Мислам дека веќе не постои збор за да не опише како народ, ако можам да речам дека воопшто и сме нешто вакво. Во врат уште што не се фатија од каде излегле новите заразени- Велигден или Бајрам. После партиите криви, чунки баш до партии и избори ни дојде во време кога не знаеш што ти носи наредниот ден и се штрекаш на секое поткашлување и кивање. Најмизерното, најдолното нешто на светов ми беа оние од најкритичните места што гордо изјавија дека такво нешто како корона не постои. Секако, со глава горе, потсмев и без маска. А по изјавата на ТВ, да се стори редот и да се отиде во кафичот со најмногу луѓе, да не пишат минус случајно. Стварно не сфаќам со кој памет некој мисли оти сето ова е намерно. Цел карантин, сите мерки кога на апсолутно никому не му одговара да нема работа, да мора да затвори фирма и коси да корне од каде ќе најде пари макар и сметки да плати. Од најголемите верници какви подли зборови се изначитав. Пцујат, колнат по други луѓе, Трајче бил крив, Ибрахим бил крив. Како тоа само за празници нѐ затворале дома. Најтрагикомичното нешто ми беше кога слушнав дека со ова само се уништувало христијанството и нашата традиција и култура. За живот да не зборуваме, а? Ова веројатно треба последно да го ставам, други нешта приоритет имаат очигледно. Жешко од маските било, вакво било, онакво било. Никој од мерак не ги носи. Пукнаа да се најде решение, им даваат совети секој ден-не одговара. Празникот вака или онака ќе пројде, како да беше речено дека наредните 10 години празник нема да се слави и в џамија/црква не смее да се оди. Или ако не се смешаме со сите тетки и стрини што сме ги виделе пред едно десетина години последен пат како да не бил празник. Први мај ако не отидеш со минимум 5 луѓе на пијанчење во викендица исто како да не се случило. Да се издржеше макар само еден празник, макар само еден викенд дома, а не во мешање со народ на пикник, чиниш светот ќе ни се сруши над глава ако не го направиме тоа денес-можеби, само можеби ќе имавме нормално секојдневие.
На актуелната тема: Како Македонија НЕ се справува со пандемијата не ни коментирам. Речи су сувишне, више ни жално не е, ни смешно не е, не знам што е. Мислам почна грижа на совест да ми се ствара зашто планираме дечко ми да се сели во МК, нема доволно свинско и вино да надомести за ова.... Битно мајката се изборила за послеедните две конзерви храна за мачки вчера, среќни, весели и најадени ќе се со мачорот три дена. Криво ми е зашто треба да дојде на гости кај мене и зашто знам дека ќе и се бендисаше се. Освен лукот во секое јадење ама добро, благото и пивото се квалитетни. Немам нешто многу што да кажам, ама некако имам добро чувство за себе за јуни. Ќе се случи нешто големо, нешто битно. Предосечам. Вечер има полна месечина удрете од прозор по една медитација. Со дм имаме договорено скајп дејт вечера, еве се мислам да претрчам и нешто благо да си земам зашто ништо освен манго сочно немам дома. А он ќе се избаци со 30 илјади домашни колачи, го знам! И ќе ми се собере уста,и себе се знам. Убав ден секој ден, бил петок или не.
Денес е #worldenvironmentday со тема биодиверзитет! И затоа еве тука ќе оставам три линкчиња од статии со текст зошто биодиверзитетот е важен, два инстаграми и едно видео. За заинтересираните: Линк 1 I Линк 2 I Линк 3 Инстаграм 1 I Инстаграм 2 Видео: Една планета имаме, и треба да ја негуваме зошто ни дава многу. И да не истреби без нас подобро за неа ќе биди. Ама зошто да не научиме да живееме заедно? Ова баш поттикната од новото стаклено шишенце шо си земав и ете денес спомнав уз ручек на темава и заборавме со мајка ми колку било убо порано, период кој јас едвај го памтам, каде сокови, води, пива биле во стаклена амбалажа. Шише кое можиш да го вратиш да го наполнат или да го оставиш дома за наредна употреба. Minimum waste. Гледав едно видео, пластично шише со сок и стаклено шише со сок во продавница. Па дома дур ги пијат. Па пластичното се фрла и останва фрлено, стакленото се полни пак и пак е на полици во продавниците. Ако го најдам видеото, пошто го загинав, ќе се едитирам или ќе пишам нахнадно. Онака кратко и јасно, со многу видна и гласна поента. Знам дека ова не е со темата многу, ама онака ми лежеше на душа ради муабетот со мајка. Грижејќи се за планетата, непосредната околина и животните, уствари се грижиме и за себе.
Дојдовме на село, по 11 недели седење дома. Детево, препородено. Ние, сталожени. Сите овци ни се на број.
@theowndemon само да додадам на тема биодиверзитет, најтопло го препорачувам SEED: The Untold Story, еден од најквалитетните, и содржајно и естетски документарци.
Да сум тука... Да не мора никогаш да го стапнам асфалтот. Би била вистински среќна. Да има спокој. Врапчиња направиле гнездо на балкон, во кутијата на ролетната.
Си станав негде 11:30-12:00 Трк до кујна едвај расонета да си направам кафе. Си направив и знаев дека ептен ми е погодено овој пат. Штом станав толку касно си реков дека нема за мене асален доручек денес, затоа само си ја каснав ужината пред кафе што секој ден ја практикувам (две банани и некое јаткасто овошје). Фала богу се навикнав да внесам нешто во желудник пред кафето, а таман и кафенцето ќе ми се олади додека да изедам. Се зазборев нешто со мајка, се зазборев со другарките по социјални мрежи. Ве зачитав вас тука, посебно темана за корона. Слушнав колку нови случаи има денес и сакав ванземаљците да ме повлечат нагоре со она нивното светло како правосмукалка. Се потсмирив малку, се зазборев со мајка пак. Сфативме дека сме гладни, ајде макарони со некојсисос. У меѓувреме почнува да ме боли глава неподносливо, си викам „Де бе ова ќе да е од мозгање корона 5 саати“ Се предозирав со макарони, легнав да одморам. Гледам до мене шоља за кафе. „Шо бара оваа тука?“ Ѕиркам внатре, полна со кафето од прееска. Нечепнато. Не заслужи така да го забораам. Му требаше неколку саати да ме фукне главоболка што не го испив на време. И така, тек сега го пијам денешното кафе. Оладено за сите пари а толку вкусно што добив нагон на екс да го испијам.
Цигaнчицa Цецa пaк сo сељaчките прoслaви, a? Сегa кoгa ќе пoчне, еднo внуче, пa другo, пa третo, пa рoдендени нивни, рoдендени нa внучињaтa, свaдбa нa Анaстaсијa дa не зaбoрaвaм, пa и oд неa внуци... Дрш се инстaгрaм, имa дa грми.
нема ништо поприсутно од твоето отсуство тато. Ќе кажам врати се тато иако ќе звучам како луда,те молам врати се
Сакам да кажам дека многу сакав јака предна камера за да сфатам дека неќам веќе пошто уба камера е ко чисто огледало, кажва вистината ахаххахахахха. Перфектно ми ја фаќа празнината во очите. Онака извајв уба слика и сакам да ја клам ама не можам оти е ... Празна. Прај смисла?
Не знам како да се справам со сопствените емоции. Мислев дека можам подобро и дека сум посилна. Не било така. Се чувствувам како расплакано, наивно дете. Најлошо е што немам што да променам, нема што да се направи, ништо не зависи од мене во случајов...
Мила, пробај да го прифатиш тоа што не можеш да го смениш. Јас веќе 3ти месец како се борам со ова, ама учам да ги пуштам работите што не зависат од мене, а фрустрира знам.