Уште ли робовладетелство постои? Дури и да постои во поинаква форма не е ексклузивно само за една раса. Отвори на dollar street и ќе видиш (ако досега не знаеше) дека начинот на кој живеат луѓето зависи најмногу од фамилијарниот буџет што го имаат, не во која држава живеат и каква боја на кожа имаат. Ок, има држави од Господ заборавени и држави со висок стандард ама пак и таму постојат разлики и богатите живеат подобро од многу други што се во богати земји. Еден куп црнци, Азијци, Индијци, или што и да сакаш да покажеш на сликата, живеат многу подобро од тебе, од мене, вода може да им носиме, па чему вакви слики?
Она кога имаш забрана за коментирање во темата „На срце ми лежи" па сфаќаш дека и еден обичен форум не ти дозволува да се искажеш што ти лежи на срце. Јбг
Сакам да кажам дека вечерва сонвав дека се спремам за умирање и многу чудно се осеќав. 10/10 would dream again.
кој беше неписмениот што го смисли зборот “посекако” и сега секој втор го користи во контекст на “како и да е”?
@veteruska Со здравје да си го служиш саатот. Верувам дека е прекрасен, го има мој познаник. Туку зборот ми беше дека според мене не е во ред да се пребацува кој што троши и за што. Секој си ги печали финансиите и си ги троши на што сака. Ќе почнат да ми реплецираат и наметнуваат мислења сега ( смајливо не е за тебе).
Ич да не ти е гајле за тоа,тоа се вика свој леб јаде туѓо гајле бере,најбитно е да си правиш тоа тебе што те прави среќна,тоа е моето мото Башка ме банираа од темата корона вирусот во Мк и светот,знаеш зашто? Политички сум била неподобна
Си купив едно детско ранче, целата сум радости. Сакам да патувам... Онака во кола со музика, па бегам за миг од реалност разгледувајки пејсажи Убаво ми е кога треба да патувам над 1000 км иако тешко ама возбудливо Цел живот ова го правам Научена сум, толку ми е убаво само кога излегувам од секојдневната монотонија, шарам, шарам, уживам, можам да го видам изгрејсонцето со некое кафе на некој автогрил, Тоа го направивме последен пат И не не ми е ниту тешко со мало дете да патувам сака и оно Аман, нека заврши проклетијава.
Хелоо даркнесссс мај олд френд...ај кам ту ток ту ју аген ....пикас.....бла бла бла Не знам дали ќе се опоравиме од ситуацијава , но се надевам дека ке ги отворат границиве што побрзо да си се преселам конечно во Келн ...ќе научам германски до Ц2 и никогаш македонски нема да прозборам ... Утепана држава и малограџанштина!!
Внука ми, 2 годишно бебе: Не става прсти во уста додека е надвор и бара да и ставиш средство за дезинфекција за да ги трие рацете. 20 годишни "бебиња": Седнати во група без социјална дистанца и без маски. Се бакнуваат во образ сите меѓу себе. И после се ширел вирусот. Епа ќе се шири.
Половина од тие 20годишни мислат дека Ковид не постои, а другата половина мислат дека ако стават маска и користат гел за дезинфекција на рацете е срамота и ќе испадне дека му идат по гз на Венко. Да, за жал, ова се работи што сум ги слушала од мои врсници. Можеби ако сите ги почитуваа мерките ќе имавме по 10заболени сега, а не 200 и сите ќе уживавме, ама благодарение на тој начин на размислување на некои луѓе ќе остане само можеби..
Му кажувам на татко ми за врапците на балкон како тулумарат и прават хаос, а тој дефиниција за татко, поспан ми вика - кога ќе дојде тато ќе ги избрка. А тоа може да е до година. Тато е тато, колку и да си возрасен.
Сдк..сакам да прашам уствари...по што повод Оливер лафи вака? И кој јазик е уопште ова ? Во прилог микс за " обиџуко"