Дримке, за мене тоа не важи, јас сум малер и ги гледам тие што не сакам, а не ги гледам тие што сакам.
Јас пак не знам што сум Мене ме гледаат тие што не сакам, па муабетот оди те видовме таму и таму, а не ме гледаат тие што сакам да ме видат или можеби и тие ме виделе, ама мудро си молчат
Убава е слободата, мирисот на липите, љубовта... Не можам да опишам со какви емоции сум исполнета во јунските вечери. Сакам и сакана сум. Животот е убав.
Во мене има некое чуство како да ми врне силен дожд во душава , како да има олуја внатре ...размислувам за пропуштените шанси низ животов ...си се помирувам со судбината , се помирувам дека нема веќе назад , и дека пропуштените шанси веќе се пропуштени и за тоа самата сум си крива ...сега веќе нема шанси , нема никаков избор...нема на изглед за подобро време , само дожд во душава .
Како луѓе се “заљубуваат” и канат некој на дејт единствено судејќи по изгледот нивен? Не им е страв да не не можат муабет да свртат? Исто, зашо е толку празен градов ко за петок увече? Ако е ради пандемијата тогаш сум позитивно изненадена. Од март немам излезено навечер и не е како што очекував дека ќе биде ноќното искачање. И, до мене ли е или стварно сите бевме посреќни пред едно 8 години?
На тераса денес и првите комарци, добро, не првите ама сепак, мириса на лето, мириса на онаа неподнослива жештина, мириса на убавини, на одмори, на летни радосници, она кога одиш на гледаш блиски, излегуваш се дружиш, пиеш и неконтролирано се смееш или пак на некој одмор забеган далеку од сите, се шлапаш и сончаш како никогаш до сега. Иако навидум сеуште носам долги пижами, времето и тоа е исто променливо како и вирусот. Комбинацијата за 2020 не можеше да биде поужасна. Бев на плажа, и не беше она што беше другите години, навидум ечеа некои летни хитови со диџеј но, беше празно и онака меланхолично пропатено со страв. Јас би и сама со себе онака на тераса да почуствувам убавина. Конечно се стемни, што нема са е случај за волку рано. Се е некако изреметено па и луѓето се такви. Имам мир во душа дека се ќе се среди и дека барем август ќе дишиме лето како што заслужуваме. Се надевам. Толку лоши стории испиша годината. Живот Ми се чини дека никогаш нема да се уморам од шетање, од зеленила, од сонце и природа. Од добра храна со добар пријалак на некоја обала, онака исончана. Живот, врати се!
Убаво е да живееш на 200м од море, лесно е да појдеш на плажа ама оди врати се на тоа сонце да те видам Сабајле сонцево ме примами, го разбудив брат ми и заминавме на плажа, арно ама, со оглед дека е работен ден мислев дека ке нема луѓе на плажа и дека само така ке си поседиме, па не облеков купаќи, си облеков кратки пантолони и мајца и си тргнавме, на плажа вриеше од народ ај брат ми лесна работа соблече тоа мајцата и у шорцеви си беше па му текна да влезе у вода по гаќи само не можев да му забранам Јас си соблеков мајца и по прслуче си седев ми е гајле и така не ми се познаваше дека ми е прслуче па се печев на сонце добри 2ипол часа Сега жар црвена сум ама ако убаво ми е
Дно не постои. Таман ќе помислам Република Северна го допре дното, демант добивам ден за ден. Кај имаме чест да живееме, ваква спрдња од државиче немам видено. Лошотијата и неписменоста на пиедестал. Најјаки сте, никој ништо не ви може срциња. Јачи сте од судбине. Бљак 1000 пати. Бљак. Да си ја добиете казната. Не е битно каде и како. Животот нека е праведен барем. Во правна држава не верувам веќе.
Сабота е за омлет со пиперки и сланина. За џез фм. Сите тројца во кревет. Таа нѐ милува по образи. Во кујна е светло. Има заборавена чинија со вишни. Во воздухот трепери она носталгично чувство на минливост. Летото само што почна да се буди. Денес ѝ е роденден на сестра ми. Мојот рационален отспротивник. Дајка. Мојата вечна другарка. Жена која ја држеше ќерка ми да не плаче од грчеви во мешето и ми го исчисти тоалетот двесте пати кога бев тазе породена. Ми се плаче кога ќе си помислам низ што сѐ поминавме низ животот, убавини, помали и поголеми маки, среќа и стравови. Пораснавме, двете со свои патеки, но секогаш со време една за друга. Какао и семки и гледање Girls. Концерти на омилени бендови. Менување облека. Парфеми и пренатрупан шкаф од облека. Клаустрофобија од тесно. Таа секогаш свртена кон внатре, јас кон надвор. Таа ветер, јас оган. Јас дебелката, таа манекенката. Ѝ ја посакувам сета среќа на светот, зен во срцето и освојување лични пространства. Даде е мојот каубој. Те сакам.
Му обезбедуваш најдобро образование на детето у Европа и пак искача шупак, мисли дека е најголемо достинување да се омажи за 20 години постар чичко у Америка. Епа животе имаш ли душу?! Па така често си се шлапам по чело кога ги слушам сите родители со аргумент "не чини државава, сакам на детето да му обезбедам добро образование". Ах уел... може оно не сака...
Бидејќи уште од 8 години им ставате вештачки нокти на вашите деца затоа ви се лигави. Затоа после ќе си пуцате у колено ко ќе не сакаат да идат више у Грчка бидејќи цел живот они иделе по 2 месеци со вас.
Точно ама преку пичнава жила од несеризни луѓенца, кај виновни па и жртви изиграваат а јас уште поголема будала, се извинувам што сакам да се заштитам. Ај, правам кафе и вафли, намини.
Љубави, јади си колку си јаде, стомачето мора да се негува хахахаха. Ај ондак зелка салата со морков и цвекло м? Здрав живот.
сдк.. му ја спраштив во Охрид Ми треба одмор од одморот Сакам да поуживам малце Охрид ми е најубав во лето кога нема туристи.Можеш на раат да шеташ.