Покажување лутина, бес и агресија на никој не му донесле ништо добро. Луѓе сме и понекогаш се чувствуваме така, но најдобро во тие моменти да останеме прибрани наместо да реагираме и правиме нешто за кое подоцна ќе зажалиме. Само мирот и љубовта вредат. Споделување радост и позитивни емоции. Само од убавите чувства се раѓаат убави моменти. Нив дајте им шанса.
Така малку смешнички ми се оние жени кои кога ќе станат мајки, спамаат со 4637 слики од децата по социјални мрежи, океј разбирам дека на секоја мајка нејзиното дете и е нај нај во се. Ама да се разбереме дека и пред да станете мајки имавте живот и смисла и причини за живеење, ама не, мора по 100 пати на ден уз сликите да се нагласува: #ПредТебеНеЖивеевТиСиМојатаСмислаЗаЖивот хехехехе Разбирам приоритети, ама заебанко е малку
@LadyLollypop Прими сочувство. Те прочитав утрово на чет и ме допре настанот. Не знам како да го објаснам она што се случило освен да кажам дека му дошло време, неизбежно било. Клише фраза е, ама знаеш дека никој од нас досега не успеал да побегне од суровите раце на смртта. Таков е животот, држи се и биди добра. Toа е најбитно. Денес сум со илјада прашања во главата кои повторно сигнализираат нестабилна иднина. Ги давам и последните напори трпение за едно нешто кое буквално треба да претставува остварување на сонот. Пред кризава бев толку близу до успехот, речиси за влакно. Моментално толку работи ми се собрани, што на психолошко ниво ме кочат да растам и свртам едно ново поглавје во животот, кое ми трепка и повикува. Патоказите се нејасни, и не знам каде водат, но, едно сигурно знам. Од утре ништо не ме спречува да тргнам, ниту имам што да изгубам на патот кон возвишеноста или декаденцијата. Монетата секогаш има две лица... Ве поздравувам сите, имајте убава недела.
После долго време повторно почувствував како е кога некој ме сака. И тоа е некој кого и јас го сакам. Убаво чувство било, скоро па ќе заборавев.
Овие што возат и снимаат за на стори не би требало автоматски да се казнат? И после третото стори да им се одземе возачка. Што е филмов? Дека имате возачка, кола? Со која рака го држите воланот? Каде возите? Па кога ќе зумира на брзината знам дека брзината е битна браво возиш 100 каде што има знак 60 и? Не знаеше со која апликација можеш да ги заокружиш и двете со црвено па да ни падне во очи и да ти пишеме Браво само така продолжи, ѕвер си!
На една од групиве жена бара совет за 17 годишно девојче со проблеми со тежината како да ослабе. Одма се појавија коментари дека не треба да слабее зашто е млада и на таа возраст не и' требаат диети. Океј, никој не вика дека на девојче на таа возраст треба да и' jа пуни главата некој дека е дебела и не знам ти што и дека МОРА да ослабе. Ама... Здрава исхрана никогаш не е рано да се воведе, од мало детето треба да си стекне такви навики. А строги диети пак за ниедна возраст не се добри, освен за луѓе со здравствени проблеми кои строго мора да одбегнуваат некои производи. Стварно, живо ме интересира како треба да изгледа исхрана за дете во пубертет. Не зборам за диети, да повторам, туку баш здрава и балансирана храна што треба да ја има секое дете. Секако има разлика од исхрана кај мало дете до тинејџер. А од таква исхрана не може премногу кила да накачи освен ако има здравствен проблем. Исто и за физичката активност. Лесни пилатес вежби се сосем океј за помлади девојчиња. Ми се чини веќе од 16 години може во теретана да се вежба.
Ало до кога промајата ќе ви го диктира животот? Промаја бе, каков збор, каков поим, каква глупост . Причина за смрт: преголема изложеност на промаја
Оној неописив умор од човечка злоба... И оние ВОЗРАСНИ луѓе кои се по принцип како први, така други систем. Неавтентични... несвои... сплеткари...а секогаш се - ама не јас, сакав да ја спасам ситуацијата, а они ја предизвикале. Уморна сум пречесто го кажувам. Не сум уморна од лошо здравје, семејство, работа, чистење, перење, шетање. Уморна сум од лоши луѓе...ама сериозно. До степен на лошење.
Алал им вера на полицајцине во Америка,така се заштитува народот,така се дава убава слика за себе. И после протести,убивства,расизам. Абе кога луѓе со психолошки растројства добиваат работни дозволи не е доволно ни палење на станици тоа треба се да ИСТРЕБИ. П.М. за еден чек го лишивте од живот човекот. Почивај во мир,го освести народот да се борат за еднакви права таму во рајот нема чекови,полиции,борби. Летај безгрижно. Амин.
СДК Да имаш свој став не значи дека треба со сите да се испокараш и да збориш на висок тон за да докажеш дека твоето е исправно Ако ти премолчат не значи дека го прифатиле твоето. Едниставно виделе со кого имаат работа и се повлекле Имаш право да си имаш свој став ама немаш право да го неметнуваш само затоа што ТИ сметаш дека е исправен
Колку има што не сфаќаат basic сарказам/иронија ми е несфатливо.Сакаш да се нашалиш, праќаш нешто такво на чет или кажуваш уз муабет и одма а чекај што, како, молам....па ај објаснувања сега за да се разбереш од типот : не бе, не планирам да се мажам годинава со некој како реизот за пари, се шалев или не бе, не ми ставаат 5г во двор, се шалев, од а1 поправаат нешто....и уствари ни заебанција ни бутур поминува кај буквалистиве.
Бев кај другарка да го видам син и плус на роденден додека беше сама. На поаѓање од кај неа дојде на гости мојот бивш симпатија со девојка му, тој ми намигна, а мене едно незгодно, ја дувнав.
Да се вратам наназад 90-тина дена, различно ќе постапев... Сега малку се каам и се обвинувам. Знам дека не треба, кој знаеше дека вака ќе биде. Но сепак ми е криво, многу, многу ми е криво