Колку сум глупа некад не ми се верува. Сама си дадов автогол. Топката прее гол беше у мои раце и само ја поттурнав таму кај што (не)требаше и сеа? Ај помош
Кажи што ти е маката ако сакаш. Можеби не можеме да ти го решиме проблемот ама можеме да ти посолиме малку памет.
Она кога мајка ти праќа визуелно предобри, но и од искуство превкусни сармички од лозов лист и полнети пиперки, а ти си на диета... Па си замислуваш како ги јадеш со јогурт и бел леб со крцкава кора. Каде да си ја трескам главава!!!
Овие со заеднички профил, и наредени имиња на деца... по некое време што си прават персонален и едниот и другиот, како сакаат да ги сфатиме? love my family, обавезно ко демек богзнаештонаправиле ендемски вид, па пази.
@Ginger^ Несватени ми се искомплексирани мамички блогерки што акнале голи слики од бебето по инстаграм. Демек нема за едно 10 години соучениците негови да ги најдат па да го исмејуваат.
СДК од утре почнува драмата, најголемиот тест во мојот живот. Ако ги преживеам наредниве месец дена и излезам како победник, тогаш ќе знам дека можам да го освојам светот. Нека стои ова тука, да ме потсетува да се борам најсилно можно и за месец дена да ви пишам пак со убави вести.
Ама ме нервираат оние изреки “молчењето е злато”, “треба да научиш да молчиш и коа си у право”, “молчи и кога ти се вреска”.... НЕ! Баш со психолог имам зборено за ова на сесија, и препорачува кога имаш нешто да кажеш, кога ја осеќаш потребата да се караш - направи го тоа, тогаш, во моментот! Викај, карај се, нека искочи од тебе. И после психосоматски заболувања, и после кардиоваскуларни болести и слични срања. Епа ќе ги има. Не е молчењето решение за ништо. Не бидете безгласна буква. Аман.
Леле таман сум заборавила како ме потсети со мислењево. Мене тетка ми ми пушти исто со лозов лист, уште ги немам отворено само се надевам дека посни се. Ако не се, дел од мене ќе умри бавно, но сигурно. И кога веќе тргнав да кажвам за храна, денес со мајка печевме пиперки, толчени со свеж домат. И вадам количина, земам леб и сирење и се најадвам. Знам колку ми е доволно. И мајка ми пика пиперки в уста и ми прај "јас не можам да преќинам како можиш ти" и не вели два пати, си притурив. Кој нема вака пробано пиперки во животот ( пуштам мислењево на другарка ми) не знај шо пропушта. Добра ноќ, зборајќи за вкусна храна не се заспива, ама ќе пробам.
Она кога ќе почнеш на некој да му пишуваш реплика ама на пола си викаш Нема врска, нека си тера со тоа мислење, што па ќе се мешам. Кога од една тема муабетот се префрла во друга. Што па ќе се објаснувам на што сум мислела. Кој како сфатил, ништо не ми менува.
У еден ден, цела книга од 300 страни. Се спремам да си легнам, ми стигнува фб порака од другарка ми со хахааааа јор хајскул свитхард те твита, а јас сум втф не се ни сеќавам на ова?! Се насмеав на сликата у глава, дои дете у 3 сабајле и скрола твитер бре. Убава младоС си имав, убо ми дојде. Се надевам е среќен, зошто и покрај се, мачно, тешко, килаво... среќна сум. Ги имам нив, моите...тројца највредни и целата љубов, но целиот страв на светот во нив ми се. Они да се добро...
СДК1 - без телефон можам да живеам, ама без лаптоп НЕ. Премогу сум поврзана и практично ми е за правење повеќе работи истовремено. Денес празник, се е затворено, а сакав да појдам да купам друг лаптоп за замена додека да ми го средат мојот. Од вчера официјално ми покажува дека треба да го носам на сервис за промена на батеријата. Закажав термин онлајн , па во петок ќе го носам во Apple Service , за 140 евра ќе му стават нова батерија. СДК2 - ме искина алергијата , да ти се мочам и на полен и на кивање СДК3 - гледам еден клип и се тоа изгледа како бајка како да е толку едноставно да земеш еден ранец и да се иселиш во друга земја. Па што да каже некој од сиромашна земја кога гледа ваков тип на клипови ? Со кои пари ќе се оттсели ? СДК4 - види ги што убаво во Англија си седнале на плажа собрани , мераци Од вестите од вчера СДК5 - како е можно во Виетнам од 95 милиони жители да има само 330 заразени и скоро сите излечени Има ли уствари вирус ? Познавате ли некој заразен од Корона ? Со сите што правев муабет тука во Германија и со другаркиве од Штип , ниту еден не познава некој да е заразен. Чудна работа Којзнае што се дешава СДК6 - Планира ли Амбасадата да почне да работи со визите или да чекам до наредниот ВЕК , навистина ми фали маж ми , а му треба само да си ја земе визата за да дојде тука оти не може како турист да влезе. Ај да ве читам сега
СДК дека знаев дека во земјава има прост народ, ама дека до ова ниво - не. Нека ги чипираат, ама кога ќе ги чипираат нека стават во чипот информации што се учат во основно училиште. За да не се прашуваат како има излекувани ако нема лек.
Ми се свиѓа како ја игнорирате Тамара Тодевска, браво. Нека овој пост не биде поттик за коментари нека си остане како што е. Фала.