Логично е за него да е измислица , затоа не верува. Да мислеше дека е вистина, веројатно ќе веруваше. Не знам лако го замислуваш концептот атеизам.
И за навредите е исто.Тоа што за тебе не е навреда,за друг е. Зборот „измислица“ е навреда за верник,исто колку што е навреда за атеист да чуе од верник дека неговите тврдења се „измислица“,а немаше да биде навредливо да ти стоеше во мислењето дека трети прават милион с***а во име на религија. Не можеш да ги ставаш нормален верник(кој почитува верници од својата и од другите религии,и агностици и атеисти) и фанатик(кој кажува глупости/прави лоши нешта и се правда со религијата,иако религијата не ги одобрува тие негови постапки,а тој не сфаќа)во ист ќош.
Прво, никогаш не би се навредила ако било кој ме осуди дека сум атеист. Второ, верниците тврдат дека нешто постои, а не можат да го докажат (иако религите имаат широк спектар на тврдења) тоа. Атеистите не тврдат дека нешто постои, само бараат доказ, а тоа не е тврдење. Ама јас не ставив никого во ист кош, само реков дека има луѓе што прават разни срања во име на измислица наречена религија. Не ми наметнувај нешта што не сум ги рекла.
Страшна глетка. Времево не е нормално Утрово во Рабат малку пустошел,а завчера во Мелиха на некоја плажа,има штети среќа нема повредени.
Јас еден ден сум : да се преселам на село, мир, медитација, најблиски луѓе околу мене, животни и бавча Следен ден: сакам патувања, журки, плажи и многу луѓе, хотели и луксузи И така во круг, ни јас не знам што сакам од моите контрадикторности .
Сфатив дека скромноста воопшто не била доблест... Сакам да земам сè повеќе од животов, сакам себично да ги изместам границите на мојата удобност. Колку било убаво кога ќе почувствуваш искрен момент на среќа на една пресвртница во животот. Срцето ми прерипува, радосна сум, ми се кажуваат добри вести на блиски, ама не можам да изустам ништо сè додека не сум сигурна. Имам понеделничка мотивација, и сакам да ме држи што е можно подолго. А вие петочки орасположете се, сите нè чекаат поубави денови!
Секој ден учам нешто ново. Денес го научив правилниот начин на спростирање на алиштата за сушење, за да не ми се смеат другите кога ќе ги видат.
А ти за другите ли живееш или за себе ? Многу ли ти е битно што ќе речат другите или како ќе реагираат за тоа што ти правиш во твојот живот и на кој начин правиш некоја работа ?
Сакам да кажам дека зимава спиев со две ќебиња и јорган. Вечерва спијам со две ќебиња и јорган. УшТе МаЛкУ јУнИ и ЛеТо Е ха-ха-ха.
..Битно, да знаеш дека имаш конкурент у борба против ладново. Моментално со три ќебиња и еден јорган сум на мене.
Ахахаха јас на зима исто спијам само во соба со греење а сега без греење, и си земав поларното ќебенце до мене ако вечер уште ми застуди. :х Уште снег фали и комплет ќе сме. И во искушение сум да ставам и чорапи. Ни на зима не носам чорапи ама морам 10-15 мин да се стоплам добро.
Слаба си... Мене рекордот ми се две јорганчиња и три ќебиња...секако со термо пижами и чорапи А за вечерва......летна пижама, со јорган и ќебе. А климата на топло цел ден дуваше. Слабо нешто со циркулацијата...како некоја бабичка...
Ми треба нешто да ми го освежи животов, да ме живне. Многу работи сум пропуштила, многу искуства треба да доживеам но иако сум доста назад во споредба со другите секогаш си викам дека секој одел по различен пат. Некогаш стварно жалам за се тоа што до сега сум можела и требала да го направам, како би ми го олеснило животот. Никогаш не е касно, уште сум во рани двадесети. На крај краева, се зависи од мојата иницијатива и....ментал хелт...Но имам приметено секогаш кога сум 0 со активности и бизи тајм, баш тогаш сум склона кон гадни мисли и самоуништување. Ветив на себе, на блиските па еве и на вас тука дека ќе си го подобрам животот бидејќи заслужувам. А сад, одох да правам пудинг со бисквити.
СДК дека ми фалат оние моменти на детска невиност,знаете она време кога уште не знаеш правилно да си го напишеш името,кога не знаеш многу работи,кога си премногу наивна личност...Не сфаќаш и не грешиш. Ех,колку сакам да се вратам во минатото и да ја вратам таа наивка.Да се вратам во времето кога единствен „проблем“ ми бил што ќе гледам на тв;кога се чувствував безгрижно во прегратките на баба ми и вујко ми;кога неуморно го прашував вујко ми што вели овој,а што вели оној на тв,а вујко ми трпеливо ми одговараше по 100 пати... Животов доста добро ме шамара.Една цела кула од проблеми има пред мене. Поради некои личности често се прашувам зошто не умрев на таа операциона маса,зошто мораше да останам на овој свет. Ме лажат дека ме сакаат,дека ме почитуваат... Јас не го гледам тоа во нивните очи,туку гледам незаинтересираност и себичност. Ги нарекувам блиски и значајни,а тие мене ми бодат нож во грбот. Оф... Боли да си возрасен.