По 13 работни саата, извалкана до лакти, со антени од цела коса, придвижена на некоја енергија која и сама не знам од каде е, оти јадењето не ми е баш на место, си седнав да ме враќа детето дома. Со една лимузина колку дневната моја дома. И оти мозокот ми е закочен, скроз на скроз, кога ме праша дали сакам да си пуштам музика, наместо да му речам ај донт уант ту, му реков ај донт уант ту фак. Кој не работел толку долго не знае како е мозкот да ти буквално застане, а тек па да зборуваш немајчин јазик. Брука, може да ме тужи за секшуал харасмент. Се прснав после од смеа. Како лудача. Којзнае дали пак ќе имам превоз до дома. Утешно, па се прсна и детето. Бруууууука на денот, а кој од пофин е со мене. Лани тоа швабите ниеден не се најде паметен да ме однесе до дома, годинава секоја им чест, се покажуваат Америте. На моменти немам со кого да си направам муабет, или сите се на работа или сите спијат, или се во фаза на трчање, и почнав кога сакам нешто да кажам да го кажам тука. Утре имам слободно попладне, конечно... Не дека сум толку уморна, после тушот сум како нова, ама колената и нозите ми вриииииштат. Чоп чоп, ајм оф ту бед. Аларм за помалце од седум саата..
на венчавка не канат а јас лугето во очи не можам да ги гледам а од антидепресививе сум гроги-болки во колената едвај станувам, едвај седнувам до кога вака
Се чувствувам многу убаво Во план ми е да направам пауза off-internet,мислам после постов ке следи реализација на планот. Камо сите тинејџери што сме да не бевме толку зависни од фејсбук,интернет,па да постојано да се видувавме.Пусти желби... Сега,додека сеуште не ми завршил распустов,ке пробам да се препуштам на мојата креативност,ке ги тестирам моите лимити и понатаму,и со затворени уши ке ги проаѓам коментарите од типот „Како ке издржиш без фејсбуук?“,„Ти не си нормалнаа“,а,знам дека ке ги има. Нејсе,поздрав до сите,се гледаме за некое време.
Го гледав The Conjuring и да ви кажам фино си поминав под ќебето. 95% од филмот го гледав како да имам некоја очна болест. Ододамна престанав да гледам хорори, и ова беше исто како некој што ододамна спортувал и сега директно отишол на bungee jumping
Се почесто сум изненадена од онаа опасна женска љубомора.Просто без никаква причина,ќе те стрелаат со поглед, дури и ако те погледне некој кој им е одбивен,а ти упорно го избегнуваш и го криеш погледот. Згора на се, се мажени, во долгогодишни бракови. Некои жени и девојки не флертуваат.Нивната привлечност е токму во скромоста,и кроткоста. Ама женски глави , иди па им кажи. После мажите љубоморни,вакви такви.... Таа љубомора,ако навреме не биде сопрена кој знае во што ќе прерасне.
Човек за да разбере некого, во каква животна ситуација се наоѓа другиот, треба да поминал низ истото, во спротивно никогаш нема да знае како му е на другиот ако не го поминал патот по кој другиот поминува...
Спојлер Искреноста не се исплати, ни сега ни за 100 години. Само лажење и глуматање му е мајката. И оваа рунда си ја изгубив со автогол. И никој нема да ми каже „фала за искреноста“. Не се секирајте не е ништо сериозно.
Јас и моите mini horor stories со инсекти преку лето... Пред некој ден прочитав една изрека, „Една од најголемите загатки на светот е фактот што жените се способни на своите нозе да стават жежок восок, да ги искорнат влакната од корен и сеуште да се плашат од пајаци.“ Е само во мојот случај, барем со пајаци си немам многу гајле, заменете ги со све остало што лета. Точно вака некако можам да се опишам во однос на инсектите. И така, си седам вчера онака во соба, во раните утрински, или доцни ноќни часови како сакате, со ширум отворен прозорец и пуштена столна ламба, џоа диско атмосфера. Онака типично летно и опуштено, у некој рилекс фазон. Пушка да пукнеше мислам немаше да обрнам многу внимание, али некое сомнително летечко суштество штом влегува, јас морам да го приметам. Влетува некој инсект, средно голема пеперутка беше или нешто слично. Арно ама, јас пустото му ја гледам сенката на ѕидот, у размер 5:1, знаете од столна ламба де, посебна прича. И со брзината на светлината рипам, излегувам и затварам собата, абе станот на рогови го дигнав додека да сфатам кај лежи зајакот. Конклужн: не седете навечер со ламби и такви слични глупости што на сенка ги прават предметите едно 3-4 пати поголеми. Особено ако живеете во зелена населба и во зграда со двор и со дрвја пред прозорец, и нормално редовно ви влетува по некој инсект. Е така...
Кога си легнав за мојата ПРВА попладневна неделна дремка една мува успеа 50 пати да ми застане на нос, на око, на образ, и притоа да се задржи само 1 мислисекунда за после 5 минути да лета околу мојата глава и да ѕуе. Толку што ме изнервира,станав и ја чекав да слета некаде е тогаш... мили мои ја удрив 50 милиони пати со мувотепалката... Она на мене ќе ми упропастува една единствена попладневна дремка по незнам колку време.
Утрово мислев дека денов ќе ми биде предосаден,ама интересен ден беше.Најсмешно од се денес ми беше глупирањето на кучето кога го видов утрово,бев на посета кај баба ми и дедо ми и кучево прво да ме пречека,скокаше околу мене како да не ме видело 100 години,душа мала. А дедо ми пак како ме изнасмеал,за да може да ги дофати јаболката кои се на повисоко,на стап ставил пресечено шише на половина и со тоа, "вратот" да речам,закачено на стапот и горе пресечно некако за да може да ги секне дршките од јаболкото и тоа внатре да си падне.Ми кажа каде се наоѓа тој "изум" ,негде низ двор беше и кога го зедов за да почнам јаболка да дофаќам се почувствував како некој спартанец со копјето в рака спремен за борба. Па кога почнаа да паѓаат јаболката од дрво,само чекав да ме звекне некое по глава,е тогаш би се чувствувала како Њутн. Се на се,денот беше интересен,иако бев рано станата.
Еве сум ја, одморена, како нова. Ми годеше селото и општо одморов. Обожавам да поминувам време со баба ми. Сега дури чудна ми е букава, се навикнав на тивко, мирно место каде што се слуша само цврцорењето на птиците. Сега ми недостига и зеленилото, цвеќинњата, се. Ама толку беше сега за сега. Сега полна енергија едвај го чекам оној одмор, вистинскиот, оваа година само со една личност, личност која можам да кажам дека е мојата половина која премногу ја сакам. Штедев цела година за одморов и знам дека ќе ми се исплати. Бидете ми поздравени девојки и имајте убава вечер
Светот можеби би бил подобар кога секој би имал храброст да изговори: „Имам чувства за тебе уште од одамна“. Добра ноќ.
СДК Дека се заљубив за прв пат во животот. Сфатив дека е прекрасно чуството некого да сакаш а истовремено и тој да те сака. Кога сум со него заборавам на сите други проблеми, со него за прв пат дознав што е среќа..единствено тој ме исполнува..го сакам најмногу на цел свет..
Уште еднаш ги кревам рацете од една другарка. 8 годишно (и 4 годишно) пријателство е фрлено во вода и заменето со 1 годишна врска. Ова заслужува аплауз Толку денес се цени пријателството (се поклонувам). Имам потрошено толку совети на неа, не само јас туку сите. Толку и' отваравме очи и ја кажувавме вистината дека тој нејзин „другар“ само и' ги мачка очите. Ми рече да бидам искрена со неа, бев. И што се случи? Се испокаравме затоа што ја здоболе вистината. И не дотрпе, не ме ислуша докрај. Ма не, кој не слуша нас шо го*на јадеме, женската си го фура својот филм, го прави дечко и' кој попат ја третира како принцеза љубоморен со овој „другарот“. И успеа и прекрасна едногодишна врска да си уништи со помош на „другарот“. Во нивната врска има повеќе драми и од индиските серии, онака со пет пати драматичен зум и уште подраматично та та та тааам. И секогаш нивното раскинување е сериозно како никогаш до сега. Од сожалување дечкото и' прости. (Сите знаевме дека ќе се простат, преногу се сакаат) И сега типката сватила (алелуја. се крстам) дека „другарот“, всушност е преварант. АМА тоа го сватила, со помош на дечко и'. Утре ќе му се извини и заблагодари. Ма кој не е*е нас другарките што кога 50 пати се скараа бевме покрај неа и покрај тоа што со нас е само кога е очајна, тие што ја сакавме и кога беше популарна, што и ги отваравме очите и ушите цело време, што минавме со неа низ се, што и' помогнавме се да надмине, што толку жртви имаме дадено за неа. Ние не сме важни. Немам коментар. Моментот кога сваќаш дека личноста со која си делел се, си се смеел, си растел го поминува целото излегување со тебе САМО кога ќе се скара со дечкото (секогаш со нејзина вина). Спојлер Мене ми останува, да им посакам да бидат среќни, повеќе да се не караат, на него „Секоја ти чест што ја третираш како принцеза, секогаш сум на твоја страна. Браво за трпението, барем знам дека другарка ми е во добри раце“ На неа - „Престани да ги замараш луѓето околу тебе со твојата врска. Господ нека ти е на помош со тој памет. Цени го тоа што го имаш. Се надевам ќе има карма и еден ден ќе сватиш дека покрај дечкото и другарките биле нешто најдобро што ти се случило. Јас веќе не те чувствувам на блиска, не можам да ти се доверам. Ама се надевам ќе бидеш среќна“. Сега и секоја вечер да биде со другарките, нема да надомести. А не ми ни треба, искрено. Кажав изгубив почит, блискост и доверба.
Сакам да кажам дека ова е прекрасен ден, ми се наредија коцките што одамна ги чекав. Дeчко ми спиеше синоќа кај мене и колку и да ме фаќа с`клет и да спијам немирно, сепак ми беше убаво со него до мене, е него не сум баш сигурна, којзнае колку клоци си добил. Ахх, ќе си има маки тој со мене. СДК дека повеќето работи се минливи во животот и не треба да живееме во страв ни за добрите ни за лошите. Ние луѓето сме тешки. Ако сме среќни и исполнети стравуваме да не го изгубиме она што не прави среќни или да не се промени нешто, а ако сме несреќни паѓаме во депресија очекувајќи нештата да се сменат а тие не се менуваат. Но вистината е дека поголем дел од тие нешта што влијаат на нашето расположение се во наши раце и нештата секако дека се менуваат, а дали во позитивна или негативна смисла зависи токму од НАС. Треба да се има трпение во животот инаку кај ни е крајот, она што не ни се допаѓа во нашиот живот имаме моќ да го промениме, а она што ни се допаѓа можеме на некој начин да влијаеме да не се промени, ако не, ни останува да гледаме позитивно на работите. Животот е тркало но баш најубавите моменти најбрзо ни поминуваат. Уживај ги. Многу филозофски мисли за сабајлечки, но рано сум станата затоа. Имајте убав ден.
Сите во мене гледаат девојка за пример, вредна, трудољубива, гордост на фамилијата. Девојка која полека, но сигурно си ја подредува иднината. Жалам, ама јас сум пропадната личност. За мене нема надеж, во мене нема живот. Го молам само едниот Бог да ми прости барем дел од гревовите и да се смилува над мене на оној свет, за овој веќе немам надеж.