Последните 3 месеци беа најпредизвикувачко мачни, бескорисни и во исто време причина да отворам повеќе очи и да си го проширам спектарот на нештата. Многу промени се направија дома, правејќи да уживам во просторот и да му посветувам повеќе внимание, како и контактот со домашните, времето кое го поминуваме заедно. Мислат дека летото што помина ме научи каков е животот, но јас мислам дека периодот после него беше поважен. И да, ме научи многу. Наредните 3 месеци ќе бидат уште поважни и решавачки за најважното прашање на мојата животна приказна. Чудно само колку сум смирена на целиот страв и несигурност кои ги чуствувам. Или ќе биде, или нема да биде, или нешто ќе биде.
Ти благодарам. Баш поради тоа е, дека некогаш јако сум се изгорела и сега пазам на сѐ и секој со кој се спријателувам. Ако одредено однесување ми изгледа сомнително, одма почнувам со overthinking (и во оваа ситуација се надевам дека само тоа е и дека ќе помини). Иако можеби не сум во право и сѐ ми е во главата, посакувам луѓето да беа поискрени за да нема бескорисни претпоставки. Вака само се вртам во круг, оти одредено време изгледа дека сѐ е океј, а после дека има нешто. Полесно ќе беше да не ми беше грижа за ништо.
Многу ми е криво што роднините сите ме заборавиле, како да не се познаваме. Не знам под која причина е таа омраза, само едно здраво да кажеш, од толку часа седење ништо да не прашаш ни како си. Како некој ќутук седев, никој со мене не се замараше, како да не бев таму. Друг пат не одам па ако сакаат уште толку нека ме замразат.
Ее тоа да видиш Те викаат само ти да одиш кај нив тие кај тебе од слава на слава и еднаш дојдоа едните на брзина и толку. Тие едните знаат да идат да шетаат по други роднини кај нас не знаат а ја кога идам накај нив по цел ден седам. Последново идење не им ни отидов нив ги прескокнав исто како они мене. Нити како си нити ништо кога ти е тешко нигде ги нема што ќе ми се кога ќе сум среќна. И само за кавги ги има. Погоре пишав кога те гледаат да уживаш не им се верува.
Не е лоша работа да се грижиш. Проблемот е некогаш што очекуваме луѓето еднакво да се грижат за нас. За жал, нема секогаш тоа да се случи и тоа е ок. Не може да влијаеме на луѓето како се чувствуваат. Затоа ако правиш нешто, прави го од срце и не очекувај ништо за возврат. Ако таков однос лошо ти влијае, дистанцирај се малку. Посвети си се на себе, дружи се, запознавај нови луѓе. Јас сум сигурна дека доколку некому нешто му смета, ќе се дистанцира. Штом не го направиле тоа, значи се е во ред.
Душичка Она мисли идам кај некој што можам да отидам секој ден на пола саат од кај мене дома мисли дека се. Зборам за први братучеди на далечина. Што кај нив одам еднаш у 4 месеци . Да се едитирам: Почнав и јас нив да ги прескокнувам ама како што тргнала работава сите ќе ги избришам и од животов и од соц мрежи.
И ние имаме слава на татко ми, оваа година не дојдоа, ниту пак му се јавија да му го честитаа именденот, и не кажаа ни зошто не дошле. Многу се навредив денеска, скоро 4 часа седевме и ништо не ме ни прашаа, само едно здраво кога отидов. Ни нивните деца не доаѓаа одамна кај нас, бидејќи живееме во иста куќа со баба ми, само што таа живее на долниот спрат, и само кај неа одат, кај нас немаат дојдено Бог знае од кога. Ама затоа ни јас не одам повеќе.
Без разлика што се гледате еднаш во 4 месеци , да седиш кај некои цел ден е стварно без осет . Среќа немам такви роднини што доаѓаат и си седат по цел ден ,сите роднини ми се со осет.
Седам и се чудам, што ве тера така?! Мачкање очи и останати спортови. Сега малце сфаќам колку е саатот. Ситни интереси, големи усти. Туѓи битки ... ах... нема везе.