И јас пред некоја година велев дека не ми треба љубовта од никој. Доволно ми е од мачето или кучето. Се надевам дека сите вие еден ден ќе најдете некој што ќе ви го покаже патот, ќе ви подаде рака и ќе ве поттикне да се сакате и цените повеќе себеси.
Како не видов порано, ја пробиле картичката на Трамп, сега ќе си инав резервирано којзнае колку патувања и неколку Епл производи
Светот е грд и има многу многу болни и заебани луѓе. Ако си гад, манипулативен, лажов, ситуиран - успеваш. Ако си емпат, простуваш, сожалуваш, забораваш - ќе го јадеш. Ќе го јадеш невидено.. Поготово во оваа наша земја.. "имам ја братучед таму".. Биди среќен ако најдеш луѓе што вредат, и од кога ќе ги испиташ - дај им ја сета љубов.. А за другите..
Доаѓа долго лето, топли летни вечери со волшебни мириси и романтика. Не е ли тоа доволна причина за човек да се радува?
Седам и си размислувам за моменталнава ситуација во државичкава, како се наполнивме со чемер, јад и отров периодов. Политичката коректност ќе си ја тргнам настрана, така што сите тие кои сметате дека е потребна во секоја човечка експресија ве молам да го прескокнете постов. Не дека ми дојде на изненадување, меѓутоа врие Тик Ток и Фејсбук денес од снимки/слики од луѓе кои лабаво си се шетаат низ Арачиново. Повторување на се досега што видовме, дури мислам дека луѓево толку многу се отупени од таа неправда што веќе збоктисано им е да зборуваат за тоа. Што е интересно ги знаат кои се, не мора да ги бараат, сосе име и презиме си објавуваат слики и видеа. Дури и смешно им е што можат да си прават што сакаат, а ние тука си дремеме како гуски во магла и си пукаме од мака. И ќе искочат сеа и ќе кажат дека се разочарани од нивните постапки. Ама убаво рекол Ајнштајн "insanity is doing the same thing over and over again and expecting different results". Од друга страна им лупнаа кривични пријави и казни на Охриѓани кои си ги издавале становите. Значи нема карантин за да се излезе во друг град, нема казни за некој кој шета надвор од својот дом во полициски час, ама има казна за некој кој издава стан на луѓе кои ќе седат измеѓу 4 ѕида. За свадби во Топанско, за брмчење мотори и коли во Арачиново нема. Попот Агатанел најверојатно ќе заработи кривична пријава за масивен повик за одење у црква за Духовден. Не дека не треба да заработи, don't get me wrong, апсолутно сметам дека масивни збирови во ек на пандемија се лудило, меѓутоа зошто за него кривична пријава, а за реисот кој исто така јавно повикуваше на масивно посетување на џамија, јавно се закануваше дека ќе ги натера луѓето да се однесуваат како во Бангладеш има само оставка? Зошто воопшто некој не го калеми за законски прекршок и нема никаква опасност од кривична пријава? Придонесе за настан кој не врати во вулкан од позитивни ковид пациенти. Едни луѓе се апсат, други никако. Не смее ни да се помисли на тоа. Епа тука, тука е клучот на моето прашање од погоре. Тука е одговорот зошто народов има зовриена крв, зошто го фати инает и зошто плука по се живо и диво. Некој да те прави толкаво магаре, да си игра со твоите чувства и емоции додека апсолутно привилигира други е директна причина зошто некои луѓе се однесуваат како што се однесуваат. И немојте сега некој да ме цитира ама и кај нас има неписмени што се однесуваат несовесно. Има, не велам не. Критикувани ми се 1000 пати. Ама тие што не се неписмени и што се максимално огорчено ги сфаќам од кај им иде тоа. И не може некој мене да ме убеди дека не е ради една багра од народ кој не турна во провалија. И што е најтрагично не е цел народ така, туку баш една багра, бели мечки заради кои сите во државава ќе трпиме последици кои се од енормен размер. Секоја одлука досега, секоја привилегираност е причинител за вакви резултати. За олку неквалитетни мерки, за олку непослушност, за олкав бунт и вжештени глави. Капитулација на младите си потпишаа со нивниве постапки, не знам колку се свесни за ова. И не е само оваа политичка гарнитура, туку сите уназад. 0 влог за стопирање на одлив на млади, способни за работа луѓе. Ме изгубија и мене, активно почнав да се интересирам за работа во странство. Во оваа држава нема веќе ништо за мене. Умре се што ме држеше за неа, освен солзите кои ќе ги носам за моите кога ќе си заминам нема ништо друго да понесам. И не сум само јас, тоа е најстрашно. Допрва ќе видите што оваа политика им направи на младите луѓе, срцето на секое општество. Зошто се однесуваат така како што се однесуваат. Капитулирав и јас, а ќе капитулира и дивиов запад. Нема назад после ова. Жално, ама тоа е.
Нај фејв ми е кога некој кој се инати да стави маска или било што во маркетот ќе му кажам да излезе надвор. Уживам
Бремена слоница јаде ананас полн со петарди наполнат од психопати. Луѓе на кои им црташ - не седнувајте во мочан кафич има вирус. Слоницата го јаде ананасот за да го прехрани слончето во стомак и нема свест за злобата околу неа. Кретениве седнуваат во кафич пошо нема вирус и кур ги боли дали на некого ќе разболат. Слоницата умира. Кретеништава добиваат медицинска нега. Не знам дали во целиов мој живот имам прочитано поголем ужас од ова. Стварно за момент, ми се згрозија луѓето
"I'd like to share a revelation that I've had during my time here. It came to me when I tried to classify your species and I realized that you're not actually mammals. Every mammal on this planet instinctively develops a natural equilibrium with the surrounding environment but you humans do not. You move to an area and you multiply and multiply until every natural resource is consumed and the only way you can survive is to spread to another area. There is another organism on this planet that follows the same pattern. Do you know what it is? A virus. Human beings are a disease, a cancer of this planet. You're a plague and we are the cure." - Agent Smith, The Matrix
Уживам во прошетки низ природава, толку антистрес терапевтски ми делува, чудо едно. И ме замисли претходниов коментар кој укажува дека човештвото сме канцер со неодговорните навики на оваа планета. Зошто толку изразено уништувачко дејство врз природата, врз планетата нашиот дом. Во природата, растенија насекаде, дај им малку водичка и нека имаат светлина и мир и сенка и чуда даваат, а ние удри мавај по нив, сечи ги, уништи ги. Зошто и до каде со се ова и најважно до кога со ваква неодговорност ќе не трпи и толерира оваа гостопримлива и питома природа?
Коа дојдов у Немачка, едвај чекав да најдам смештај кај шо смееш милениче да имаш. Па ќе си соберев некое маче од улица... Лол. Тука нема маче да земеш ни од шелтер, дури у соседниот град ги има дури ТРИ, и тоа сто посто не им се апдејтирани страните. Ми теќиње коа прв пат видов мачка на улица, беше накај 3 сабајле, оти ја пуштил некој да се измоча. После тоа видов мачка уште три пати, од кои два пати беше истава. И наравно, сликав и пратив на сите шо ги знам дека сум вишла мачка. Сепак, останува дека ќе си го зеам мојот мачор, само никој не сака со кола да ми го донесе, па се распрашував имало шверцери као демек можеле да ми го донесат. А и овие Wizzair, коа можат секаква стока да возат шо јаде паштети и месни нарезоци, и го фрла ѓубрето и серките од бебето на земја и под седиште, не знам шо им смета животно у кафез. Не е дека не сакам да купам, али бев као зашто да купувам, кога можам да помогнам на некое. А и неам баш околу 1000 евра за Maine Coon. Ме мрзи сеа да се објаснувам шо е поентава на постов, али тука повеќе животни има по ресторани и дуќани на ремче, него ли по улица сами.
Ако некој е способен да стави игла во месо и да му даде на маче,истиот е способен да стави петарда во ананас. Животните се светост на планетава,човекот не.
Посакувам сега да излезам со точакот... Од кај мене да извозам до кај Жабарот, па по кеј сè до Влае и назад, па низ парк да си седнам покрај второто езерце со ладна вода и пакетче јаткасти, и да ме грее сонце и да одмарам очи гледајќи ги патчињата...