Не е фер што го користи тоа 'Ќе видиш кога ќе се омажиш', ама судејќи по муабетот дека и забранува работи маж и', мислам дека и' е начин да си ги рационализира нејзините проблеми. Ко примерот со имањето секс еднаш во месецот, го препишува на бидувањето во брак. Не сечиј секс се изретчува во бракот.
Да, да, подруго е кога човек ќе се пресели во Скопје. Нови хоризонти му се отвараат и колку и да сакаш да задржиш нешто од стариот живот претходно, новитетите просто те обземаат и забораваш дека постојат луѓе што моментално дома седат, дете гледаат и секс имаат еднаш месечно. Скопје е нова димензија, луѓето таму, замисли, на работа одат. Кој напредок, wow!
Не се однесуваше на работата, сексот и мајчинството. И никој ништо не заборавил. Жално е што така се однесуваш иронично.
Ако замерував за секакви ситници ни еден пријател немаше да имам. Сите пријатели ми се со маани. Еден секогаш доцни, друг лаже, третата сака да биде само по нејзино, четвртата многу се лути. Ама пријатели сме. Сме делеле лошо и добро, сме биле тука едни за други. Кога гледам дека лаже и додава кажувам ако ме засега мене, ако е општа приказна за некој друг слушам и се правам дека верувам ако не е вистина. Ако лаже за мене не бегам од него, не размислувам да се оддалечам ни да го оговарам по форуми, ќе му речам доста лажеш жити се не е така и толку. Оној што доцни исто ужасно ме нервира. Се договара да дојде во 7 и доаѓа во 9. Не го избегавам, ни планирам да прекинам дружење. Ако сакам да дојде во 7, го договарам во 5. Таа што сака да биде се по нејзино и тоа ми смета, не сакам еден да команда за се. Сме се скарале, се караме сеуште, сме се инаетеле, не сме правеле муабет со денови, ама пријател е, не можеш за тоа да го откачиш. Сега ќе попуштиме да биде по нејзино или малце ќе олабави таа ќе дозволи и друг да даде предлог. Или пак ќе се скараме, ама не се избегаваме. Сите имаат маани. Кажав, ако за секоја ситница избегаваме луѓе, сами ќе останеме. Па посебно за ваква глупава и банална работа ко погоре, делува како личноста никогаш да немала пријатели, само познаници. Вистински пријател не го оговараш и не го напушташ зошто кажал нешто што ти сметало. Не сфаќам озбилно, да прекинам контакт со пријател ми треба ептен сериозна и озбилна грешка не детски глупости и разгалени мислења.
Не сме сите цветчиња, напротив, сите сме со маани. Би се надоврзала на мислењето на @irrelevant , точно е дека сите имаме работи што ни сметаат кај останатите. Исто така точно е и дека сите имаме маани кои на останатите им сметаат кај нас. Еве ќе тргнам од себе, знам дека сум избувлива, брзо пламнувам, знам непромислено и ненамерно и да навредам некого, знам да бидам страшно саркастична и цинична, и веројатно и уште милион други работи кои јас не ги ни перцепирам, а на другите им сметаат. И ми прогледуваат низ прсти, исто како и јас што им прогледувам, веројатно затоа што кога ќе се стави на вага, повеќе вредат позитивните страни и пријателството, отколку негативните. Доколку е спротивно, едноставно се дистанцираш од таа личност и тоа е тоа. Да се базираше пријателството на бирање совршени луѓе за пријатели, сите ќе бевме сами и осамени. @GirlLove , ако сметаш дека си го надраснала тоа пријателство, сосема легитимно е да ставиш крај на истото. Само фино е понекогаш да се преиспиташ и себеси, и колку ти вложуваш во пријателствата и дали можеби (а сигурно е 'да') и ти правиш работи кои им сметаат на тие околу тебе.
Сдк го изгледав видеото од @Gosh . Е после тоа, излегува денес ова https://www.bbc.com/news/world-asia-china-52897017 Ми треба појак диоптер, не можам да проценам дали стварно кинезот станал црнец? И мозочни клетки ми фалат за да ја процесирам информацијава. Ако може некој да помогне
Јас: имам одличен ден, весел, релаксиран, продуктивен. Јас: *одам да видам како ми е внатрешниот свет, дали се добри и почнува да оди на долу се зошто не се добри* Јас сега: Зошто мора мојот внатрешен свет некогаш да е трагичен јбг. Ве молам не ми кажвајте ако немате внатрешен свет, се тешам дека е нормално. Фалачаопријатно.
Сдк дека сосем нормална ствар е луѓето што порано ни одговарале со текот на времето да не ни одговараат повеќе. Некогаш неможеш да толерираш све живо и диво па ментално да се оболеш и нервираш пошо реално има многу себични и безобразни луѓе. Ако нема заеднички фидбек во едно пријателство зашто прекумерно едната страна да вложува за се и да се труди да го задржи пријателството кое со текот на годините станало токсично? Не е фер таков однос. Лично мене ми се случувало некои за корист да ме бараат, а јас коа ќе побарам нешто минимално да не ми е возвратено па и тоа со игнор на најјако ама затоа коа им требаш одма те бараат или пак ти се жалаат, жалаат ги слушаш и коа ќе сакаш да кажеш нешто ОП кој те е*е. Никој не е совршен, ама па и сум против постојано да ги боиш луѓето во бои кои не им прилегаат и не ги заслужуваат само за да задржиш некој во твојот живот и да ти биде "пријател" колку да не останеш сам. Да му се моочам у таквото 'пријателство'.
Денес во рок од 10тина секунди, две коли една по друга ќе ме удреа, на ист пешачки, на две различни ленти на улица со три ленти, без семафори. Тој на првата лента си застана нормално и тргам. Од другиве двајца, првиот залетан закочува на сантим од мене, продолжувам, другиов на следната лента ко не ме видел мене и пешачкиот, па и тој едвај на мало растојание со чкрипење на асфалт едвај застана. Едниов уште ми уфрла една лута фаца. Ќе си го славам денов ко втор роденден Знам колку пати ме караше интрукторот ако возев брзо накај пешачки и не погледнев настрана дали има некој, особено ако немаш добра прегледност или пак на пофрекфентно место, а не искуство да имаш и пак да не знаеш толкав пешачки што значи. И баш ме боли ако брзале.
Всушност тие таквите луѓе се поголеми животни од животните. Јас лично не сум љубител на животни, но никогаш не сум помислила да направам нешто лошо на некое животинче. Мајка ми сакаше да чуваме маче и иако не сум нивни љубител се грижам за него и го чуствувам како дел од семејството Луѓето што повредиле животно за мене е исто како да повредиле човек и сум за казна, само во нашата држава и човек да убиеш нема казна, а за животно па да не зборувам.
Темана „Напредување во висина и тежина“ ми излезе во панелот Најнови мислења и баш ми изгледаше инвајтинг и хелпфул се додека не сфатив дека е за бебуши од 0 до 1 годинка а јас сум во рани двадесети.
СДК, Еден убав ден пред околу 6 месеци седев дома пред компјутер, гледав календар за 2020 и се радував што има еден куп продолжени викенди оваа пролет. Oh, the irony...
темата корона е очобол и губење на мозочни ќелии. дај да се оправиме што побрзо од вирусот да не слушам и читам самопрогласени експерти насекаде.
Ај ој види ја темата за баење и побарај да ја затворат молимте. Постојат работи поопасни од оговарање.
Да земе некој да ме боцне у вена пелин ќе истече место крв. Колку сум гневна деновиве, мислам оти ќе ме акне нешто. Не можам веќе во вукојебинава, што ли сум била во минат живот овде што ме плеснала природата маки да мачам.
Се сеќавам како пред неколку месеци си велев „Ми треба крај на сѐ ова и почнување од почеток.“ Некако собрав сили да ставам крај на многу работи кои до тогаш ги терав безволно, ама не очекував дека навистина ќе почнам од почеток и дека ќе почувствувам љубов, страст, сплотеност, доверба, мир. Токму кога најмногу ми требаше го добив него, како некој знак и спас од Бога. Ме врати во живот, ми даде нови сили и поддршка. Се надевам дека нашево нема никогаш да заврши.
Ако продолжи ова, ќе земам уште 4-5 кучиња и ќе избегам од град. Не сме нормални ние луѓево изгледа. Глумиме разумни и паметни, а се доведуваме до состојба да треба да нѐ држат затворени за да сме мирни. Се ми е одмилено. Најубаво ќе беше да е ова само кошмар, да се разбудиме утре и се да е нормално.
Да кажам или поправо, да прашам.. Свесни сте дека ништо од циркусов немаше да се деси, да не постоеа религиите ? Да,а? Добро.
Да не сте ни ја пипнале темата Мада како се впириле сега во некое девојче, а тоа чита и се нервира. Плус Вајлдке , битолчанка шо не трача?! То ни е во крв бејби, дел од днк веќе