... Прајслес..
Ова го сметам ко благослов за мене и дм,ретко се гледа ваква глетка. Се верува дека носат плод и среќа.
Па повториме. Две кафиња на ден не. Пазарење на гладно не. Бош ден. Ама баш бош ден, иако фино почна. Се сушам од дожд, се мислам дали требаше уште нешто да испазарам и што требаше да допишам. Би го носела во кафана на поховани тиквици и зденки. И пилешки увијачи зашто не му е јасен концептот. Ни мене, да бидам искрена.
Се чудев неделава зошто воопшто немам апетит а стомаков компонира симфонии. Ме збуни бидејќи последниве неколку месеци баш обрнував внимание на исхрана и со мерак си го јадев секој оброк. Тоа да сум ти била потсвесно под стрес. Ептен ме мачеше една мисла, ме грицкаше одвнатре. Денес дознав дека всушност се ќе биде во ред па еве мирна сум си. За се што сум се секирала до сега се покажало одлично на крај, се надевам дека така и ќе продолжи. Само јас да најдам начин да си го регулирам стресот.
Па доколку немаат пари и за нив зошто да носат на свет невино дете да се измачува и да пати ? Тоа сакав да го кажам.
Ме насмеа. Инаку, диетата продолжи си ја од утре како што ја почна. Ич нека не те демотивира оваа една грешка која ја имаш направено. За 3-4 дена со средена исхрана и малку вежбање ќе го надокнадиш овој оброк со тоа што ќе бидеш во минус. Сега нешто друго.. Се видов конечно со другарка паничарка од инфекции, бактерии, бубачки и вируси. Доаѓа онаква со наочарчиња и дукс на триумфална како nerd, и ми вика ,,Одор, абе имаш влажни марамици?" И викам не, зашо? ,,Ја иам" И ми вади две паковања. Аман Милице, како да го сфатам ова. Како акт на ,,смрдиш, прљава си и избриши се" или едноставно да ја прегрнам нејзината фобија со две рачиња. Како и да е, знам дека немаше лоша намера и ја обожавам.