Мојата најдобра другарка лани ова време успеа да си го пренесе нејзиното кученце во германија баш, мислам со комбе беше намерно дека во авоон не даваат. Пробај со комбе или да ја распрашам ако си заинтересирана. Она е таму близина на тебе. Од кога почна работата да ескалира по аердроми, та и патлиџан збориш? What? За 3 часа вожња да прљам валкам и мирисам се околу мене како хисар туризам и албанското население ( море и наше) фали уште кондурите да ги соблечат и браво ќе идеме накај европа вака, сите ќе ни подзавидат и нема више во виѕ да се качат. Ме зачуди искрено. Јас кога патував стално едно 3 години до пред 2 год немаше простор ни за вода да понесеш кроасан камо за патлиџани Дно!!! Може некој ќе ме суди, ама никогаш се немам распослано во авион нити во автобус со лебови паштето пиперки и слично. Се издржува. Башка мириса па и застојано ѓубре. Значи 3 год патував со авион нон стоп флаша вода немам понесено дека не дозволуваа, ниту бисквит ништо купував таму е сега сменети ли се политиките?! Не понекогаш, јас би многу почесто, уживам во самотија сама со себе Крадев мигови, бесценити, уживав и гледав само, ништо друго не ми требаше, отпосле бев како да сум испила куп витамини и антиоксиданси против организмот.
Од Германија за навака нема вакви инциденти пуно, едино ако не им се погодат Албанци да работат на аеродром, али од Македонија за Германија со ќеси ги пуштаат горе у авион со лебови, паштети, води, сокови, крастајци, патлиџани. Иначе, да и кондурите ги соблекуваат. Децата им трчаат насред турбуленции, палат цигари у вц НЕ ЗНАМ КАКО, користат интернет на Вибер зборат. Племе.
Чудно!! Јас патував скопје лутон, немаше ништо од ова, единствено даваа тогаш млекце за дете ад, за бебе де. И за него нешто на пример бисквит и толку. За нас си зимавме од авион. И тоа за ад ме преверуваа дали е вода дали е ад дека прашок. Ништо ништо не носевме водава што ја пиевме по пат ја фрлавме пред да влеземе и сега вака зачудена останав, ама ептен. Не знам чему потреба од паштета и патлиџан за саат ипол пат ама ај... Македонска работа.
Ми се седи на плажа, да не правам ништо, само да гледам во морето и да го чувствувам тој мирис... Ме инспирира @vitamina, уживај
30 години имам плачам над сликава. Толку ми е тешко во душата што ми доаѓа да отидам таму и да му бутнам петарда на тој во уста. Сурово да се одмаздам. Бездушник, Бог да те казни.
Ме иритира муабетот што се прави во соседна соба. Туѓите прашања никогаш не ми биле понапорни. Аман од хормониве веќе. Животот се дели на пред и после менструација.
Сдк дека веќе форумов го осеќам ко дома. Поише овде со вас зборам него ли со моите.Плус некои 10-15 членки редовно ги читам по темите и се цитираме или си одговараме. Буквално се осеќам ко да сме семејство некогаш
Сакам да кажам дека почнав во сонот да се сонвам со маска, и моментот кога бев без маска испаничив кај ми е. #goals.
Ти имаш 30 години????? Нема шанси повеќе од 20 не давам! Инаку да дај боже да ги стигне казната на сите што им наштетуваат на животните! СМРТ!
Не ми е јасно од кога преводот мој треба да е бесплатен. Демек учев да преведувам за да им правам услуги на непознати? Одете впродавница и земете нешто без пари. Од дома ве учат да сте гојда??
Бекстејџ и „интервју“ (Вистина или Предизвик) со Дритон Вејсели, најверојатно реприза е. Прашања: Наброј жени од естрадата на кои се палиш. Колку време ти треба пред да ја легнеш некоја? Колку пати најмногу си имал секс во рок од 24 часа? И ова е само дел. Ако не одговори прави склекови, пие „чуден напиток“ или додека јаде шампита мора да зборува како Таљат. Сега едно прашање од мене, а верувам и од многу други: Здрави ли сте?
Вчера гледав документарец каде што објаснуваа дека од животните највисок степен на емпатија имаат макаки-резус мајмуните. Направиле експеримент со нив ако повлечат синџирче добиваат храна ама на еден од мајмуните му пуштаат електро шокови, а тие тоа го гледаат преку стакло. Имало пример на мајмунче кое гладувало со денови, за да не предизвикува страдање кај другото мајмунче кое би го гледало како пати преку прозор. А особено оние кои биле изложени на шоковите воопшто не го повлекле синџирчето. Може треба повеќе да се огледуваме на овие малечки, а така мудри жители на нашава планета. Не за џабе во некои делови во Индија се сметаат за свети животни.
Само јас ли ко ќе видам на сметка на пример 35800 денари, заокружувам на 35000 и си викам хопааа 800 денари вишок да си ги потрошам на глупости?! Да а?!
Не се! Како очекуваме да е океј емисија кога водителката е дете од 15години и прва средно. Океј со врски е да, ама барем да почекале да стане полнолетна. Телевизискиве куќи кај нас или вработуваат деца од 15години или некои што немаат допирна точка со новинарство. Кога би смениле критериум на вработување можеби би биле ок емисиите.
Што е најинтересното, интервју со Дритон имаше Миро, а далеку од средношколец е. Неважно дали водителите ги смислувале прашањата или некој друг- претрагикомично е, брука е. Барем да вложеле време во осмислување на интервју и да погледнеле како се прави интересна емисија, она да ме натераше некој да го прашувам на ТВ ќе ми беше срам да седнам пред камера искрено.
Кога ќе си ги прочитам ставовите кои ги пишувам овде, сфаќам дека сум ем идеалист, ем песимист. И после: Зошто си анксиозна?! Е зошто де!!
Секако дека Миро го водел интервјуто, мислам дека може да се стави во речник како дефиниција за сељак. Бекстејџ би била океј емисија ако ги шутнат водителиве.