е продолжам, тоа ми е во план, ама толку многу гладна бев па и одамна немам јадено пица ова ми дојде 1 на 10 Сакав уште некое кг да симнам иако сум 58 едвај. Од утре само здрава храна.
@bicycle Само еден cheat day е. Уживај. Да ти кажам,луѓе во моја околина кои имаа по 1 cheat day имаа подобра контрола и подобри резултати од луѓе што строго се придржуваа до диетата.
Трпението е доблест што ретко кој ја поседува. На моменти, за жал, јас сум екстремно нетрпелива. Работам на тоа, се борам со себе и знам дека резултатите не доаѓаат од денес за утре. Ќе се исплати трудот, мора да се исплати...
Колку лицемерни луѓе има, ти се прават пријатели, фини се, им даваш место во твојот живот и оп не им чиниш. Среќа па за брзо време знам со кого си имам работа, па знам да пресечам. Ме мислат за мутава, ако, поубаво. И лажни ветувања. Ова најмногу ме нервира. Јас ако не можам, не ветувам. Не сум побарала, се нудеш и те снемува. Му доаѓа како силење, а никој не бара. Научив оддамна да се потпирам сама на себе. Може тешко ми иде, ама ете барем не ме возат. Кога влегувам во врска со пријател, другар, не го правам тоа од корист, туку од срце. Но не се сите такви. А има и луѓе, големи со душа и срце ко планина. Таквите не ветуваат, не ти мачкат очи. Само се овде до тебе. А некогаш некој само треба да биде до тебе. Да те ислуша, да плачеш, он само да биде до тебе. Или да те гушне. Никаква услуга не ти треба.
Пијам пиво, имам чудна сензација на десната нога на бутот, како чешање и опекотина, а немам ништо. Гарант се мрднувам. Или ме полазил некој пајак и сеа два дена ќе се чудам. Бевме кај другарка во дворче. Под стреа, нес кафе и сладолед. Малку раат. Муабети од доење до одмори во 2021. Можеме да си фантазираме до бескрај. Ми фалат моите. Во сабота ќе ги договорам да се видиме во парк. Срце ме боли понекогаш, за сѐ.
Од кога почнав со Диета (начин на исхрана),сватив уствари дека не ми фалат,оние фаст фуд оброци,хамбуреги,чизбургери,кока коли,чоколади,газирани сокови,шеќери и триста чуда,едноставно све е навика,се надевам дека со години и години ке си терам вака
Едни убиваат без грам чувство на вина зошто се расисти, други правдаат насилство на родител врз сопствено дете зошто девојката дувала, трети праваат милион срања у име на измислица наречена религија... ебате примитивните створења што сме!
@MissChievous А,ти што правиш? Тоа што го нарекуваш измислица,за друг е вистина. И нормален верник и фанатик не се исто.
Што поточно те интересира што правам? А од каде потекнува религијата ако не од измислувањето на човекот?