Добро браво за твоите роднини. Немам сили да се расправам. Ако сакаш разбери ако сакаш прави се на три ипол. Да отварам тука лични теми приватни не мислам за да ти доловам што сакам да ти кажам. Имај си убава вечер. И ќе те замолам да не ме цитираш веќе да влагам со тебе у драми и да јадам банови ради тебе нечу хвала. Имај си убава вечер. Сите.
Темава е за цитирање и само си кажав мислење ,нема потреба да се нервираш одма . Има сдк без цитирање па имај го тоа на ум можеш таму да пишуваш кога не сакаш да те цитираат. Фмп
Набљудувањето на ноќното небо ми прави некаков мир во мене, барем на момент. Колку е бесконечен универзумот, и колку сме мали ние и нашите проблеми во него. Толку мали, а сепак дел од нешто толку прекрасно и големо. Постоиме. Ноќва небото е баш прекрасно. Ведро без ниеден облак, без месечина, дури и трагата од млечниот пат се гледа од мојот прозор. Убаво е што живеам во помало место каде нема многу светлосно загадување и имам ваква привилегија. Така дури се рефлектирав на моменталната ситуација во животот и проблемите, видов метеор. Така силно светеше и неколку секунди си паѓаше по небото што буквално останав подзината. Вакви работи не можат да не ме фасцинираат. Веднаш почнав да си велам во себе, што ако е ова знак од универзумот дека сѐ ќе биди океј? Дека се преоптеретувам за ништо? Дури дотаму појдов што и желба си замислив, нели дека "паѓа ѕвезда" и замислуваш желба... Не, се колнам дека не го губам разумот. Ама човек некако сака да се надева на подобро...
Понеделник. Седнувам со кафе и си правам списоче на што се треба да се заврши неделава. Една од најдобрите работи што ја научив во последно време е ова, brain dumping да ти се викала. Буквално истураш на лист се што треба да направиш и си организираш како. Раат си ти, раат се другите и оставаш простор за убави мисли во мозочето и убави вибрации. Ова и рутина на нега на кожа. Моментално медитација ми е мислам. Полека, на тенане, си планирам што да си шљапкам, по кој редослед. Со мало масажиче. СУм заслужила. Сите сме заслужиле. 2 минути, 5 минути, 10 минути секоја (скоро секоја вечер, без грижа на совест иш тоа) имаме сите. И убедена сум дека на секој ќе му прија да се гледа во огледало без шминка и да си каже, еј види, постојам, вредам и тоа се што можам да контролирам денес. Од cravings, една мачка за бацување на стомакот каде што е меко и топло и он, за играње со сексиљавата точка на местото на долниот дел од абдоменот од левата страна каде што има мала вдлабнатина пред да почне ногата. Може има и стручен назив за ова ама тоа е тоа.
Зборите како седење кај роднини по цели денови е невкусно, се согласувам доколку тие исти роднини не ви се блиски. Јас имам тетка која ми е втора мајка, кај нејзе кога сум малку ми е цел ден седење. Додуше, малку ми е животов да го поминам со нејзе. Секогаш сме полни со разговори, па дури ке ни текне да правиме нешто, или да прошетаме негде, битно по цели денови сме заедно Единствено за кај нејзе не се осеќам како без осет хаахах кај други ми е секогаш седењето саат-два пошто и така немам некојси муабет со другите.
Сдк.. дека дефинитивно не сум нормална. Веќе трет пат пропуштам или погрешно "запомнувам" датум од важен мејл. Резултат на тоа што "раскупусани" ми се работи кои не смеат да бидат. Чиста случајност што се дешава нешто што ме враќа на колосек со настаните.
Од 1 - 10 мене 12. Плачам и на реклами деновиве, плачам зошто и шишките ми се долги а не кратки. Он топик Забегав денес со другар ми, до степен да почнав да го дувам сладоледот.
Животов ми е само за во Задруга, ако не ништо друго барем пари ќе земам за глупостите што ми се дешаваат и ми се десиле. Магнет за проблеми сум, не по кровови што ќе се качувам ако треба и ќе рипам од кров.
Поубаво спијам без соц. мрежи. Утре сум ослободена од обврски и цел ден ќе го посветам на себе. Маникир педикир, сешто. Отидов да јадам и спијам, добра ноќ.