На крај ќе испаднеш реалист=песимистички идеалист и поарно така отколку оптимистичен емотивец како мене, тоа тие е рамно на вечен надреалист Па после зошто ме мачи овертинкингот, е ај зошто
СДК, дојдов онлајн да се пофалам дека си купив скечерс. Се сеќавате на муабетот од пред некој ден кога реков за една работа максимално можам да издвојам 30 евра, ништо повеќе Епа еве ги, баш по таа цена..Ај честито Имам и друго да се пофалам, ама ептен лигавешки ќе звучи , затоа само со блиската фамилија и најблиските пријателки ќе споделам. И така, денов успешен и на приватен и на професионален план и ај доста зборев, да не ме фати малер. Пу пу пу
Некои се чудат кога ќе ме видат тажна или нервозна. Обично се навикнати јас да бидам таа што секогаш се држи херојски, секогаш со насмевка на лицето, со охрабрувачки зборови и за другите, и за себе. Навикнати се јас да бидам миротворецот, таа што по секоја цена избегнува конфликт, знаејќи дека има и друг начин да се реши се'. И навикнати се дека јас не плачам, барем не пред другите. Имам и друга страна, а тоа што поретко ја покажувам, не значи дека не постои.
Она кога културата ја мешаат со понижување. И кога бидувањето добар го мешаат со исплашен. Зошто бе дечки?! Едноставно...не.
Обожавам психологија и читање книги, ми светна сега идеја да си направам инстаграм профил за тие работи Одма се фаќам за работа
Ве молам да не просветлите нас немажените (шо фаќаме накај 30ка) што сакате да кажете со речениците : 'Ќе те видам тебе кога ќе се омажиш!' ' Поседи си кај мајка до 30,после мажи се, слугинка да бидиш цел век' Ова ми го велат по нз кој пат сестра ми и другарка ми. Што ќе видиме? Не е убаво?
Тоа не е тајна дека жената се третира како слугинка во голем дел од семејствата и работи многу повеќе од мажот. Чисти, пере, пегла, оди на работа, се грижи за децата. Секоја чест на оние партнери кој ги споделуваат обврските по дома и имаат взаемна почит и разбирање.
Затоа што тие самите си одбрале такви партнери што ги третираат како слугинки. Во глобала кај нас се чека се на жената, ама таа пак не прави ништо за да го промени тоа освен што кука потоа на пријателките. Така да бракот си е супер ако знаеш како да се поставиш и да ги распределиш обврските, а ако не смееш да му речеш нешто на сопругот или ако не му е гајле за тоа што ќе му го кажеш тогаш лош избор на сопруг е во прашање.
Не е. Тоа е колективен заговор против жените на глобално ниво. Нешто како чипирањето. Ама никој не смее да ти каже отворено, пошто е заговор нели
У токсична врска сум со форумов. Неам други социјални мрежи, па од досада тука читам, а и зависност некоја ми створи. Али чоече, не знам дали е до мене и мојата нетолеранција кон човечки битија или само 90% од членаријата на форумов е ебано токсична. Секој трет пост ми праи да почнам сајбер насилство. Буквално све е сведено на “оМг вУкОјебИнаВа јА мРазаМ ќЕ сЕ сеЛам” , препуцавања, ДПНЕ вс. СДС вс. идиоти што не немало да искочат на гласање и после пак ќе мрчат за власта за која не ни отишле да се изјаснат на избори или па глуматаат просветителки.
Еден од најдебилните и најгадни трендови кои ги имам видено на интернет е дефинитивно mukbang...а уште полошо е што е профитабилен....
Ете ти кажале, не е убаво. Што не е јасно? Да сакаше поопширно да прочиташ ќе отидеше во тема соодветна за тоа. Не во сдк.