Се жалеше другарка ми, брат ѝ добил казна оти не носел маска, вратив со: "така му треба". И ми вика: "зошто на оние од Чаир не им пишаа казна". И очекуваме да се намали бројот на новозаразени.
Значи не ја можам мајка ми, еве не знам дал да плачам дал да се смеам. Женава ми кажа дека кога моите деца у иднина ќе ми ги видат тетоважите ќе почнат да се дрогираат А не сум некоја сликовница, две мали тетоважи на место кај што не се гледаат ако јас не сакам и една мала нежна на раката..
Мислам дека ако се праиме на Тошо, нели све магично ќе исчезне. Или ако се себеинтерпрерираме како божанствени битија со силна вибрација кон небеските вертикали. Мда. До првата потреба од телесно лечење. Некои луѓе колку и да ми се драги, не можам да ги разберам како јаваат на бранот на теориите на заговор. Ама да не почнувам. Калибрирање меѓу два става и ужасен конфликт во глава. Иначе, добра. Сериозно добра. Фатив нов проект да работам со пишувањево. Ни море ни небо горе. Харари прочитан во два здива. Индиска храна за ручек и подарок лалиња од маж ми. Нема што да се жалам, карантинов ми направи уште поцврста обвивка кон она што ми е нуклеус. Не ни се пишува добро, ама зарем човештвото научило нешто од самото себеси? Ноуп.
Знаеш дека си веќе стар кога мали деца почнуваат да ти персираат и да те сметаат за "чичко", а не "батко". Изгледа конечно ќе ја послушам мајка ми да ја избричам брадата. Само се плашам дека ќе почнат лична карта да ми бараат тогаш.
Мразам луѓе што не веруваат дека постои Корона вирус. Па уште ти солат памет и ти викаат дека си мрдната или дека нешто ми фали. Тогаш сфатив дека мозокот на таквите луѓе тежи 5 mg. Не знам уште што треба да се случи за луѓево да почнат да веруваат дека вирусот постои.
Кога имаше мали бројки- не тестирале доволно, сега има големи бројки сите во регионот имале помали бројки- само ние сме се двоеле, само ние сме биле затворени . На овој народ ништо не му е погодено ни се тера ни се води. 100 пати е потенцирано дека вирусот нема да исчезне утре, ние треба да се менуваме и нашите навики за да опстанеме во новата реалност. Нема да помине за ден- два, ни за месец- два, може да трае Туку каде да бегам да се преселам од ваков народ кога ќе има услови за тоа... важни биле скарите, матурата, мекиците, собиранките... ми се смачи. Изолацијата можеби и ми го избистри хоризонтот со кого сакам да се дружам сеуште...
За да си ' диригент" треба да знаеш што можеш да очекуваш од секој "инструмент" и да си доволно авторитетивен за да очи не тргне цел оркестар од тебе
На твоето сдк 3, јас имам едно СДК- не морала да се мачи до Норвешка, било кое факинг село би и завршило работа. Ај сега да видиме што мака со плажите имаат.
Добро и? Што треба да правиме? Јас не би потрошила време да кликнам и слушнам новата песна, не ме занима.
Мајка ми СДК на темава: никој нема да те вработи со тетоважите (имам само една (се уште) и сменив две работни места у меѓувреме) А јас СДК маме ни ебавте со бројкиве на нас што седиме дома ко будали по цели денови. И сега знам дека ќе ми се заебе нешто месецов заради тоа, а стварно многу многу работам на случајот да биде се во ред ...
Фина е песната. Исто фино е што Тамара не се појавува , бар колку што видов Али не можеш да сечеш вени на таква песна, нема јао мао... Ој малку во мјф да видиш у каков свет живееме
Колку што СЗО менуваа мислење и став за се' околу вирусов и заштитата од него, а УКИМ околу испитната сесија, јас чорапи толку не менувам... И пак не е се' сигурно.