Да направам добро дело кое може мене да ме повреди, или да си стојам на страна? Ниту едното не е добро. Дефинитли конфјузинг ситуејшн.
Едно од најиритантните работи на свет ми е кога ќе дојдат ненајавени гости и седат од 8 сабајле до 17ч.за да им се исплати одењето на гости(а,живеат 2-3 улички подалеку),а јас имам милион незавршени работи,оставени баш за денес,а еве сега сум заглавена во соба и се кријам. Да,се кријам пошто немам желба да се појавам,да правам бесцелен муабет со речиси непознати и така решавам да си седам во соба и да се надевам дека после ќе успеам се`да стигнам. Вчера со дедо ми правевме домашен сладолед, не смее да јаде шеќер,па смислуваме здрави алтернативи како да јаде сладолед. Срце е. Многу сака благи работи и со сласт ги јаде. Kога одам до продавница, ми вика скришум да му купам нешто благо,зошто баба ми загрижена за здравјето негово му вика кога ќе го види како лакомо јаде нешто што не смее. И така често се дружиме,правејќи слатки и си правиме муабет. Му се жалев како долго време поминувам размислувајќи за некој проблем или нешто што треба да го направам и на крајот целата енергија ми е исцицана од размислувањето за процесот. Па ми рече нешто што сакам секогаш да го имам на ум: ``Ако размислуваш за проблемите добиваш само грижи,ако ги решаваш проблемите добиваш нови можности,нови предизвици и одиш нагоре``. И навистина е така. Освен тоа патот нагоре е тежок,макотрпен и има многу патчиња што треба и може да се поминат,а оној надоле е лесен,удолница. Можеш и ништо не правејќи да се стркалаш таму. Како што вели една Еврејска поговорка:``Ако немаме тешкотии во животот,значи Бог ни е лут,затоа што веќе не ни дава предизвици и можности да се подобриме.`` И уште нешто,ви кажував дека пред неколку месеци раскинав релативно долга врска. И среќна сум со својата одлука,ама сега сфаќам дека воопшто не се натажувам кога ќе помислам дека некогаш ме повредил со нешто,дека некогаш сме се скарале,што рекол тој или што сум му рекла јас,туку најтешко ми е кога ќе се потсетам на некој убав момент,на хармонијата и на тоа што се сме пребродиле заедно. Така што сега сум во фаза кога среќните моменти ме растажуваат,а оние другите ми даваат сигурност дека правилно постапувам. За крај и скроз неповрзано со се погоре испишано, дај луѓево нека престанат да ги воспитуваат децата како емоционални уценувачи. Од мали деца,до тинејџери,млади возрасни,па и луѓе во стара доба,блиски или подалечни имам еден куп такви околу мене. Искрено повеќе би сакала некој да ме уцени отворено и за било што отколку вака емотивно да пецкаат луѓето. Многу отровен вид се,а овој тип уцена ми се чини е најраспространет и најтешко се искоренува,зошто луѓето го мешаат со чувствителност. И многу магичен круг е ,се пренесува од родители на деца и така до бесконечност. И скроз ќе изумев,очигледно имам многу за кажување денес. Пред 2-3 дена сум направила 4 години како сум на форумов. Сакав да ви кажам дека сите ми прираснавте за срце,колку и да звучи чудно зошто е виртуелно,ама убаво ми е на форумов.
Додека едни се потсмеваат на други, другите си ја бркаат својата работа.Човек може се да има во животот, ако тоа се не е она што го радува, зборам од материјален аспект, џабе му е, а не пак да потсмева некого...Стварно не ми е јасно, како може предмет да прави човек да е константно среќен.
Не знам за вас, но јас знам дека нешто не е во ред со мене кога не пеам под туш. На пример, сега. Од некоја причина, многу често ме маваат глупи мисли. Малодушна сум. И само се вртам во ѓаволски круг. Ми треба некој кој ќе ми влепи две добри шлаканици, ќе ми скрши ребро и ќе ме натера да танцувам со скршено ребро. Сакам повторно да можам да пеам во бањата, да скокам и танцувам, па и измислувам раскази додека се туширам. Сакам повторно да можам да ја поплавувам бањата по секое туширање, па родителите да ми се дерат. Можеби вистината е дека ваквите проблемчиња не' прават среќни. И знам дека звучам како некоја возрасна тетка. Ова не личи на мене. Во последно време ме нема во крпа врзана. Знам дека нешто не е во ред со мене и кога на Фемина не користам смајлиња. Правила за среќа измисллуваат само тажни луѓе. Кој и да ми се потсмева за овие глупости кои ги пишувам на 13 години, во право е. Претпоставувам дека за некој ден, кога повторно ќе го прочитам ова, ќе сакам да се закопам некаде од срам.
Не знаев во која тема да се искажам, па си реков ајде овде. Осудувајте ме, кажете дека сум и изреволтирана и нека сум ама со право. Не е нормално ова што се случува во нашата ни мила државичка, протести за некого кој извршил злодело. Абе брат да ми е, јас лично ќе го пикнам во затвор. Не дај боже македончиња и најмал мирен протест да направат, сите ќе ги испотрпаат во затвор, абе бомба кашикара врз глава ќе им фрлат, а на шиптарчињата, види мајката, водени бомби, мислиш на базен отишле. И кај е власта сега, ако не да направи нешто, бар да искоментира? Грујо и компанија, и таа бркоњата? А се си мислам, СДСМ си се смее зад кулиси, ним па најмногу им одговара ситуацијава. Ме боли тоа што како една млада личност, јас не можам сега пред врата да излезам. А што сум згрешила јас? Немирите од Бит Пазар се проширија во Чаир, па во Бутел 2. Кај и да е, ќе стигнат и кај нас. И додека јас седам дома, ене ги индијанцине на улица, се дигнале до небо, мислиш нивниот "народ" којзнае што направил. Па направил де, ни земаа пола држава а сега е на ред уште пола. Штоооо?!? Аааа не, извини, касно е сега Македонче, дур ние или вие се препуцаваме на фејсбук и се јачаме по статуси како Македонија е на македонците, ни ја зграбаа пред нос! И немојте да мислите дека нив ги има само Бит Пазар и пределот, нив главна замисла им е да се накотат и да се населат секаде, што е можно во поголем број. Штом во сред Центар, ги гледам населени по станови и гледаш Були були како поминува кај Песталоци, за Чаирчанка и муабет да не правиме. И тоа само за Скопје, а за другите градови и да не коментирам. А девојки, момчињата што до вчера ви симнуваа ѕвезди и патем ве легнуваа во кревет, денес ви се смеат и раскажуваат како ни ги ебат девојките а после муабетов искачаат на протест. А вие, демек видно потресени пишувате статус на фејсбук, племе едно, нож ве чека итн итн. (Овде не се наведени буквално сите девојки, само дотичните, затоа не се навредувајте.) А јас сега ќе си извадам сокче и колачиња, ќе се опружам на фотелја и ќе си пуштам некое филмче, притоа правејќи се дека ништо не било. А после ќе размислам дали да излезам до тераса, да не ме погоди некој "случајно" испукан куршум.
Ауф денес бил посебен ден, затоа јас активна на Фемина... Е па феминке, денес ни е годишнина и тоа 3та по ред . Браво, можам само да кажам дека сигурно има барем едно нешто вредно на форумот штом сум останала толку долго активно зачеленета. Благодарност до модераторите и до сите кои ги креираат темите да бидат интересни и да допрат до нас, а јас сигурно ќе продолжам да се дружам со вас, не само 3 туку и повеќе години...
Едни умираат, други се мажат. Никој не се грижи за другиот. Мајка и се фали чесна ја омажила, она од стомакот не може свадбените штикли да си ги облече. Земаат кредити за да се омажат, уште кредитот неисплатен, веке се скарале со свекрвите и сакаат кај мајките. Пукаат со пиштоли, дека ете, голема работа завршиле, ја омажиле. Не мислат дека некој километар понатаму заскитаниот куршум ке убие дете. Идиоти послани насекаде. И тие идиоти ке имаат деца. Нормално идиоти. Самоуверени идиоти, бидејки во генот е да се идиоти. Мислат така треба. Криви им се Бранко и Грујо, а тие сиромашките од политика, знаат само политички да му го испушат на некој. Фаќаат врски за оцени во основно, средно, завршуваат приватни факултети кај што плакаш за да си глуп, и после кукаат дека не чини некој. Не можат да си го исплатат кредитот за свадба, оти се невработени. Од мака, се курваат со комшијата, а мажот им ги крши забите. Одат во странство и се чистачки. Идат тука и чифтиња фрлаат дека они биле Немачка се знаеле и виделе. Па сите цигани беа и се вратија од Немачка, па гледам машински инженери станаа. Чистат улици и туѓи лајна и сперми по куќите, ама убав им бил животот. Се враќаат и не омаловажуваат. Е од такви си патиме. Инаку, и по 100 години ке ми биде тешко за истото. И душманот да не ми ја знае оваа болка.
Кабиниве по бутици помали можат да бидат? Да ти се одмили купување кога после едно пробано парталче мора да излезеш малку воздух да земеш. Па и завесите кратки пола нозе ти се гледаат, ало, не сум секогаш издепилирана, а мислам дека тие надвор што чекаат наведнати се и ми зјапаат во нозе. Сите до еден. Во Македонија во помал град на ова додади и продавачка која стои пред кабина и секоја минута те прашува -Го проба? Таман е? Друго бројче, сличен модел да ти дадам? Излези да те видам не може толку лошо да е. Излези де што се срамиш? Да влезам јас? Тортура. Мразам шопинг, посебно во време на пмс.
СДК уште 10 минути и правам 4 годишнина на форумов Како ли летнале годините?Инаку немаше да приметам ако некои феминки погоре не спомнаа дека и тие имаа годишнина...И ми текна Знам дека беше овој период ама не знаев точно и викам чеј да проверам За таа пригода коктели за сите
...ги мразам оние моменти кога неможам да се разминам со некого . Јас тргнувам на лево и тој на лево,јас на десно и тој на десно. И си викам ај ќе застанам нека помини тој прв,јас застанувам и тој застанува,стоиме 3-4 секунди и таман тргнувам јас да поминам и тој во истиот момент тргнува -.-.
Дали е можно до толку да сум рамнодушна.Вчера ми беше роденденот ,јас се однесував како да е обичен ден.И тоа не било каков роденден,туку оној 18тиот,оној што со себе носи полнолетство.Си викам што ако сум полнолетна,јас оддамна се чувствував така.Туку друго ми беше зборот. Сакав на тој ден со мене да беше дедо ми.Оној кој се радуваше а и воедно тагуваше со мене.Личност која секогаш знаеше да ми го потполни денот.Со него детството ми беше како мед и млеко.Да и сега ми е така,но имам празнина.Секогаш сум посакувала со мене да ги прославува моите важни денови.Ја сакам неговата подршка,го сакам неговиот мирис,ги сакам неговите зборови,го сакам дедо.И тоа многу. Старите велат кога доаѓа пеперутка дома, значи дека доаѓа некоја мртва душа.Утрото станав и видов една.Помислив на него.Ако празнината ми расте со тек на годините и ако вака биде јака болката,не знам што да речам. Ќе се потрудам да бидам силна,макар на изглед. Твојата внука е голема,полнолетна,малце тврдоглава ,малце брза.Ќе помине,не е на одмет ако се сетам на тебе. До тогаш до таму горе....
...да те сака,да те чува и брани од се,да те почитува,да не те навредува и да нема лоши навики тоа е најважно - Ми велат Фала богу таквиот човек веќе го имам до мене ,посреќна не би можела да бидам Чувајте ги до себе луѓето што ги сакате најмногу и што ви значат се на светот,здравје, малку надеж и среќа за подобро утре ,се друго ќе се среди и ќе биде во ред Имајте убава вечер
Кога некој, некого „ знае“, работава „ го знам Обама, ама само од тв, само шо он не ни знае дека постојам, ама нема врска “.
Најмногу боли кога на човек што му веруваш ќе те за*би..Ито до в коска. Не знам кај ги наоѓам таквите. Па со лупа да ги барав нема да ги најдев бе Како магнет сум за такви идиоти кои прават да им веруваш во секој збор па после те газат. Буквално те газат и ич не ги боли. По кој пат ми се случува истото?! Изгледа дека само јас ги повторувам грешките наместо да '' учам '' од грешките. Се изморив веќе од СЕ.
Тоа е тоа. Се изморив од луѓе на кои секогаш треба се да му се сервира на тацна, оној вистинскиот што сака да биде со мене.. ќе премини и планини и реки за да стигне до мене, а нема да се исплаши од едно вирче. Толку од мене, чао пријатно!
А замисли пак таков момент со тој што го сакаш Јас денот кога се судривме и два пати тргнавме на иста страна и двајцата направивме пауза, па пак два пати тргнавме на иста страна и ме фати за рамената и ме заврте, потоа ми се насмевна и замина, уште го паметам Затоа внимавај во кого се судираш
Колку е тажно да ги добиваш најубавите зборови и комплименти од многу луѓе, а да имаш многу,многу тажна и тешка причина да си тажен. Болно тажен... и се смееш, а тагата го носи твоето име... Тоа сум јас вечерва.