Едвај го чекам понеделник. Конечно ќе се обидам да остварам нешто што го одложувам веќе подолго време. Сега знам дека дојде време и дека ќе успеам. Го чувствувам тоа. Време е
Сега бришев некои пријатели од фб. Т.е "пријатели". Одамна требаше да го средам тоа, ама сега му дојде редот. Да те мавта некој со месеци, па по 3дена да ти врати на порака, нема потреба ич.
Сабота вечер, викендче без карантин и полициски час. Конечно, распуст и слобода за младите. На инста фрчат слики од алкохол, групни слики и селфиња, журки по дома, на Водно, младите среќни и весели, Корона е умрена, распустот е тука, ајмо нек се пиеее. Не вака бе другари, не се договоривме вака... Свака част како ви се журка на 200 заболени на ден, дајте ми од апчињата за среќа и не замарање со ништо...
Сакам да кажам дека вчера избришав папка со филмој зошто поќе од година седат, едноставно не гледам филмој иако сакав да ги гледам. Денес од 12 има дефект и немам интернет сеуште. Останав само со еден филм и пола сезона серија и ко за инает серијата ми се бендиса, а точно на пола, на интересното ми падна нетот и не се дослезе. Заборајв дека папката со филмој си ја викав "за зол час" и ден пред "зол час" ја избришав. На мајка паметната.
Ви имам кажано колку неќам анатомија? Не? Епа јесте. Толку предмет што ми нема смисла нe постои. Учење на памет и само на памет.
Интересно ми беше у средно кога си беа коски само. На факс ми стана книга врз која си плачам. Со лесно нека ти е и на тебе учењето анатомија, I feel you.
За мене збориш сешто, како сум била ваква, сум немала леб да јадам, сум купувала ајфон бла бла а успат ниту едно мое стори не пропушташ.
Дали јас премногу размислувам и создавам проблеми што не ни постојат или едноставно имам силна интуиција што не ме лажи кога мислам дека нешто не е во ред? I can't go on like this anymore..
@Amellie13 Ако може да реплицирам, пошто приметив често се измачуваш со ова и навистина ми е жал. Кога те читам, исто ко јас да се читам пред 5-6 години. Мозокот работи 200 на саат, некогаш си се изгорела на нешто, па сега секаде на тоа пазиш. Јас мислам интуицијата најчесто не нè лаже. Но, ако нешто на некому му смета треба да каже. Не си и не треба да бидеш читач на мисли. Не си ја земај таа одговорност за себе. Не се менувај бидејќи сметаш дека другите тоа го сакаат. Ако се менуваш, менувај се исклучиво за себе. Се е во ред, само дружи се и уживај.
Колку треба да си ментален бе за мое стори со кафе да кажуваш дека не е мое дека е украдено дека е кај тебе дека не е кај мене? Колку треба да ти е досадно уште да се објаснуваш кај е точно сликано бе? Или не ви се верува бе дека уживам? Навикнати сте само да сум на дното? Ти се н*ам во братучедката гадна. Те видам да ставиш стори ти ја ќе ги речам не е ова кај(и населбата од бившиот ти твој) грда една!