По природа сум метеопат, вакво тмурно време знае многу негативно да ми влијае. Ако има некој друг ваков, се надевам тоа што ќе го напишам дека ќе му помогне. Деновиве времево е многу променливо, си викам ех да беше топло сега. Ама па, да беше топло ќе кукав што е топло хахаха. Па затоа ако се прашувате што да правите деновиве, јас имам неколку идеи што се надевам ќе ви помогнат максимално да си го искористите временцево: -испешачете до Водно или на кеј (рано наутро) -ако имате двор, исчистете си ја масата и земете спремајте некој испит -турете си чаша вино и боете некоја боенка/сложувалка Hope it helps, имајте убав ден☺️
Многумина би сакале да палат и жарат кога сметаат дека е сторена неправда, но честопати не забележуваат дека и тие самите преку сопствениот погрешен начин на размислување и постапување се, макар несвесно, извршители на многу неправди во својата околина. Имајте мир во себе, и ќе имате мир и во околината.
Многу убаво се почуствувам во момент кога било каде и да одам пред мене ќе се појави баш љубезен човек, на било која порта и да тропнам, за обврски, на каса, на шалтер и слично, такуѓере и по телефон. Толку ми пламнува во душа на она , ништо, повелете и друг пат, проследено со некоја намсевка, или пак, молам, или благодарам не е проблем и сличните, проследено со насмевка, така како за добар ден, баш убаво чуство, онда и ако не сум расположена почнувам да се смешкам и истото да го вратам на особата со која имам коминукација. Мразам особи што кога влегуваш ти искривува некој поглед и гледа да те откачи или се поставува крајно изморено, ужасно и фактички те брка. Многу лошо се осеќам. Сдк, бидете љубезни, без разлика дали било кој ви срушил денот, можеби од другата страна има толку народ што со вашата насмрека и љубезност за добар ден се почуствува толку добро и така милосно...
Κога испρаќаш баρање за пρијателство или следиш на facebook, значи имаш чувство κон неκој. Κога имаш неκој во пρијатели, значи се погаѓате итн..
Неусогласени рокови, корона и образование... Изминатиов период го имав едно од најчудните искуства. Имено, со многу вложен труд имав можност и среќа да бидам примена на мастер студии на еден од светски реномираните универзитети. Тоа беше момент на потврда на сите години образование, оценки и просек, непроспиени ноќи поминати над книга. Она што се испречи се административните проблеми и многуте неусогласени рокови. За да се потврди запишувањето беа потребни многу документи. Пристапив надежно, очекувајќи дека ќе можам сите документи да ги обезбедам навремено. И тогаш почна т.н. „вртење во круг“, делумно заради ситуацијата со пандемијата, делумно заради неусогласеноста со роковите кај нас и во странство. После две стресни недели, сфатив дека практично е невозможно во определениот рок да ги обезбедам сите документи. Морав да донесам тешка одлука и да ја повлечам апликацијата. Буквално ситуација, повеќе среќа следната година. Мојата благодарност за поддршката ја упатувам кон моето семејство, пријателите и професорите. Јас нема да се откажам од моите соништа, независно од потешкотиите кои се испречуваат кон нивниот пат. Сакам да упатам апел за подобрување на образовниот систем, систем по примерот на земјите од Европската Унија, систем кој ќе биде дизајниран на потребите на учениците и студентите.
Кога е човек вљубен, кога сака и е сакан, нема место во него за негативност. Исполнете се со љубов, автоматски нема да имате место во вас за оваа негативност со која сме бомбардирани секојдневно. Решението е во самите нас
Ги грабнав чоколадните бонбони до мене и изгасив светло за да не гледам колку јадам. Жити диетата моја.
Едно позитивно нешто од коронава и седењево дома е тоа што си ја повратив кондицијата со вежбање и тоа ме прави пресреќна... Не ослабнав нешто многу бидејки сум таков тип што многу тешко слабее но си го сакам своето тело такво какво што е, со облини вежбам чисто ради себе бидејки се чувствувам подобро, ми помага во дигестијата, некако ми дава енергија да го проживеам денот максимално.... Се чувствувам предобро и сум пресреќна што успеав нешто добро да извлечам од целава оваа лоша ситуација
Туу, сите активно се обидуваат да влезат во врска, а јас со еднакви напори да си останам сингл. Непријатен статус било, кој ве излажал?
Цел ден икам денес и си велам ај да прогуглам шо може да биде и ми искача ова: Некои заболувања за кои продолжувањето на икање може да биде симптом вклучуваат: плеврит на дијафрагмата, пневмонија, уремија, алкохолизам, нарушувања на желудникот или хранопроводот и болести на цревата. Икањето може да биде поврзано со панкреатитис, бременост, иритација на мочниот меур, карцином на црниот дроб или хепатитис. Ок.
Кој на друг копа дупка - сам во неа паѓа. Лицемерие и мојата наивност. Ми стужи од слушање глупости. Како тука, така ј во реалноста. Во фалење едни со други, во местенки... По не знам кој пат истиот заклучок го донесувам - луѓето не созреваат и не растат, само стареат физички и толку. Ретки се возрасните со достоинство и интегритет кои стојат зад зборот кој го кажале или созреано знаат да прецртаат и да кажат со тука е. Најстрашни се тие кои се проектираат на други. Сите срања ќе ги направат, ама на друг вината и одговорноста, па уште и улави се прават дека ништо не рекле и не направиле.