Според тебе луѓето се стоки шо конзумираат месен нарезок и паштети и би требало да се предмет на потсмев? Имаш слушнато за сиромаштија, за немање средства за основна егзистенција или слабо? Пошто изгледа дека од роџење си порасната со кавијари и суши. Мизерија еј, дно дна.
Не, според мене стоки се луѓе шо конзумираат паштети и месни нарезсци у авиони у летови шо траат саат ипол, а слободно можеле да јадат пред да се качат. А уште поголеми стоки ми се коа трошките од лебот, конзервата од Аргетата и тоа дршката од патлиџанот по под и по столови ќе ги остават истурени, КО СТОКА. И те молам, немој Американка да се праиш и за секој ситница да скокаш и да се праиш social justice warrior, нарочито не на мене, и да ми продаваш му#а за бубрези, и за која поим немаш за нејзината социјална егзистенција. Ајт.
Ми дадоа многу тестери за крем за сончање за лице и сега се туфкам дали ќе стигнам да ги испробам сите пред одење и да си го купам најсоодветниот. Што убави се овие мали проблеми. Рокови, неодговорни колеги, неодговорен народ и исчекување за патување ќе игнорираме, недела е. Се токмам на гоооолема салата за ручек, со манго свежо, ротквици и други чудесија. Имам филмз а догледување, таман за уз ручер. Имам и работа, ама тоа може и до утре да почека. Некој денес се шљапка во море, некој чека дали ќе заврне. Ко во Македонија, ама на светски рамки.
Тотално си го пореметив ритамот ден- ноќ. Заспав во 7 сабајлево, се будам во 12:30 и веќе сум на дупло "дупло" кафе. Маж и ќерка се дружат во меѓувреме, и се лутат. Имам одлуки за носење, а се понашам ко ... Од ретките сум што корона стопот во животот им прија, колку гадно и да звучи. Сега кога треба да се помрднам од ушушканост, ми пречи динамиката.
" I am a proud Serbian Citizen " " I am freaking proud as hell "- " I don't care what you think ( for the haters) cause im Serbian" - колку е среќен човекот што добил српски пасош и државјанство Во цело видео искажува колку е горд што конечно станал србин. Посакувам сите да бевме среќни и горди на нашите пасоши и државјанства. Еххх Let's get back to reality
Сфатив во последно колку е битно да си искрен со луѓето, особено со оние што ти значат. Дека ако некој те цени и почитува никогаш нема да ти замери за твојата искреност, за нешто што ти лежи а сакаш да го кажиш. И да е нешто со кое не се согласува, взаемната почит останува. Толку се плашев да не направам нешто погрешно, иако намерите ми беа најдобри и најчисти на свет. Едноставно сакав да се искажам. Животот е еден и единствен, така да секогаш е правото време за ако сакаш нешто да кажиш/направиш. Утре можи да е крај на светот, или крај на нашиот свет. Жално е такви зборови да останат никогаш неизговорени. Среќа моја што налетав на паметен, разбирлив и човек вреден за почит. Специфичен човек каков што никогаш не сум сретнала на планетава на друго место. И многу мило ми е што ја имам таа привилегија да сме пријатели.
Текстот надолу е пропаганден материјал кој сака да пробуди желба за најмала промена кај секој човек за добро на планетата и иднината. Шо е поважно, наши каприци или животните, жива душа? Шо е поважно, сега се да ни е погодено и да не остајме дом да децата и идните генерации или да си ускратиме малку и да продолжиме да постоиме? Шо е поважно, ние или нашето потомство? Шо е поважно, еден вид на планетата, или сите видови на неа? Шо е поважно, се да ни е пластифицирано и да менваме постојано или да се вратиме кон предмети за повеќе употреби? Себично е да имаш дете на планетата која умира и ти не се обидваш со прст да мрдниш за да смениш нешто ете не за другите луѓе туку за тоа твое дете. Себично е да чуваш куче и маче и да тврдиш дека сакаш животни дур купваш месо не од локални касапници кај шо има хуман третман туку од фабрики кај шо понехумано и не можи да биди. Себично е да велиш дека си најважно суштество и да ги уништуваш другите. Себично е да фрлаш ѓубре во природа само зошто ти се можи. Не ви смета валкано? На животните му смета. Ама не се луѓе тие, I get it. Непромислено е да си го растураш домот и да не очекуваш нешто лошо од то. Непромислено е да мислиме дека изумирање на други животни нема да има ефект врз нас. Непромислено е да мислиме дека после нас то шо оставаме не е важно зошто ние сме го живееле животот и толку од нас. Непромислено е да мислиме дека ќе преживееме без белите дробови. Непромислено е да не верваме во климатски промени само зошто не се сегде исти. Непромислено е да не интересира се ОСВЕН домот во кој живееме. Ако преживејме, во иднина, дистописка иднина, ќе бидиме последните генерации на луѓе кои си правеа луксуз на сметка на планетата и тие идните генерации ќе велат: "Добро, зошто не послушаа шо им се вели? Сите трпиме заради нив." Ама шојма врска, не? Нема да не има тогаш. Само животни умираат. Само шуми горат. Само ѓубре има на секој ќош. Само планетата се топли. Само растенијата им е тешко да успеат во екстремни промени во температурата. Ние океј сме. Засега. Како поединец не можиме да напрајме голема промена АМА секој поединец ако напрај промена ... Многу барам? Знам. Не сме сами на планетава. Не сме избраниот вид. Не сме заштитени од било кој. Не сме специјални. Ама... Сме најголеми штетници шо во свое постоење потоп направија. Сме арогантни. Сме себични. Сме алчни. И за се ова природата ќе ни наплати. Скапо. И со право. https://www.independent.co.uk/envir...iversity-crisis-standford-study-a9544856.html https://www.nrdc.org/experts/nrdc/t...rce=fb&utm_medium=post&utm_campaign=Monuments https://www.usatoday.com/story/news...askan-hunters-kill-bear-cubs-dens/5276756002/ https://www.opindia.com/2020/06/him...-injured-after-it-is-fed-with-explosives/amp/ https://www.livekindly.co/how-to-help-protect-bees-your-garden/ Ова ни е сегашноста: Ние сме тие шо го земавме домот на животните и сега тие криви се зошто домот им го земаме. Планетата ќе преживеј, прашање е по ова дали ние ќе преживејме.
Му спремив песни за во кола. Пссст. Утре ќе го изненадам. Хахха еднаш му велам пушти камера, а беше на работа (лабаво е за муабет, може кога било ) Кутриот, одма за две секунди. Кога пушти имаше што да види. I was naked.
Ниво на култура на просечен македонец: Прашува некој нешто сериозно на некоја тема најчесто здравјњ, се јавува човек со посериозни знаења или уште подобро - го работи тоа. Му се закачуваат уште 10 други со прашања за своите проблеми. Или "покултурните" прашуваат дали може да пишат прашање у инбокс. Све, само на доктор да не се оди.
Си ковам планови за летување. Придушено светло од сијаличките на нашиот шатор, лисјата од гранките треперат, мили луѓе што ми предизвикуваат насмевка, омилената музика во позадина, јас веќе поднапиена од џин тоникот. Ми мириса на лето, вдишувам и издишувам безгрижен морски воздух. И така... вие кај сте со мислите?