Мислам дека им честиташе ден на ромите, па ко демек научил ромски нешто и на ромски им честита. Трагедии.
Ух , фала ви...ми олесна а во мисла се стаив се мислев дали ромски или влашки е на пр. или на rewind го пуштиле. Акцентот "убија" Сдк- ако не знаеш нешто, прашај на Фемина
Ако може сите женети/мажени школски да одјебат со муабетот „Ајде веќе нели се земате?“, „Леле колку години сте заедно ајде по еден потпис, хе хе“. Колку одвратен муабет, мене би ми било незгодно да коментирам нешто што не ме засега мене. Како би било ако ги прашам „Ајде нешто факултет/курс нели запишуваш?“. Не би ме чудел муабетот од тетки, стрини ама од 20-22 годишни боже сачувај.
Во секоја втора тема го вртиме истиов муабет и пак мислам дека не се зборува доволно. Кога отидоа нашиве генерации (моментално што имаат 20-25год) во бестрага? Нели младината требаше да биде носителот на напредни идеи, двигателот на општеството и на промените во него? Нели ние растени со интернетот и сите информации на дланка, требаше да бидеме напредни генерации? Да бидеме свесни за моќта на образованието и информирањето, да бидеме жедни за знаење, себе-развој, зголемен степен на духовност и интелектуални мисли? Епа не драги мои, highlight на денот ни е да испиеме кафе и да ставиме стори со него и да се пофалиме дека се веривме/почнавме да живееме заедно/се омаживме/родивме дете, а притоа на истото тоа кафе да го исплукаме партнерот до максимум. И уште горди до тој степен што ни префрлуваат нас ,,незрелите” зошто уште не сме се омажиле... море мрш! И сдк јас си тргнав по мојот пат, во остварувањето на сонот, си ја заработив денес првата титула м-р по правни науки, со надеж за уште многу такви титули во иднина. И меѓу другото - за инат на тие што ме гледаат попреку кога викам дека не сакам да имам деца. Дај прво реализирајте се себе и пораснете малце, пред да донесете друго суштество на овој свет и да му го загорчите животот со тие плитки размислувања. Голем поздрав до вас од овој магистер!
@CharmedGirl честитки, ти посакувам уште многу успеси. Инаку и јас мислев како идат се понови генерации ќе се искорени тоа дека најголем успех во животот е да се омажиш и дете да родиш...ама ништо, се' уште така с(м)е програмирани.
Ти благодарам многу и ти посакувам многу вакви успеси и да ги имаш сите титули што ТИ си ги посакуваш за себе, а не тие што другите луѓе ти ги наметнуваат. За жал, малцинство сме со вакви размислувања и гледам дека се повеќе врсници не размислуваат на личен напредок, туку што побрзо да запловат во брачни води, а најчесто се мотивирани од многу погрешни причини (да се иселат од дома и да избегаат од нивните родители, да не мора да ги прашуваат зошто немаат асална работа, партнерот ако е поситуиран, да ги издржува и сл...). Ама морам да те пофалам на идејата да ги прашуваме зошто не студираат/работат, секој пат кога нас ќе не прашуваат зошто не се омажиме/родиме и со задоволство ќе почнам да го практикувам тоа.
Јас веќе ги имам 30 и искрено мн се замарав кога ќе ми речеа нешто. А, замисли до пред месец бев сингл. Муабети : " Ајде, фаќај дечко и мажи се. Време ти е, треба да родиш. Што стори, јас на 30 второто дете го имав" Имам другарка мажена на 22. Мажот и не ја пушта за минималец да работи и таа мене најде да ми се потсмева ' Градиш кариера?' " Летово, одмори, посвети се максимално на љубов, врската треба да се продлабочи " " Леле, кутрата и во лето ќе работите. Мажете се другарки, дома не ќе ве чуваат во шкаф. Нема шанси да ти врати таа, детето е многу приврзано, нема време за фб.( А таа става сториња) Немам секс со мажот, преизморен е од работа. " Има очигледно жени што се само на семејството посветени и забораваат на себе. Секоја чест, за оние другите. Хероини! Премногу напишав хахах. Муабетот : Најтешко е да се спознаеме самите себе. Првин треба да бидеме самостални, да зависиме само од себе, па потоа да влегуваме во брак,врска. Јас лично сум правела грешки кога најмногу сум се потпирала на партнерот, па сум извисила. Лошо е што многу мислат дека треба да живееме онака, во рамките на општеството. Таа идеја со прашањата ти е добра. Ќе пробувам да одам со контра. Најде работа? Планираш нешто со кариерата?
И јас да се приклучам на муабетот од погоре како некој што го притискаат да се мажи а имам само факинг 23. Мојата генерација од основно половината е во брак со деца, некои од многу порано. Од поранешното друштво две другарки помали од мене исто така. Едната ни средно не заврши. Минатиот месец објавив на стори на Инстаграм дека славиме 3 години врска со дм и едната од нив одма почна да ми паметува "ајдее ајде време ви е, доста беше одење, земајте се". What. The. Fuck. Истата таа кога ставаше слика од малото пред да направи 40 дена фацата му ја покриваше со стикери, оти скраја да е ќе го урочи некој. А после тоа секој ден по 5-6 пати најмалку објавува слики, центар на универзумот ѝ е детето и ништо друго не ја интересира. Океј е ако неа ѝ е убаво ама нека не паметува многу други како да прават. И немаше толку трагично да го сфатам сето ова ако беше од страна на тетки, стрини, баби... Ама млади луѓе бе, околу мојата возраст. Требаше да сме понапредни, да знаеме подобро. Со толку информации на дофат и шанси за образование, наместо да преовладува желба за надоградување, за развој на личноста, за да го направиме светов подобро место за живеење... сѐ уште ќе најдиш голем број млади со размислувања како бабите. Тие не знаеле подобро за нивното време, ама сега?? Како на сите да им се брза, небаре ова е now or never. @CharmedGirl секоја чест за титулата мастер. Тоа е достигнување за фалење. Ме инспирираш и ти да се пробам на мастер, желбата за личен развој никогаш не ми била поголема. Се надевам дека ќе имаш уште многу успеси што ти ги сакаш, и продолжи да се бунтуваш против општествените норми. Живејте бе луѓе малку, особено вие младите, никаде не бега стапувањето во брак. Оваа слобода никогаш не се враќа. Едит: Добра ви е идејава за секој пат кога ќе нѐ праша некој оти не се мажиме/не раѓаме, да го прашуваме оти не се образува и надоградува повеќе. I'll have that in mind.
Денес читам дека во мојата beloved гимназија за 285 слободни места се пријавиле дури 301 ученик со 5.00 просек. И вака си размислувам, дури и смешно ми е како за земја со ниски резултати од тестирања, факултети со слаби рангирања имаме волкав наплив на толку наводно одлични ученици, за малку да помислиш дека ни цвета образованието. Високите - и општо некакви - стандарди дефинитивно тонат и се губат.
На темата за заштита во ситуацијава... Вчера отидов на контрола кај стоматологот, чекав ред в ходник. Отспротива седнати жени со шамии, маска-научна фантастика. Децата испоседнати заедно, ни маски ни бутур. Помина докторка во скафандер, визир и маска, ги прашува каде им се маските.,,Еве тука се" ѝ вратија, веројатно мислејќи на марамите. Така културно им пререче дека не се носат маски и марами на врат спуштени. Дури и прекултурна беше, според мене. Слично нешто ми се случи на работа, и покрај тоа што објаснивме какви се протоколите и што мора да се направи за да влезат клиенти во објектот, коментарот беше:,,Ете ни измерија температура, што сакаат друго сега? " Ако носите шамии на глава или капи и шешири, апсолутно никаква заштита немате. Ама што знам јас, можеби преку косата вдишувате воздух, па тоа ако е покриено нема простор за паника. Уста и нос непокриени, кашла како да нема утре. На крај, ваквите безобзирни индивидуи навистина не заслужуваат сожалување кога сами се фрлаат во ризик.
Дома ми е цела градина од цвеќиња Ги обожавам и со љубов ги негувам како "дечиња" ми се колку се само благодарни ќе им ставиш само водичка и веднаш ти враќаат со ливчиња и цветчиња Ме радуваат кога гледам дека се трудам да им подарам "живот" а тие ми возвраќаат со убавина
Не сакам ова да се свати лошо, но едноставно ме чуди. Зошто мамичките на фориумов ставаат слики од нивните деца каде лицето им се гледа, а истите тие си го кријат лицето?
Морав да прашам: која им е таа работа побогу што дозволува распуст да си земеме преку лето? Па дури ни просветни работници, чии ученици се на летен распуст, сепак одат на школо и работат. Многу јаки муабети ти свртеле Се согласувам скроз дека прво себе треба да се спознаеме и како што кажав погоре - прво да созрееме па после да одлучиме дали ќе се мажиме и ќе раѓаме. И во право си дека прво треба самата да се оствариш, а да не се ослонуваш само на партнерот. Утре не дај боже истиве ќе се разведат па ќе биде ем без (саглам) работа, ем без никој да ги издржува. И после што правиме? Затоа ќе им кажуваме од сега кога работа/факс? Ех генерацијо моја, ме боли душата кога некој на наши 23год попрво ќе не праша кога мажачка, отколку да честита за лични успеси, ужас невиден Ти благодарам за честитките и убавите зборови и те поттикнувам да ја негуваш желната за личен развој и да запишеш постдипломските уште во септември. Те гушкам и пиши ми ако ти требаат информации/поддршка за понатамошните студии
На 15-20 новозаразени и минимален број на мртви бевме испозатворени по дома. Сега со 200 на ден и со ужасна бројка на мртви дневно се тера "нормален" живот. А кои се ненормалните? Ние што седиме дома и се пазиме или оние што се прават сателити секоја ноќ по кафичи, клупи и паркови? Ние повеќе го "јадеме". 5 месеци седиме дома а, доволно е еднаш да излезеш по потреба и да ти се потрефи некој несовесен вол во близина. И џабе ти било се. Ми иде главата да си ја откорнам и да ја рогнам на друга планета.
Сакам да кажам дека жалам што сум се родила на Балкан. Па што толку погрешив да се родам во ваков недоделкан народ? Да им нацртам ли за што служи маска и да одржуваат дистанца и да не идат никаде без потреба? Кафето ќе избегало или матурата еднаш во животот била