Искуството покажало дека некои луѓе ми се ко храна ... која не ја толерирам, а ја јадам упорно, а е лоша за мене. Ова е мазохизам.
Ти ќе ми кажеш хахах. Ти пројде времето тебе, те гледаме што си направила. Не ти е син ми поправен испит на самодовербата. Можеш да шеташ мечки, поздрав.
На непријателот не му покажувај заби,освен преку насмевката. Само кротко со него, направи го покорен и столчи го со достоинство.
Ме иритира тоа што постојат љубоморни и завидни луге во светов. Секој сака да те гледа на ниско ниво или ако имаш нешто појке одма љубоморат зошто и како. Најодвратно нешто ми е такмичење кој повеке има или повеке шета или повеке троши. Луге кој како сака нека си живеј, мене не ме интересира дали некој има повеке или помалку. Секој со свој џеп и свој живот.
Нее, комедија е снимена во стил на The Office. Се збори за семејство што ќе ги изгуби парите и пробуваат да ги вратат.
Многу луѓе одат во банка, земаат уплатница, на уплатницата пишува име и презиме тие прашуваат што треба тука да напишат, НО затоа знаат се за Корона вирус и 5г мрежа
Имаше едншка еден караше се со таа на шалтерот оти не му ја прифаќаа уплатницата... Уплатницата беше напишана на микс од кирилица и латиница...
Да сум некогаш во ситуација да правам нова куќа, прво ќе размислам два пати дали ќе е баш куќа. Ако мора да е, ќе биде нешто минимално со малку соби. И трето, никогаш, под никакви околности нема да биде со високи тавани. Значи ни во лудило не би бирала високи тавани. Кој немал, не знае, но тоа не се достигнува, не се дочистува, молкнеш помошни скали, стапови, врагови, раце ти паѓаат збирајќи пајажини, бришејќи прозори, бесејќи завеси. И така натака и навака. Радо би живеела во гарсоњера и секој ден би правела генералка.
https://mobile.twitter.com/Kathari52397697/status/1266453865202888705 Зошто сме тужни?! Коментарите на твитот на ќерка му на Стенли Кјубрик. Е тоаааа еее...
Се почесто наидувам на објави од тип: "Маче фрлено од мост" "Отруени кучиња на улица" "Фрлени мали мачиња/кучиња во корпа/на автопат или било кај" "Малтретирано маче со повреди, потребно се донации за да се опорави" И слично. И не можам да се изначудам што е со луѓево. Колку психопати шетаат околу нас? Не може да си при здрав разум и свесно да правиш нешто вакво на некого. Во ред, не мора сите да храниме, галиме, чуваме дома животни, но зошто да се повредуваат? Која е потребата за тоа? Ми се лоши кога читам и гледам вакви слики и објави. Ми се повраќа од суровоста и тоа колку некои се монструми... Мора да има казни или некое решение за вакви ликови што прават вакви грозни дела, не смее ова вака да продолжи. Опасност се за околината.
Најглупата реченица полна со непочит према цел женски род - Гледај мајка - бирај ќерка. А кој си бате па ти да бираш?! А за тебе на кого да се угледаме?! Од каде да знаеш таа мајка низ што се поминала за да ја изгледа таа ќерка? Па и кога ќе дојде од некое напувано мамино дерле или некое сељаче без вода у очи. А што ако нема мајка?! А што ако мајка и ја добила на постари години и ја воспитала согласно убедувањата од времето кога била помлада? А што ако мајка и има здравствени проблеми? Денес сфатив колку е груба и одвратна реченицава.