Понекогаш очекуваме повеќе од другите бидејќи и ние толку многу би направиле за нив. Но не е баш најдобар овој пристап. Со време сфатив дека некако не е фер да очекуваш од другите да го прават за тебе во иста мера она што ти го правиш за нив. Секој е различен и секој покажува благодарност на различен начин. Не треба да правиш нешто за некој само за да добиеш нешто за возврат. Прави затоа што сакаш, прави од срце. Прави затоа што светот е поубаво место за живеење со таа личност. Не е ова трговија. Нема некој посебен заеднички интерес. Туку само начин несебично да покажиш колку ти значи некој. Да, знам дека не треба да е еднострано, но ако другата страна не го почитува твојот труд едноставно повлечи се и не прави ништо повеќе. Доволно е да ти кажат "благодарам" и да се насмевнат. Тоа значи дека ако јас му пратам песна на некого нагласувајќи дека ме потсетила на него, или цитат за убав ден, или нешто изработено специјално за него, не значи дека таа личност мора истото да го направи за мене, оти инаку не ме цени доволно. Доволно ми е да знам дека сум предизвикала насмевка на лицето, сум ѝ го разубавила денот и дека ме цени за тоа. Тоа ми ја исполнува душата доволно.
Кога мозокот ми работи 200 на сат, нормално дека нема да можам да заспијам. Уморна, си легнав порано, мислев шо убаво еднаш порано ќе заспијам. Ама со овај ум кај можи тоа
Оставив на твојата свест и зрелост, а сега чувствувам одговорност. Како да ти објаснам дека твојот "принц" на бел коњ нема да дојде и ти посвети љубов и внимание во вистинско време? Ти бараш да те држат како скапоцен дијамант на дланка, и третираат како балерина...Ама така не може. Дај порасни, созреј, сфати ја оваа загатка! Стани личност која ќе се потпре на себе во стресни ситуации, не личност која чека да биде спасена. Нема на тој начин да ја надокнадиш изгубената љубов од другиот кому исто толку не му е грижа, особено преку вакви постапки... Од срце ти посакувам да бидеш добро после оваа тешко преспиена ноќ, ама искрено не знам дали откако ќе излезеш ќе продолжиме како порано. Не сакам да ги извалкам рацете носејќи одговорност за нешто за што стварно не сум виновна... А за крај, ако ми е ова некаков feedback од универзумот за порамнување сметки, тогаш сфаќам дека ...има добра смисла за хумор, ама не и за правдина. Лута сум.
Каква ... Трева? Сакам да кажам дека вечерва во полу сон ја поминав и се думам сега после шетња на Пес дали да си прилегнам или кафе да си напрам. Цела вечер притушно, стави ќебе - жешко. Вади ќебе - мраз. Извај нога - камен ладно. Прибери нога - пекол. И вака се мачев до кај 6 саат. И таман заспав вистински сонвав две работи. Сум планинарела со Пес и ми избегал на планина и место да лежиме на трева јас го барав кај е и го немаше и фаќаше полициски и морав дома. Само шо стигнав дома дојде и се разбудив гушкајќи го. Мачката во дворот ги закопа сите мачиња во една од дупките на Пес и само едно ми даде, умреа другите. И после арно ми ѕвона аларм Пес да го шетам оти кузнај шо ќе беше следено. Поентата ми е, мразам вакви вечери.
Вчера го видов виножитото и ми текна дека кога бевме деца ни велеа ако поминеш под него ќе ти се оствари желбата која ќе ја замислиш. И како малечки сме трчале од улица по улица да го дофатиме, а колку трчаме мислејќи дека му се приближуваме толку е подалечно. Исто е така и во животот колку повеќе трчаме по нештата и мислиме дека само што не сме ги дофатиле тие ни бегаат. Зошто е тоа така?
Ми се оди во теретана ненормално! Сакам оваа нервоза што ја имам да ја истрошам веќе после толку месеци. Дај нека им дадат дозвола да ги отвараат, и кафичи и молови се друго отворија.
Момент на двоумење. Повторно таа борба, срце и разум. Однапред е одреден победникот, не знам зошто си се противам сама на себе, кога знам дека секогаш сум роб на чувствата.
Она кога некој е убеден дека го бива...без факти. Не можам... Ако некој рече за себе, не ме бива, не го можам тоа, и при тоа можеби реално се гледа - душебрижниците ќе го тешат со - абе како така со збориш, мора да веруваш у себе, како не те бива и бла бла бла веќе клише муабети за бодрење. Па како да ви кажам, ако си кажуваме искрено у фаца кога не не бива, може и ќе пораснеме, ќе се насградиме. Реално да збориме - некогаш стварно не ме/не бива. И тоа е тоа... не е фино да се чуе, ама така ќе се натераме да научиме да не бива. И ок е да не те бива... не те прави помалку вреден. Ќе научиш... ќе се смениш. Жртви на траумите на образовниот систем, ете тоа сме.
Сдк... Некогаш мислам дека темата ,,Коронавирус:С во Македонија” се ЗЛОУПОТРЕБУВА за некои работи кои се прашуваат по веќе 2000 илјадити пат, а може да се постават на чичко Гугл. Ова од секогаш ме нервирало, и во групниот од школо беше така. Еден ќе праша нешто (и таму и овде) и ќе му одговориш, али некој што не видел на време ќе праша после 2 саати пак истото пошто не му се чита нагоре.И после се редат муабети и битното се вади од контекст. Не знам дали е до мене али ја темата не ја доживувам како информатор за Корона. Читам и тука читам и на нет и на Фб. Или читам сегде или никаде. Дур ви врати некој, ќе најдете тоа што во треба на интернет, побогу 2020 е
Мизерија у раскош. У ждм една прашува за градинка од 4500 евра годишно, а друга за 3000 денари од државата... Е муко моја... каде живееме, колкави класни разлики има. Тажно е...шесттина нација помош ќе земе... И други кои прашуваат дали парите можат у салони да ги потрошат. До толку им требале. Имаше и такви за книги што прашуваа, ама ај книги е друга приказна.
СДК стварно многу многу мразам неизвесност и изненадувања. Сакам да знам на што сум, да имам план и работите да одат по планот. Ако не одат, секако ќе најдам начин да се прилагодам, ама последниве месеци само на нешто различно се прилагодувам. Се уморив, ми фали стабилност и мир.